Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: daniel spasovski on 12.10.2010, Tuesday, 17:03:45
-
Значи вака :) - Најдов многу добар засилувач кој има и пцб и пробан е и све друго ама имам мал проблем :(
Засилувачот бара напон од 2x46 волти еднонасочен напон, а моево трафо дава еднонасочен напон од 2x30 волти и 2x52 волти...
Значи помошта која ја барам е дали ке може да го пуштам засилувачов на 2x52 волти бидејки 2x30 волти е послаб напон а сакам да извадам максимум од него т.е. дали ке издржи напон од 2x52 волти ???
еве шема од засилувачот растумачете ја и кој знае нека ми помогне :'(
http://construyasuvideorockola.com/downloads/amp200wHD.pdf
Споено мислење: [time]12 Октомври 2010, 17:43:11[/time]
влатче пушти се на мсн ми требаш за појачалово нешто :(
-
Колку вати ти е трафото ???.
-
500
-
би требало да можи да се уклучи на повисок напон
ама јас не би препорачувал, поедноставно е да се одмота некоја намотка на трафото за да се добие посаканиот напон одтколку да се игра, пошто не е баш ефтинко појачалопво :)
-
трафото е комплицирано за одмотување :-\
ама девил јас мислам дека од 46 до 52 волти нема голема разлика :)
тоа се 6 волти разлика а да речеме пад на напон од 3 волти и 3 волти резерва ???
транзисторите мислам дека можат да го издржат овој малку поголем напон но дали другите елементи на плочката ке можат ???
ај те молам рагледај ја шемата и ако можеш нешто да ми помогнеш :-\ ...
-
За овој засилувач ти треба трафо 2по33волти 5ампери 400вати, ако сакаш да извадиш максимум од засилувачот ;).
-
другите ќе издржат но внимавај на напонот од кондензаторите да биде за најмалку 10V поголем од напојувањето!!!
-
Девил на страницата кај појачалото пишува дека ако сакам да извадам подобри перформанси можам да ги заменам транзисторите со 2sc 5200 :)
исто така ми пишува дека можам да работам со овие транзистори и со напон од 5 волти повеќе што значи дека шемата бараше 46 волти и плус уште 5 волти со овие подобри транзистори = 51 волт ке бара со овие 2sc 5200 а моево напојување дава 52 волти што е таман ( еден волт нека иде за пад на напон 52-51=1 волт пад на напон) ;D
ме разбираш пиши ми дали може вака ;)
-
А од каде ќе дојде тој 1V пад на напон?
-
можеби го смета падот на напонот на диодите од грецот...
-
Па чекај, нели исправен напонот е 52V, како може да се смета и падот на напонот на диодите ако исправен напонот е 52V, веќе е внесен во тие 52V и тој пад на напон ;). Или да не е пресметуван исправениот напон, а не мерен?
Ако сакаш да бидеш сигурен, стави две диоди во серија со напонот за напојување, и на позитивниот и на негативниот напон, што може да издржат барем 6A струја низ нив (ако пожелно би било да ставиш некои кои можат и повеќе да издржат, како на пример 10А) и не би требало да немаш проблеми ако ти е толку страв да не изгорат излезните транзистори ;).
-
ама јас ти кажувам дека исправен напонот е 52 волти а шемата за овие подобри транзистори бара 51 волт што значи дека ке биде таман така :) ?
-
ама јас ти кажувам дека исправен напонот е 52 волти а шемата за овие подобри транзистори бара 51 волт што значи дека ке биде таман така :) ?
Го мереше исправениот напон или го пресмета со формулата со корен од два (1.41)?
-
исправениот :)
-
не би требало да им смета 1V, но сепак ако се плашиш направи како што кажа GigaWatt погоре
-
колеги имам еден мал проблем околу едни два кондензатори на мојава шема :-
кога го преведував текстов на англиски тие кондензаторите ми ги напиша како монолитски полиестер кондензатори :-
е сега незнам како да му објаснам на човекот од алфа електорник какви кондензатори да ми стави во порачката , обични полиестер (тие со зелена боја) или некои други се овие :-
иначе кондензаторите се со вредност 0,1 uF ..
И сега колеги знае некој ? Кој знае нека помогне :)
-
Чекај, за кој кондензатор станува збор, за тој што е према маса на долниот дел од шемата?
-
да :)
-
Би требало да биде 0.1uF плaстичен (MKT, MKP) и да има релативно висок работен напон, околу 150V ;).
-
да како што кажа гига од тој вид нека е, тие се имаат добро покажано во аудио техниката ( МКТ, МКР )
-
значи имам видено таков кондензатор ама како да му речам на продавачот ???
тоа мкт да му го кажам или има некое наше име ?
-
ваљда МКТ ќе му кажеш ама дали ќе свати тоа е друга работа :) Исто така многу од продавачите ќе се прават дека не знаат само ако се сигурни дека немаат тоа што го бараш, на пример „па не знам, можда е МКТ“ - знаат да кажат :) )
И пази, има разлика помеѓу МКП и МКТ ;)
-
И пази, има разлика помеѓу МКП и МКТ ;)
Да да, MKT и MKP не се исти, но било кој од нив би требало да ти сврши работа ;).
-
ги порачав денес деловите од алфа електроник ;D
1080 денари комплет без плочка ...
