Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: Devil on 19.11.2009, Thursday, 21:11:43
-
Испробана шема работи 100%, лично од мене тестирана
исто така до негде мој дизајн ( не е цел ) :P :-\
можност за делење на ниски, високи и средни тонови
(http://i84.servimg.com/u/f84/12/64/31/28/th/eq310.jpg) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=56&u=12643128)
се напојува на +/- 9V симетрично напојување
отпорникот R1= 10k
-
А и тебе те тераше јани да дизајнираш еквијалзери а? Хахахаха
-
не бе за по пракса ми беше, ама не можев да најдам шема па гледав нешто комплетирав од повеќе во една се составив :D
-
Колку е R1 и напонот на напојување?
-
додадено во 1 пост, се извинувам за грешката :)
-
а може ли некако да се направи да биде стерео верзија и да се искорист со појацало TDA1562Q ама да има 3 наместо 6 потенциометари
-
може гоце може,излезот от еквилајзерот ке го поделиш со две жици и ке ги залемиш на плочката.
-
ама нели ова има 1 влез а за појачалото треба два влеза зс се две моно појоачала
-
а може ли некако да се направи да биде стерео верзија и да се искорист со појацало TDA1562Q ама да има 3 наместо 6 потенциометари
Ке направиш два склопа и ке искористиш стерео верзија на потенциометри. И место TL082 може да искористиш TL084 и да ја намалиш плочката а со тоа и цената на чинење на склопот плус ке имаш еден слкоп место два.
-
па направи две вакви :D
-
Супер е, едноставна, евтина, за домашна употреба повеќе од Bass, Middle и Treble не треба, ;).
-
Јас имам шема за професионален еквилајзер стерео со 60 (30 за лев и 30 за десен канал) канали за самоизработка ако сакате ќе ги закачам ама незнам кој ке се нафати да го прави.
-
епа може ли некој да ми покаже како би изгледала шемата со TL084
-
исто вака само погледни ја градбата на колото да знаеш кој пин што ќе е
колку што знам тоа е со четири операциони во внатрешноста таман за стерео :D
-
Еве ти го распоредот на пиновите директно од datasheet-от.
(http://img594.imageshack.us/img594/3174/tl084.jpg)
Можеш да изведеш една стерео верзија на еквилајзерот со само еден TL084 ;).
EDIT: Сега видов дека Devil веќе ти пишал, sorry ;).
-
Јас имам прашање во врска со операциските засилувачи и тоа:
Кој е подобар операциски TL072/074 или TL082/084?
До GOCE - сега ќе ја направам шемата за стерео изведба со TL084 па ќе ја закачам.
ЕДИТ:
Еве ја шемата за стерео:
(http://img99.imageshack.us/img99/4097/28507887.png) (http://img99.imageshack.us/my.php?image=28507887.png)
-
Toа во datasheet-овите можеш да го прочиташ, одзивот на правоаголен сигнал се смета како „репер“ по кој се оценуваат операциските (па и транзисторските) засилувачи, колку помали избличувања има сигналот на излез од перацискиот засилувач, толку подобро. Спектралната карактеристика на совршениот правоаголен сигнал е бесконечна, што значи дека тој ги содржи во себе сите фреквенции.
-
фала многу на сите
-
Ако сакаш да биде малку поквалитетен место 084 ќе ставиш 074 кој е изработен за понизок шум.
-
Испробана шема работи 100%, лично од мене тестирана
исто така до негде мој дизајн ( не е цел ) :P :-\
можност за делење на ниски, високи и средни тонови
(http://i84.servimg.com/u/f84/12/64/31/28/th/eq310.jpg) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=56&u=12643128)
се напојува на +/- 9V симетрично напојување
отпорникот R1= 10k
ЕЕ другар ... ја имам истата шема јас ... сликата е иста само од страна ги имаше пишано компонентите ... ја напраив и во PCB Wizard ама на оваа мојава имаше пишано дека сите пинови за напојување на интегралците се одделени и со електролитски кондензатори од 10uF и 1uF. Има нешто промени ако би ги тргнал тие ... ? :-[

Мислам дека кондензаторите се ставени за да се елиминира некоја повратна компонента од напојувањето и затоа би ти препорачал да не ги тргнуваш кондензаторите - нека ме исправи некој ако сум грешка.
