Македонски форум за електроника
Останато => Алат => Topic started by: stefki on 23.10.2010, Saturday, 13:44:59
-
Здраво ако може некој да ми објасни како да го одлемам и повторно да го залемам следниов чип без да го оштетатам ни најмалку од плочата. Чипот е без пинови и ми представува голем проблем за одлемување. т.е. пиновите се директно на плочата под него залемени.
користам стандардна дувалка за одлемување.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=2464.0;attach=1476)
-
Tоа не може да ти се објасни: треба да видиш или да пробаш :D Подобро прво малку вежбај на некоја расипана плоча,за да стекнеш рутина колку време е потребно да го грееш чипот.Не кажа ни со каква апаратура работиш,какво искуство имаш ... Принципот е тој- го усмеруваш и подесуваш млазот топол воздух на чипот и ги грееш пиновите.Ако е апаратурата јака треба пократко време за греење.Ппотоа со пинцета го подигаш равномерно ИК и го ставаш на подлога да се излади(не факај со прсти! :D).Јас користам алуминиумска плоча и го ставам на неа,слободно да постои бар 2-3 минути.СМД техниката се учи и од Јутјуб ;),погледај ,има некои снимени материјали.Овој чип,како што го видов,треба од страна да го грееш равномерно и истовремено да го притиснеш со пинцета одозгора за да оцениш кога * ке пушти* ;D
-
Ball Bearing чипови ги викаат тие, малку тешко се одлемуваат со „фен“, а уште потешко се залемуваат пак назад :S. Јас успешно до сега не сум одлемил нитуеден :S.
-
batka: Користам hot air station, еве ке ставам слика видија од кинеските најевтините е, има на неа два потенциометри еден за "Air" другиот за "Heater" немам искуство имам одлемувано 2,3 пати со неа обични интегрални кола а од овие другиве без пинови немам, ако има некој искуство можам да му ја пратам плочата да ми го одлеми ке си платам колку треба.
Фала ви
Мислам ако пробам сам ке го стопам лесно чипот.
Дали можам да го грејам од долната страна на плочата ? Значи не директно врз него туку од долната страна
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=2464.0;attach=1480)
-
може но не се знае дали рамномерно ќе се одлеми!
-
Не се гледа баш убаво на сликата,ама ако нема од другата страна ништо друго провај, Зошто те страв да го загрееш чипот штом имаш регулација-оди постепено.Сепак,прво пробај на нешто друго и не се плаши не можеш да згрешиш.Само полека и внимателно,да не се изгориш ;D
-
Само не ми е јасно зошто се прикриени ознаките на чипот?
-
колку пари е таа станица за лемење ??? ??? и оди пишува desolderin station само за одлемување користи или и за лемење ??? ???
-
DX-er: Чисто онака без врска да не биде реклама за интел :)
Jove: Да може да се леми и одлемува, околу 70 евра е .
-
уживај, интел не ни се конкуренција ;)
-
а твојава за одлемување колку пари е
-
Jove: па за мојата ти кажувам , не е лично моја ја позајмив од пријател близок, му ја донеле директно од Кина за 70 евра.
-
ваква имаме на пракса во фирмата каде што идам!Иста а имаат и едни нови 200 евра дигитали (без потециометар) најнови!
-
Зошто е наопаку? Две работи : прво да се скрие кој чип е,второ - постојат чипови за над и под штампа. ;D ;D За да бидам појасен - еднаш порано се з... во Турција земав 7107 со ножички кои се обратно поставени и тој чип беше ако сакаш да го лемиш ИК од страна на штампата! Поради дисплејот:D Од прва волтметарот не проработе,ама имав срека кога го врзав обратно - не беше прегорен и работеше! ;D ;D ;D
-
За одлемување овој чип може да се одлеми и тоа не е никаква филозофија. Истиот да се залеми повторно неможе. Ако сакаш да го одлемиш слободно нагоди ја температурата на 380 степени, и дувај дирекно врз него. Првен окулу него загреј ја околината окулу 1 минута, па после врз него и ке се одлеми. Е после веке неможе да се залеми. Ова пакување се вика BGA или FBGA (зависи од распоредот на пиновите). Овие уште од фабрика се припремаат за лемење и ако некогаш се извади, неможе повторно да се леми. Имено на неговите ногички има оставено прилично доста калај (направени топчиња) и тие кога се топат се нафаќаат на штампата и на метлниот дел од чипот. Кога ќе го извадиш чипот тие топчиња од калај се веке стопени и ги нема, а нови скоро и да е невозможно да направиш (од искуство ти кажувам). Јас сум успеал да залемам еден ваков веќе одлемен со 32 пина. 2 дена нервоза и залудни обиди и конечно успеав, идејата е во некој борум, и една паста што незнам како се вика, и со нив можат да се направат прилично добри количини на калај на пиновите, но и со нив е екстремно тешко. За ентузијастите нема граници, па пробувај, експериментирај, можеби ке успееш.
-
Браво Део и јас сум успеал веке неколку да средам . :D Се чудеше Гига Ват што чепкам чипсет :D :D ;)
ама тоа ти е исто.Само јас го охрабрувам колегава да проба,успех ке има сигурно - добра е лемнава станица.Едино - пази да не се изгориш!! ;D ;D ;D Мене за вакво нешто ми требаат интензивни 1-1,5 часови работа!!
-
Браво Део и јас сум успеал веке неколку да средам . :D Се чудеше Гига Ват што чепкам чипсет :D :D ;)
ама тоа ти е исто.Само јас го охрабрувам колегава да проба,успех ке има сигурно - добра е лемнава станица.Едино - пази да не се изгориш!! ;D ;D ;D Мене за вакво нешто ми требаат интензивни 1-1,5 часови работа!!
Искрено, ептен ако е некој мој проект па да се замарам со нешто вакво ;D, инаку нитуедна пара не би ми го платила тој труд и нервоза :S, сериозно, заради тоа и се откажав од одлемување и залемување на ball bearing чипови. Каков е, таков е, ако е расипан, тоа е тоа...
-
deophorant: Фала ти на советот, види гледав некои видеа на youtube, гледам ставаат флукс паста пред одлемување а за Bga balls, исто така некоја паста му ставаат на пиновите на плочата и ја чистат без проблем, после самиот чип исто така го чистат со паста и го лемат на плочата без проблем.
-
Не дека неможе да се залеми, но која е маката, колку ке чини опремата (пастите). Дури сум слушнал и дека има некој посебен кала, со примеси на цинк и литиум, кој успева да направи такви топчиња. Јас после 20 прелемувања конечно успеав, иако се работеше за многу мал чип. Овие поголемиве не би се нафатил. А фабрички вакви чипови сум лемел без проблем (ARM9 MCU, Delfino microcontroler, VIRTEX2, ...) и тоа со по 500+ пинови.