е сега останува само во понеделник да уплатам зашто денес беше касно а утрре банките неработат и во вторник деловите ке ми стигнат :)
-
Колеги деловите ми стигнаа :D Само што немало транзистори TIP 41C па за замена ми ставија BD 243C
Сега пред да почнам да ја работам плочката ме интересира дали е ова соодветна замена и дали распоредот на пинови е ист ?
-
види во datasheet море науцисе малце нешто сам не се форум да ти помага
-
видов се снајдов и двата се NPN SILICON POWER TRANSISTOR и двата се NPN што значи соодветна замена се и распоредот на пинови им е ист :) ;)
-
ако и двата се НПН не значи дека се со исти карактеристики, кај виде дека изводите им се исти???
-
даташит ;)
-
Колеги да се пофалам ;D Ја направив плочката за појачалото :) Сега како да ја испитам за да не ја изгорам некој совет :) ?
-
првин види дали има некој спој ако си го направил при лемење, па со омметар провери дали е се добро залемено и ако се е добро залемено...пуштај у струја и надевај се да не пукне... :D
-
Проверив колеги нецркна ништо ама кога го пуштам нема ништо на излез а откако ке го извадам кабелот од штекер се слуша еден краток звук (како некое гребење, т.е закаснет звук за време од пола секунда)
Го пробав на трафо 2X15 (со мала снага)за да бидам сигурен да не изгорам нешто :-\
Што може да биде ???
-
Е во вакви моменти навистина добро и корисно е да имаш сигнал трасер ;).
-
Нема тоа колега :-[ Како да се провери :o :-[ ?
-
Нема тоа колега :-[ Како да се провери :o :-[ ?
Епа затоа реков дека е корисно да иумаш, ако имаше, немаше да мораме да дубиозиме зошто нешто не работи како што треба :S.
Провери ги напоните на напојување на интегрираните кола, дали на правилно место (павилен пин) доаѓаат напоните, да не случајно си донел напон таму и каде што не треба (како на пример mute пин, ако има колото таков пин, не сум го разгледал datasheet-от), дали е добо врзана масата за сите лемни нместа каде што треба да биде врзана масата, краток спој некаде да не има (овие кола најчесто имаат заштити, така да и да има краток споја некаде, нема да изгорат), дали доаѓа аудио сигналот на влез на колото или некаде има прекин (затоа реков дека сигнал трасер е корисна работа во вакви случаи)... Го немам засилувалчот пред мене, инаку сигурно ќе ми текнеше уште нешто, ама вака :S.
-
Колега бидејќи ми е поминат нетот(лимитот) ке можеш за мене да видиш кај и колку напон треба да добијам :-\ ? Еве ти линк од клипот како се работи овој засилувач
http://www.construyasuvideorockola.com/sonido_e_amp200w.php
-
Колега бидејќи ми е поминат нетот(лимитот) ке можеш за мене да видиш кај и колку напон треба да добијам :-\ ? Еве ти линк од клипот како се работи овој засилувачhttp://www.construyasuvideorockola.com/sonido_e_amp200w.php
Проблемот е што и на мене ми е пројден лимитот ;D ;D ;D.
Ауууууу, моја грешка, не било со интегирани кола, не ја видов шемата на почетокот, sorry, ама дека пишуваше мостен засилувач, па претпоставив дека е со интегриани кола (ете зошто е важно убаво да ги опишувате насловите на темите, за да имаат претстава тие што ќе одговорат и после 10 страни коментари за што станува збор, на пример, добар наслов на темава би бил „2x100w (200w) мост засилувач со излезни транзистори 2SC3280 или 2SC5200“).
Не сум во можност да го видам клипот, како што реков, и јас сум на лимит, ама во принцип, тоа што го реков за сигнал трасерот сеуште важи, ако не, направи еден прост сигнал трасер и следи го аудио сигналот низ колото. Мислам дека batka имаше поставено неколку шемички за сигнал трасери низ форумов, побарај (затоа постои функцијата „Пребарај“ ;)).
-
Гигават пишаувам сигнал ми излегуваат 100 работи :) Како да пишам правилно ???
-
Гигават пишаувам сигнал ми излегуваат 100 работи :) Како да пишам правилно ???
You are not good at english :D :D.Eве како треба да пишеш... ;D
http://tinyurl.com/368kfpm
-
Појма неам како се работи со ова :-\ ......
-
Појма неам како се работи со ова :-\ ......
Направи некое,па ќе видиш како се работе со него ;D :D.
П.С. Се се учи ;)
-
Може на осцлилоскоп во школо некако да го проверам ???
-
Може на осцлилоскоп во школо некако да го проверам ???