-
Јас имам прашање во врска со операциските засилувачи и тоа:
Кој е подобар операциски TL072/074 или TL082/084?
До GOCE - сега ќе ја направам шемата за стерео изведба со TL084 па ќе ја закачам.
ЕДИТ:
Еве ја шемата за стерео:
(http://img99.imageshack.us/img99/4097/28507887.png) (http://img99.imageshack.us/my.php?image=28507887.png)
Е види сеа ... мене ме интересира ова ... дали може двата канала и лев и десен да ги врзам на еден потенциометар... басот од лев и десен на еден потенциометар ... средните тонови од лев и десен на еден потенциометар и ниските тонови од лев и десен на еден потенциометар ... Зошто јас го правам тоа поечалото стерео STK 4191V што е во Засилувачи рубриката од овој форум и незнам дали може обичната моно изведба да се стави на него или мора оваа стерео ???
-
па можеш да искористиш стерео потенциометар,тие што се со 6 изводи

Ајде види што ти пиши за потенциометрите P1,P2 и P3. Пишува Dual Pot. - значи стерео потенциометар со 6 изводи - и види ги ознаките P1A и P1B исто и за другите од каде A и B ти означуваат дека првите три пина (A) одат на едниот канал, а другите 3 пина (B) одат на другиот канал.
-
не ми е јасно како со стерео потенциометрриве мозе ли некој да ми објани малце шо каде иде
-
Исто е како да имаш два потенциометри поставени еден под друг. Кружниот подвижен дел им е заеднички, а инаку се останато им е оддлено: графитниот слој, лизгачот. Еве и слика за да видиш во што е разликата од единечните ;).
(http://shop.rabtron.co.za/catalog/images/DualPotCarbon.jpg)
(http://rocky.digikey.com/weblib/Precision%20Electronics/Web%20photos/KKU%20SERIES.jpg)
-
направена е шемава но незз како да го поврзам тоа симетрично напојуванје иначе интегралецот е тл074
-
А да го пробаш ова па да го напојуваш со обични 12 волти?
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=450.msg9734#msg9734 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=450.msg9734#msg9734)
-
епа ја направив таа со симетрицно како што му кажа само незз + или на + од симетрично - на - од симетрично а земјата на тоа виртуал граун така или грешам
-
така треба гоце.тоа виртуал граунд го поврзуваш на маса
-
значи 3 5 10 12 пин идат на тоа виртуал граунд и тие се минусот на влезот и излезот
-
да да така е.
-
и последно прашање дали тл 074 би работел на 14 V осносно преку шемата на борче за симетрично се добива +6,8 и -6,8
-
ке работи,кај мене работи на 6-0-6 волти,ам јас ставив 084 бидејќи немав 074.
-
ок фала влатче утре би требало да го го поврзам и да го пробам ако не искочи нешто
Споено мислење: 23.06.2010, Wednesday, 01:42:28
а заборавив да прашам дали може да се стави диода и да покажува кога ке биде вклучен уреднот
-
Може, стави ја диодата преку отпорник од 470 оми помеѓу плус и минус.
-
ок фала борче мн само да не заботавам да те прашам дали ке може да работи со трафо па со грец и кондезатори и на крај таа шемата што му ја даде на Dark за симетрично напојување
-
Да ќе може.
-
се двоумам бидеки немам симетрицно напојување со 084 ке мозе на 12 волти обицно напојување да работи ??? ??? ???
-
Има операциски засилувачи кои работат на обичен еднонасочен напон, не симетричен ;). Само што најверојатно ќе треба да ја преправаш монтажната шема ако веќе ти е направена ;).
LM6134, LMC6484, MCP604, LF412 (мада овој е малку поскап, ама затоа е висококвалитетен), TLV2464, TLC274, TLV2374...
-
ако мозес подетално објасни сто да преправам сепак појке знаес од мене иако сакас ти преправија со MCP604 ако мозес ако не ти е теско :-\ :-\ :-\ :-[ :-[
-
А каде е дадена монтажната шема, јас колку што видов нема монтажна шема за еквилајзеров...
Прво треба да се провери кои од овие операциски засилувачи ги има во малопродажба кај нас и која цена се. Второ, треба да се видат и некои други опции, има и поевтини операциски засилувачи од овие што ги набројав ;) (овие се релативно скапи, дела од нив се CMOS, другите се обични транзисторски но висококвалитетни). Некој друг што повеќе работел со операциски засилувачи нека предложи некои други операциски засилувачи што не бараат симетрично напојување и не се скапи ;).