И те како!Супер е,ако е дво-канален ;) ;D
-
не мора да е дво канален некој нај глуп може да ти заврши само ти треба сигнал генератор ( се надевам имате на школо )
влезо провери си го каде што иде сигналот, провери дали има некој проблем во засилувачките степени
-
Колеги работи појачалото некако мостот го поврзав и сега двата канала работат ;D ;D ;D ;D
ЈЕССССС ;D Сега само ладилник на транзисторите да им ставам :)
-
Колеги работи појачалото некако мостот го поврзав и сега двата канала работат ;D ;D ;D ;D
ЈЕССССС ;D Сега само ладилник на транзисторите да им ставам :)
Ладен лем? :)
-
Не колега , незалемено пластично кондензаторче ;D
-
Не колега , незалемено пластично кондензаторче ;D
Eххх колега гледаш,само еден дел фали да не работи...Од еден поеб*н кондензатор да не работи цело појачало... :) :)
-
Јас стално велам дека не знаете да лемите ;D ;D ;)
-
кој бе незнае ;D на пракса 10 дена сум лемел по 500 диоди дневно,сега и во спиење можам да лемам :) :) :)
-
Колеги пак имам проблем со појачалото :( На страницата од кај што ја симнав шемата пишуваше дека може да работи и мостно , го поврзав и отпорникот од 120 оми изгоре а другите помали побудни транзисторчиња (tip 41 i tip42 c) се загреаа :o , Го сменив отпорникот од 120 оми, го приклучив да работи и изгореа отпорниците од 100 оми 1w :-\ Ке ги сменам и тие два отпорници ама што може да биде да ми помогнете да не горам само отпорници , кај би можел да биде проблемот ???
Еве ја шемата http://www.construyasuvideorockola.com/downloads/amp200wHD.pdf
-
Мери напони, струи низ отпорниците, сигурен ли си дека правилно си ја извел мостната врска?
-
Па што експериментираш и само губиш време и правиш непотребен трошок?! Ако нешто работи ,остави го да работи! Вака*по пошта * не можеме многу да ти помогнеме,ама совет : земи дел по дел вади,дел по дел проверувај! Само така ке дојдеш до неисправниот дел.Друго немаш.. :(
-
Колеги сум заборавил како се испитуваа транзистори овие тип транзисториве како да ги испитам ???
Отпорноста треба да ја мерам со унимер ама како ?
Имаше многу варијанти, ке може некој да ми каже :o ?
-
во туторијали има туторијал за испитување на транзистори..сега неможам да го барам дека интернетот ми е тапа, па по пола саат треба да чекам за да ми отвори страна една...побарај таму и ке најдеш :D
-
Барав колега ама таму нема за ова испитување со унимер ама како и да е ке го земам појачалото во школо во понеделник па со професорот да видиме кој дел е пробиен :-\ Ке може со осцилоскоп така :) ?
-
ако гори некој дел, неможе со осцилоскоп, тоа со унимер се проверува само...
-
Колега а мора да се одлеми делот за да се проверува со унимерот или може при работа :-X ?
-
немора да го пушташ да работи, може и изгасен кога е...ама поубаво би ти било да ги одлемиш делвите...
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1108.0
ја ти како се испитуваат транзистори со омметар...
-
Направи си за испитување вакво нешто.Ако е НПН свети една,ако е ПНП свети друга.Ако не светат ,или двете истовремено светат,не е во ред нешто со тр.Сепак,најубаво е дел по дел да вадиш и проверуваш!
-
Батка со ова може да се испитаат големите мосфет транзистори од појачалото - 2SC 5200 ???
-
Батка со ова може да се испитаат големите мосфет транзистори од појачалото - 2SC 5200 ???
Не може,тоа е наменето за NPN и PNP транзитори,а не за GDS. ;) :)
-
На форум има само за тие тип транзисторите како да ги испитам а за овие големиве 2SC5200 може некако со унимер да се испитаат ???
-
На форум има само за тие тип транзисторите како да ги испитам а за овие големиве 2SC5200 може некако со унимер да се испитаат ???
Ѕирни тука,ваљда ќе се снајдеш...
http://www.4qdtec.com/mostest.html
Споено мислење: 27.11.2010, Saturday, 15:07:38
Еве нешто друго што најдов на нет...се ќе најдеш,само треба да пробаш!Google е за тоа! ;)
Testing MOSFETs
Field Effect Transistors are difficult to test with a multimeter, but "fortunately" when a power MosFet blows, it blows big time: all their leads will show in short circuit. 99% of bad MosFets will have GS, GD and DS shorted. In other words - everything will be connected together.
Note: When measuring a MosFet hold it by the case or the tab and don't touch the metal parts of the test probes with any of the other MosFet's terminals until needed. Do not allow a MosFet to come in contact with your clothes, plastic, etc. because of the high static voltages they can generate.
You'll know a MosFet is good when the Gate has infinite resistance to both Drain and Source. Exceptions to this rule are FETs with protection circuitry - they may act like there is a diode shunting GS - a diode drop for gate reverse bias. Connecting Gate to Source should cause the Drain to Source act like a diode. Forward biasing GS with 5V and measuring DS in forward bias should yield very low ohms. In reverse bias, it will still act like a diode.
Another simple test procedure: connect the multimeter's negative lead to the source of the MosFet. Touch the MosFet's Gate with the meter's positive lead. Move the positive probe to the Drain - you should get a low reading as the MosFet's internal capacitance on the Gate has now been charged up by the meter and the device is turned-on. With the meter's positive lead still connected to the Drain, touch the source and gate with your finger. The Gate will be discharged through your finger and the reading should go high, indicating a non-conductive device! This simple test is not fail proof, but it's usually adequate.
-
На форум има само за тие тип транзисторите како да ги испитам а за овие големиве 2SC5200 може некако со унимер да се испитаат ???
значи...не постои вид на транзистори што се ТИП, постојат биполарни и униполарни транзистори. Биполарни транзистори се NPN и PNP транзистори, униполарни се MOSFET-P, MOSFET-N. ТИП е серија од танзистори како што се BC(547) BD(135) и има TIP(21). Транзисотрите ти што ги имаш 2SC5200 се НПН транзисори што значи дека можеш да и испитуваш како што се испитуваат НПН транзистори, независно дали се некои СМД, дали се во TO3, TO220 куќиште (или какво и да е куќиште, мал милион ги има). Само треба да знаеш кое е база, кое е емитер, кое е колектор. во случај да незнаеш еве ти даташит..
http://www.datasheetcatalog.org/datasheet/toshiba/3228.pdf
и ај сликни ја плочката одоздола и од горе да ја видиме како е направена...
-
Еве слики одоздола колега ;)
(http://pic.mk/thumbs/photo01290895300.jpg) (http://pic.mk/?v=photo01290895300.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/photo01290895393.jpg) (http://pic.mk/?v=photo01290895393.jpg)
-
аа ова од кога ти ја прелемив јас ;D
-
Еве една шема за тестирање мос фет-ови.Ако е се во ред ЛЕД треба да трепка ;D
Направена е оооодамна и заборавена..... ;)
-
Батка јас ги измерив моиве мосфетови и излезе дека двата мосфета од едниот канал се изгорени т.е. на унимерот кога мерев на сите пинови покажува 001 ;) Не се исправни така ?
-
Па направи го тестерот и провери :D ;)
-
Колеги го најдов дефектот со вујко ми ;) Он е електроничар и долга приказна е тоа :D ...
Да се вратиме на темата ... Биле изгорени излезните мосфет транзистори и големите керамички отпорници, ги сменив , појачалото работи ама многу брзо загреваат драјверите за излезните транзистори( TIP 41C TIP 42C )Ги измерив со професорот и тие се во ред ама загреваат одма .. Што може да биде проблемот ??? ...
-
Колеги го најдов дефектот со вујко ми ;) Он е електроничар и долга приказна е тоа :D ...
Да се вратиме на темата ... Биле изгорени излезните мосфет транзистори и големите керамички отпорници, ги сменив , појачалото работи ама многу брзо загреваат драјверите за излезните транзистори( TIP 41C TIP 42C )Ги измерив со професорот и тие се во ред ама загреваат одма .. Што може да биде проблемот ??? ...
Стави ги на исто ладилно тело со излезните транзистори, така ќе има температурна стабилизација на колото ;).
-
Колеги го најдов дефектот со вујко ми ;) Он е електроничар и долга приказна е тоа :D ...
Да се вратиме на темата ... Биле изгорени излезните мосфет транзистори и големите керамички отпорници, ги сменив , појачалото работи ама многу брзо загреваат драјверите за излезните транзистори( TIP 41C TIP 42C )Ги измерив со професорот и тие се во ред ама загреваат одма .. Што може да биде проблемот ??? ...
Стави ги на исто ладилно тело со излезните транзистори, така ќе има температурна стабилизација на колото ;).
Ќе има термичка спрега ;D
-
Колеги го најдов дефектот со вујко ми ;) Он е електроничар и долга приказна е тоа :D ...
Да се вратиме на темата ... Биле изгорени излезните мосфет транзистори и големите керамички отпорници, ги сменив , појачалото работи ама многу брзо загреваат драјверите за излезните транзистори( TIP 41C TIP 42C )Ги измерив со професорот и тие се во ред ама загреваат одма .. Што може да биде проблемот ??? ...
Стави ги на исто ладилно тело со излезните транзистори, така ќе има температурна стабилизација на колото ;).
Ама пред тоа не грееја така одма :-\ А и едниот канал крчи малце :-\
-
Ама пред тоа не грееја така одма :-\ А и едниот канал крчи малце :-\
Па нели воопшто не ти работел пред тоа ;D.
-
Kолега работеше најпрво , па го поврзав мостно и изгореа транзиторите и керамичките отпорници...
Сега ги заменив тие транзистори и отпорници ама пак едниот канал крчи а кај другиот многу брзо се топлат побудните драјвери :-\ Ке мора у школо со професорот да го провериме или пак со вујко ми >:(
-
Чим ти загреваат толку брзо значи дека нешто не е како што треба и затоа земи унимерот и мери напопни кај транзисторите за да видиш да не им доаѓа поголем напон од дозволениот ;).
-
Ама и да доаѓа колега од каде да знам што е проблемот :-\
-
Тој напон сигурно не доаѓа директно на транзисторот мора да минува и преку други елементи (отпорници, кондезатори, ...), што значи дека ако некој од овие елементи е изгорен и напонот нема да биде како што треба и затоа земи унимерот и мери и малце помачи се, а не од каде да знам што му е проблемот :) ;).
-
Колеги ги проверував отпорниците дали има некој изгорено и сега кај еден отпорниктреба да покаже 100 килооми , тој покажува ама не одеднаш туку постепено од 30 килооми па до 105 килооми и ако продолжам да држам со унимерот неговата вредност се повеќе се накачува , тоа значи дека е изгорен ?
Значи ова ми се случува кај двата отпорници на истите места бидејќи ова е стерео баш истите отпорници од 100 килооми на истото место ... :-\
-
Дечко,не се мисли - смени го отпорникот.Верувам дека има и други елементи пробиено.Варијанта: одлеми се повторно и провери едно по едно,бидејки со секое ново вклучување можеш да имаш нови кварови!