Ако не можеш да направиш симетрично напојување, не е лошо да пробаш да изведеш „вештачко“ симетрично напојување според оваа шема ;).
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=450.0;attach=551)
-
па јас сакав ова да го правам ама од 100мА нема да изваде повеке мислам е сега дали еквилајзерот ке работи на приблизно 100мА незнам :'( :'( :-\
-
а да се стави конмдензатор на влез и да се одбегни дц компонентата за да може да работи на обично напојување / несиметрично ?
или не може така ?
-
мислам дека нема да мозе :'( :'(
Споено мислење: 29.09.2010, Wednesday, 23:44:56
дај казете од сто да извадам симетрицно напојување се запалив по еквилајзеровв ;D ;D :D
-
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=450.0;attach=551)
еве како се прави
или вака
(http://pic.mk/thumbs/simetr1285797643.jpg) (http://pic.mk/?v=simetr1285797643.jpg)
-
Има еден тон шеми на форумов за симетрично напојување, пребарај малку и ќе ги најдеш, затоа постои функцијата „Пребарај“ ;).
-
фала ви а р1 и р2 се керамички :-[ :-[
-
за кој викаш дали се керамички??за која шема мислиш?
-
мислам за таа девил во 4 та страница со е за правење симетрицно напојување ??? ама е небитно веке купив од тие белите
Споено мислење: 30.09.2010, Thursday, 20:39:32
еј си најдов дома 10волти трафо да го направам со оваа сема од девил симетрицно после пеглање на напон колку ке се добие влатко* реце дека на 6-0-6 волти работело ??? ??? ???
-
Зависи од искористените операциски засилиувачи дали ќе работи на 6-0-6, кој им е минималниот симтеричен работен напон, мада не би требало да има проблем со повеќето операциски засилувачи ;).
Инаку тие кондензатори не се керамички, електролитски се, кондензатори со толку голема капацитивност не се изработуваат како керамички кондезатори ;).
-
fala za informacijata no ja se pobrkav so druga sema ne so taa za simetricno so druga od devil a toa go znam za keramickite se izraotuvaat vo nf samo :D ama sepak fala pozz
Пишувај кирилица!!!
-
луге дајте ја плочката како изгледа сакам да си ја направам стерео верзија сака да си направам миксета и ова да ми биде како еквилајзер на секој влез и како мастер еквилајзер.значи плочката да биде за стерео еквилајзер.таман за кодерот ке вади супер кога ке му мавнам уште еквилајзер
-
за кирилицата насколо бев ама су заборајв да написам купив сите делови за еквилајзеров сега правам грец и струјата на трансформаторот излезе после грецот 11.40 волти како да ја кренам до 12 волти
Споено мислење: 03.10.2010, Sunday, 09:19:05
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=450.0;attach=551)
еве како се прави
или вака
(http://pic.mk/thumbs/simetr1285797643.jpg) (http://pic.mk/?v=simetr1285797643.jpg)
ovie otpornicive kolku omi se 56r/5w
-
тие се 56 омски 5 ватни!!
-
све е спремно но сакам да го правам со тл084 и сега немие јасно како да ги врЗАМ ПОТЕНциометрите дека се стерео и сакам лизгацки да ставам не ротирацки и дали воопсто има лизгацки стерео потенциометри ???
-
има тие се оние со два лизгачи!имаат шест извода!три од напред три одпозади!
-
ок фала да не имас информација тие стерео лизгачите колку пари се
-
мислам дека се околу 100 денари!Ама во Логинг!Чиста информација од еден другар дека и он бараше вакви потенциометри и од таму ги зема! ;) ;D ;D
-
фала многу за информацијатаа јас од алфа електроник ке порацувам сигурно поефтини би биле ;D
-
друже ти од Скопје си??Ако си дај заедно да нарачаме!?Ако сакаш
-
не сум од скопје друже од ки4ево сум за жал
-
имам шема за тонска контрола со предзасилувач со транзисторите Bc 548 c со Pcb plocka , немама ја склопено досега
Споено мислење: [time]23 Ноември 2010, 13:36:29[/time]
ако некој може да ја среди и да биде со операциски засилувач подобро
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=282.0;attach=1742)
-
при крај е плочката уште напојувачкиот дел па ке видиме ;D ;D ;D ;D
-
Зошто ич не се јавујте на прашањава??! >:(
-
Највероватно не го знаат одговорот
-
Највероватно не го знаат одговорот
DX-er, ех да е така!? ;)
-
Ај направете си плочка,никој изгледа нема готова.