-
Дечко,не се мисли - смени го отпорникот.Верувам дека има и други елементи пробиено.Варијанта: одлеми се повторно и провери едно по едно,бидејки со секое ново вклучување можеш да имаш нови кварови!
Океј Батка а смеам да ставам приближна вредност на отпорник доколку некој немам со точна вредност ?
-
Па можеш со толеранција 5%!
-
Колеги проверив се сите отпорници се исправни сега за сега, ама сигурен сум дека е до некој кондензатор бидејќи сите отпорници се исправни ... Како да ги испитам кондензаториве со унимер сега вака на плоча залемени знае некој ... ?
-
испразсни ги првин,со кратко спојување и после мери отпорност,треба да има голема отпорност,ако отпорноста е 0 тогше пробиен
-
Колеги проверив се сите отпорници се исправни сега за сега, ама сигурен сум дека е до некој кондензатор бидејќи сите отпорници се исправни ... Како да ги испитам кондензаториве со унимер сега вака на плоча залемени знае некој ... ?
Ако се залемени на плочка, можеш само да ги провериш дали се пробиени, мада и овој тест не е премногу точен, барем не со унимер :S. Како и да е, земи го унимерот, стви го на beeper (како да проверуваш диоди) и приклучи го на краевите на кондензаторот, само пази позитивниот извод од кондензаторот да е поврзан со црвената сонда од унимерот, а црната сонда со негативниот извод од кондензаторот (ова важи само за електролитските кондензатори, за блок кондензтаороти и керамичките не важи ова). Ако јави само еден краткотраен beep со времетраење од неколку милисекунди до кај пола секунда (во зависнот од тоа колкава капацитивност има кондензаторот), тоа би требало да значи дека кондензаторот е ОК. Ако константно свири цело време, значи дека е пробиен. Исто така ако засвирува од време на време додека се приклучени сондите и/или ако го мрднеш кондензаторот со прст, значи дека е полупробиен (значи и тој треба да се смени).
Некогаш крчење знае да се јави од суви/полусиви електролити, но освен со ESR метар, нема друг начин да провериш дали кондензаторот е сув или не :S. Најчесто, тие кондензатори кои се блиску до излезните транзистори се сушат први, поради топлината која ја генерираат излезните транзистори, па дел од таа топлина се пренесува и на кондензаторите, така да се сушат ;). Исто така може некој кондензатор да е полупробиен или побрзо да се исуши ако работи на напон близок до напонот на пробив, така да не е лошо да ги измериш напоните на сите електролитски кондензатори кои се дел од засилувачот и види дали некој од напоните е близок до напонот на пробив на кондензтаорот (на пример, напонот на краевите на кондензаторот е 15V, a пробивен напон на кондензаторот е 16V).
-
Колега мерам ама кај кондензаторите покажува некоја голема вредност 1500-1600-1800 што значи ова ?
-
Колега мерам ама кај кондензаторите покажува некоја голема вредност 1500-1600-1800 што значи ова ?
На кое мерно подрачје мериш? Што мериш? Отпорност ???.
-
Готово колега ја најдов грешката ;D Обратно сум ги ставил тип транзисторите >:( :D Сега ке ги сменам и ке ви кажам како работи ;)
-
Конечно!!!!!!!! >:( Ме отепа со постови и пораки,ама вредеше луѓе!!! ;D ;D ;D Го направи!!!! :D :D :D :D :D
Абе Даниел,правило еден : не брзај - читај шема!!!! :) Со далечинско тешко ние другиве да го поправиме.Без паника и брзање!!! :-\
-
Да Батка ама знаеш младите све сакаат набрзина :D :D Ама као и да е бидна работата :D :D
-
а ја денес убаво му реков,абе овие тип да не ти се обратно некој стаени,не бе добри се ;D ;D ;D сеа да не си го пипнал ставај во кутија и земи зашвајцај ја ;D
-
Епа Даниел редно беше да го направиш засилувачот и сега ајде со здравје да си го слушаш ;).
-
Запишувам: понеделник ( не е петок) 13 !!! Даниел (конечно) го направи појачалото! Сега журка и не го нервирај Перо-класниот! :D :D :D
-
Да Батка ама знаеш младите све сакаат набрзина :D :D Ама као и да е бидна работата :D :D
Учете се од грешките, нареден пат по 10 пати проверувај поларитет на полупроводнички компоненти и кондензатори ;D. Јас иако веќе скоро на памет ги знам некои работи, пак по 10 пати проверувам, зашто во 90% од случаите, грешката е во монтажата (ако се покажала шемата како исправна и добра ;)).
-
Запишувам: понеделник ( не е петок) 13 !!! Даниел (конечно) го направи појачалото! Сега журка и не го нервирај Перо-класниот! :D :D :D
Џабе колега запишуваш :'( :-\ Еве досега работеше го монтирав на ладилник нејќе да чуе :-[ :-\
-
стави лускун, или каква било изолација??? или така само ги закачи со по едно штрафче ???
-
Ставив и проверив немаше допирна точка помеѓу ладилникот и било кој извод од транзисторите , ама како и да е сега ке го извадам ладилникот па ке пробам пак :-\ ...
-
ЛЕПИ брат точак си бе ,у сколо дур го тестиравте со деки ти казав убаво 100% е некој транзистор али ај ..... сеа 100% сум сигурен дека не си ставил лискун на некој дранзистор или и да си имал ставено преку некое штравче и мутерче пренесувало струја и толку е не му треба повеке ..... убаво ли и направи стави ли пластични шајбни ?
-
а колку пари коштаат транзисторите?Ти па Дарк дај му еден ладилник од тие твоите! :o :D
-
Можно е и некој лем да не е добар, или некој контакт да е прекинат некаде на плочката, и тоа е можно :S.
-
доагај кај мене ке го средиме ;D
-
Ту бре ,не можеме да се откачиме од тебе и појачалово, ;D ама како Џеврие си - нескршливо- проблематичен! >:( ;)
-
ама како Џеврие си - нескршливо- проблематичен! >:( ;)
ахахахахахах леле цркнав хахахахахахх не си нормален ахаххахаах ;D ;D ;D :D :D :D
-
Колега денеска ги одлемив сите делови и дел по дел ке проверувам и ке лемам ;)
За 3-4 дена ке биде се повторно вратено , т.е све што работи ;)
После тоа му ставам ладилник и одма во кутија ;)
За времето кога ке завршам .те. ако завршам порано ке ве известам и ке ставам слики ;)
Овојпат смртно сериозно се зафаќам со оваа работа и мора да ја поправам ;)
-
ај сега постави слики,да видиме како изгледа.
-
Сега колега телефонот исто така ми е на сервис >:( Ама би требало да ми го поправат за 3-4 дена па ке ставам слики ;)
-
a од каде ти е тоа од 500ватното трафо??Ваууу,слики добро кога ќе можеш,а дозна проблемот?
Мислам чим ќе ги одлемуваш па пак да ги залемуваш,мислам дека си ја нашол грешката во што е?
-
Не знам за слики 5-6 дена најкасно а за трафото тоа е од вујко ми го земав за 600 денари ;) :D :D
-
вујко ти продава ли трафоа?
-
Има ама непродава :P Ова беше само за мене за да нефрлам пари на трафо ;)
Иначе ова трафо реално испод 1500-2000 денари тешко да се најде ;)
-
Готово колеги работи појачалцево го поравив ;) До лемењето било проблем сите делови беа исправни ама некој вод ми бил споен или неубаво залемен :D
-
и како си задоволен од квалитетот на звукот?
-
Супер квалитет колега :) :D Нема брум ... Класично за транзисторско појачало ;)
-
сега ставај го во кутија и ен го пипај,и памет за друг пат двапати мери еднаш сечи а не ти обратно ;D
-
Колеги за да извадам максимум од засилувачов , какво предпојачало да направам ??? Ама да биде обично , значи да нема тон контрола зашто јас имам , значи само да го засили сигналот ама незнам колку е потребно и каков предзасилувач да употребам ... Некој предлог ?
-
http://www.redcircuits.com/Page101.htm
http://sound.westhost.com/project88.htm
http://www.huennebeck-online.de/diy/pre-1/line_sp.jpg
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1917.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1917.0)
Moже и она со лампине, сега скоро што го постираа да послужи како засилувач, од емеитерон, само треба некои мали преправки, да има поголемо засилување. За преправките се надевам дека некој од поискусниве ќе ти каже
-
Колега а може тоа предзасилувачот што е за TDA 1562q ?? Ke биде доволно побудено појачалото за да даде максимум :) ??
-
Да да може. Ќе се снајдеш околу напоните за да ги добиеш од постојаното напајање?
-
на што излез го ставаш појачалото??? на што ти е поврзано...на компјутер или на што??
-
на што излез го ставаш појачалото??? на што ти е поврзано...на компјутер или на што??
И јас сакав да прашам истото, само изумув :) за од компјутер, немаш потреба за прадпојачало, а и од телефон ќе го извадиш максимумот
-
Да колега на компјутер ;)
-
не ти треба предзасилувач...
-
ти имаш проблем со кабелот за сигнал,купи си убав кабел и 3,5мм џек и нема да имаш проблеми.
-
Колеги правам елаборат за појачалово па да не знае некој во која класа работи засилувачов :D ??
-
АВ класа!
-
Благодарам колега респект + :D ;)
-
Значи колега Даниел сега навистина го заврши појачалото, а и редно беше :D и ако е така ај со среќа да си го користиш и да направиш многу журки со него ;).
-
Фала фала колега , ти да си направиш подобро ;) ;D
-
супер,сега следен проект....па звучници нормално
-
Да да колега ама тоа тешко е >:( ...
-
А нешто слики ако може од готовиот уред, редно е и ти нешто да покажеш тука!
-
денес го видов појачалово,кутјата е направена во military и rat style.го слушнав како свири и му препорачувам на колегата да стави уште неколку електролити во филтерскиот дел.
-
Да да колега ;) Знам за тоа ама и гледаш небеа тоа 100 вати (80W RMS) Обавезно треба да направам едно појачалце од еден ват сo TDA 7052 кое ке го користам како предпојачалце за да влезниот сигнал го појачам т.е. појачалото да биде доволно побудено за да го даде својот максимум ;)
-
друже ова ти е за пракса,тоа како што Дарк и Влатко правеа?Или ова е нешто друго?И ај постави слики да видиме што си направил
-
TDA 7052 има дисторизија,ке ти донесам денес јас еден добар OP со многу мала дисторзија,ако ги најдам кај ми се пошо работилницата ми е лом ;D
-
Ама кој е тој колега ?? Сигурно не е толку јак како TDA 7052 и појачалото нема да мибиде доволно побудено :o
-
NE5534 еве шо вика у даташитот
high-performance operational amplifiers combining
excellent dc and ac characteristics. Some of the features include very low noise, high output-drive capability,
high unity-gain and maximum-output-swing bandwidths, low distortion, and high slew rate.