-
шемата е едноставна со мал број компоненти и евтина за изработка.колку пати е поголем излезниот сигнал од влезниот.кој напон е најпогоден за користење.и каков е звукот дали некој ја користи
-
Наместо ТL082 или ТL072 во ова коло ставете LМ833 па да ве Ѕирне ГОСПОД!! ;) :o
-
при крај е плочката уште напојувачкиот дел па ке видиме ;D ;D ;D ;D
Гоце до кај си со еквилајзерот??
Ако можи слики да видиме ;)
-
имам шема за тонска контрола со предзасилувач со транзисторите Bc 548 c со Pcb plocka , немама ја склопено досега
Споено мислење: [time]23 Ноември 2010, 13:36:29[/time]
ако некој може да ја среди и да биде со операциски засилувач подобро
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=282.0;attach=1742)
Шемава е добра ама има една мана. Излезот (OUT) и е со висока отпорност, ако приклучите на излез нешто со ниска отпорност (под 10 килооми) сите фреквенции од еквилајзерот ќе се сменат и нормално со тоа и самиот звук.
Треба да има уште степен (бафер) кој ќе ја претвора високата излезна отпорност во ниска. Ова може да се изведе со интегралец или со еден транзистор (emitter follower).
-
И некој успеа да ја напрај стерео верзијата на шемата?
Прашање.. Гледам во даташит за тл084 дека + од напојување оди на 4, а - на 11. А овде наназад во шемата за стерео изведба на 11 има +, а на 4 -
И дали би се напојувало на+/-12в оти во даташит гледам поќе верзии на тл084(со букви од страна)..
И шо пари е тл084?
Фала однапред :)

Евтино е колото, не е скапо, не би требало повеќе од 50 денари да е ;). И да има некоја грешка во шемата, може да се корегира истата според datasheet-от на колото.
-
50 денари дефинитивно не е скапо тоа е Премногу ефтино :)
Споено мислење: 14.03.2012, Wednesday, 03:58:01
Иако на форумов сме навикнати на ефтини проекти сепак мислам дека не е лошо некогаш да се вложи и нешто повеќе :)
-
Иако на форумов сме навикнати на ефтини проекти сепак мислам дека не е лошо некогаш да се вложи и нешто повеќе :)
Да, не е лошо, ако имаш доста пари на располагање ;) ;D.
-
И ова со напојувањето на тл084? :)
-
И ова со напојувањето на тл084? :)
И тоа пишува во datasheet, како се напојува и кои му се минимални и максимални напони за напојување ;).
-
Еве ти изглед на пиновите
-
Абе батка, јас ги видов пиновите, ама на сликата на Девил, во стерео изведба кај шо е таму на 4 е прикажано како да се носи -, а на 11 + и зато прашвам :)
-
на nCounTr е таа стерео верзијата, провери во даташит како е точно напојувањето на ова коло така постави го
-
Неможам да најдам 500к потенциометар, ќе менва многу ако е 470к? :D
-
нема да има проблем и таков да се стави :)
-
@ZareBt,според која шема го правиш овој еквилајзер?Според првата?
-
@ZareBt,според која шема го правиш овој еквилајзер?Според првата?
според најпрвата, на Девил :)
-
Имам симетрично напојување +/-28 волти. Како да го спуштам до +/-6 ?
Дали ќе можи со 7806 и со 7906 ? :)
-
Не можеш директно на 28V да ги врзеш! Прво на 28V ке врзеш по еден отпорник 2,2К 3-5W ,а потоа ке ги ставиш 7806 ,односно во - водот 7906 .И стави им по едно ладилниче ако треба малку повеке да * влечат*.
-
Овај првио кондензатор С1=5 микроФ, на шемата е нацртан како обичен, ама со толкава вредност, неможам да најдам. Да не е блок кондензатор? :)
-
Овај првио кондензатор С1=5 микроФ, на шемата е нацртан како обичен, ама со толкава вредност, неможам да најдам. Да не е блок кондензатор? :)
Подобро е блок да ставиш,само незнам зошто толку голема вредност...Стави блок од 2.2uF