-
Да гледам колега ама дали појачалото ке биде доволно побудено ?? Ке можеш денеска да ми го дадеш интегралното :D ??
-
ке го донесам,пробај направи го па види ако е слабо направи го тоа со тда.
-
во основа тл, тда, лм се полоши педзасилувачи од опа и некои други. Мислам дека опа се најдобри. Инакау се потполно компитабилни, па треба само да го престајс иц-то.
-
Еве ги сликите колеги од појачалото :) ;)
(http://pic.mk/thumbs/photo01294223361.jpg) (http://pic.mk/?v=photo01294223361.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/photo01294223413.jpg) (http://pic.mk/?v=photo01294223413.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/photo0069.jpg) (http://pic.mk/?v=photo0069.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/photo01294223521.jpg) (http://pic.mk/?v=photo01294223521.jpg)
-
Добро си го средил Даниел реп+ за изработката и со среќа да си го користиш :).
-
Благодарам колега Shadow и секако појако да си направиш ;D ;)
-
Со среќа да си го користиш :), едино ќе ти најдам мана на тој лимот што си го ставил како ладилник, некако превише тенок ми е, а и чим више си го свиткал како тунел, требало вентилаторот да го ставиш да дува низ него, ама ај, ако не ти грее превише терај вака... И друго, јас не би ги бутал влезните и конекторите за звучници до трафото, а поготово не со толку долги жици (плус влезната треба да е оклопена) ;)
-
да, и јас ке ти најдев замерка за тоа лимчето што си го ставил како ладилник, за 100W ептен е мал...ако можеш да најдеш два ладилника од напојување па на нив да ги ставиш транзисторите супер ке биде
-
да, и јас ке ти најдев замерка за тоа лимчето што си го ставил како ладилник, за 100W ептен е мал...ако можеш да најдеш два ладилника од напојување па на нив да ги ставиш транзисторите супер ке биде
Неможе да ги стави на два посебни ладилници од напојување, бидејки нема да се ладат добро т.е правилно :). Транзисторите сите треба да бидат ставени на едно ладилно тело заради подобра температурна стабилизација ;).
-
најубо од процесор чим сакашда ти брчат кулери :) инаку, како што реков и прееска, најарно некој голем ладилник да може без кулери
-
да, и јас ке ти најдев замерка за тоа лимчето што си го ставил како ладилник, за 100W ептен е мал...ако можеш да најдеш два ладилника од напојување па на нив да ги ставиш транзисторите супер ке биде
Неможе да ги стави на два посебни ладилници од напојување, бидејки нема да се ладат добро т.е правилно :). Транзисторите сите треба да бидат ставени на едно ладилно тело заради подобра температурна стабилизација ;).
Tака е колега Shadow за да сите работат синхронизирано т.е да бидат исто загреани а и бидејќи немам штелување на мирна струја кај појачалово со вака поставеност на еден ладиник исто мирната струја тече кај сите ;)
-
да, и јас ке ти најдев замерка за тоа лимчето што си го ставил како ладилник, за 100W ептен е мал...ако можеш да најдеш два ладилника од напојување па на нив да ги ставиш транзисторите супер ке биде
Неможе да ги стави на два посебни ладилници од напојување, бидејки нема да се ладат добро т.е правилно :). Транзисторите сите треба да бидат ставени на едно ладилно тело заради подобра температурна стабилизација ;).
за тоа си во право, ама па со лимче од 3мм да ги оставиш да работат???
-
Го тестирав за нова година нема гајле 8) !
-
војнички стил.Одлично реп плус за ова дело ;D
-
Благодарам колега :D War Style :D ке помисли некој дека е војничка радиостаница и ке ми го украде ;D ;D ;D
-
А стварно толкав ладилник си ставил,помал што не ставиш хаха
-
е даниеле почна нови стилови во изградба на појачала да правиш,па барем на влез да си ставел RCA конектори и оклопен кабел,иначе чим работи добро е терај и следниот проект малце посериозен.
-
и да има полициски изглед :P ;D ;D
-
Колеги имам едно прашање :) ... Како може да се поврзе мостно засилувачов ??? Знам дека може двата канала на еден звучник ама мислам дека имаше еден склоп кој треба да инвертира еден од + сигналот :P. Знае некој :D ??
-
http://sound.westhost.com/project107.htm
Види овде има шема, би требало да ти е јасно све, ако не препрашај.
-
Не ми е јасно како TL072 може да издржат излез од аудиозасилувач ... И има ли некој шема за инвертирање на сигналот за да можам засилувачот да го поврзам мостно :) ??
-
хаха, не си разбрал, ова ти е влез за во појачалата
и правиш 1 ваков склоп и 2 засилувачи, во едниот засилувачот го пушташ директно сигналот, во другиот прреку овие инвенторите, а засилувачите ти се поврзани со излезите на 1 звучник, исега кога иди директно сигналот проведува едниот засилувач кога иди негативниот проведува другиот засилувач...
само пази не секој засилувач е погоден за да работи во мостна врска, можно е да си го изгориш засилувачот ;) ;D
-
Девил не ми е јасно баш :P Може некој мал цртеж за да ми се разјасни ;)??
-
Едниот канал ги засилува позитивните полупериоди од сигналот, другиот канал ги засилува негативните полупериоди од сигналот (не е баш вака, ама наједноставно е да се свати ако се објасни на овој начин), а целиот склоп се врзува на влезот на засилувачот. Кога ќе се каже мостна врска, не мисли на тоа дека едниот излез од едниот канал се надоврзува на влезот на другиот (иако има и такви комбинации, но многу ретки се, да не речам, скоро и ги нема, и не се нарекуваат мостна врска). Значи, еден операциски засилувач работи како неинвертирачки засилувач со засилување 1 (бафер) и само го рпепраќа сигналот кон едниот канал. Другиот операциски засилувач работи како инвертор и го препраќа сигналот кон другиот канал, но инвертиран (со сменета фаза за 180 степени). Е сега, едниот канал засилува „позитивно“, а другиот канал засилува „негативно“ (инветирано), односно другиот канал го засилува сигналот, но инвертиран, па напонот кој ќе се јави меѓу излезот (плусот) од едниот канал и излезот (плсуот) од другиот канал ќе биде два пати поголем (барем теоретски) одколку кога засилувачот би го засилувал истиот сигнал само на едниот канал (поради тоа реков, уште во првата реченица, дека не е баш исто како засилување на позитивни и негативни полупериоди од сигналот, но наједноставно ми беше да објаснам така, не ми текнуваше друг начин :S).
-
слично како на сликава само што ти нема да користиш трансформатор туку ОП
(http://www.yamaha.com/yamahavgn/Images/ProAudio/Product/413.gif)
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3685.msg34328;topicseen#msg34328 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3685.msg34328;topicseen#msg34328)
еве овде има нешто.
На +овите од излезите од засилувачот од засилувачите ќе ги врзиш звучникот, масите ќе ги краткоспоиш. Струјата што ке врви ќе биде дупло поголема, импендансата мора да биде 8-16 ома. Ако се предходно мостувани појачалата(внатре во нив) ќе изгорат. Провери дали помеѓу двете маси има напон.ако сакаш да ги мостуваш не треба да има.Мислам дека малце те доближив до мостувањето, но што не ти е јасно, слободно прашај
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=2341.0;attach=2482)
-
Јас лично повекепати се залагав да се избегнуваат во аматерски конструкции мостни споеви на појачувачи,бидејки и самите фабрики веке избегнуваат да прават такви модификации ( кои патем не се многу стабилни,ниту прифатливи за професионална работа)Најдобро е парите да си ги вложувате во подобри и поефикасни звучници и звучни кутии,а појачувачите да ги употребувате во рамките на параметрите кои се општо прифатени.Се друго е преголем ризик и лесно можете да останете без својот појачувач или без звучници!! ;D ;) И друго,ако сакаш да добиеч снага од мостниот спој треба да ја намалиш ( навистина е така,бицикле!) импендансата,а тоа е веке ризик од повлекување двојно поголема струја!!
-
да да ја намалиш, ама како што пиша стујата ке се зголеми па може да цркнат појачалата, а ако прегорат излезите во краток спој мислам дека и звучникот за кратко време ке пргори, затоа пишав дупли отпор треба да има.. Секако подбро е еден засилувач од 100 вати на пример него 2х50 мостувани, Исто и подобро е јбл,таној,еминенце од 50вати на 30-40 вати појачало него некој си Х звучник од 300 вати на 250-300 ватно појачали, како што велиш.
-
Колеги со колегата Влатко најдовме една добра шема на нет за да може моево појачало да се поврзе мостно :) :) :)
http://sound.westhost.com/p14_fig1.gif
Е сега имам три работи нејасни :D .....
1. Како треба плочкава да се ожичи(поврзе со појачалото)
2. Би требало да го работам на осум ома така ??
3. Како би требало да ги поврзам излезите на звучник ?? (кој излез е инвертиран т.е како би му дошло) ??
-
оваа плочка иде пред појачалото, значи ти требаат 2 појачала за мостно поврзување, не едно :D и +out иде на влезот од едно појачало, а -out иде на влезот од другото појачало.
можеш на колку оми сакаш да го поврзеш (а и зависи до појачалото)
излезите на звучникот ке ги поврзеш...+от од звучникот ке го поврзеш на појачалото кај што влегува +out од тоа инверторот (или како и да се викаше,шемата сега што ја имаш ставено), а -от од звучникот ке го поврзеш на појачалото кај што влегува -out од инверторот (или како и да се викаше...)
-
Хммм.. Све ми се измеша во главата :D... Ке може мал цртеж за да ми се разјасни подобро :) ??
-
Значи земаш еден канал (лев десен, мешан..) Го приклучиваш на инверторот. Од инверторот добиваш два излези. Едниот го пикаш во едното појачало, другиот во другото. Сега пјачалата се во мост. На плусот од едното пјачало и на плусот од другото појачало го врзуваш звучникот. Масите ќе ги спијш со жица(мада внатре се споени). АКО ВЕЌЕ СЕ МОСТУВАНИ ПОЈАЧАЛАТА ЌЕ ИЗГОРАТ! Ако има и други звучници на целиот тој сисетем т.е. во просторијата ќе пробаш жиците ќе ги мениш на двата плуса, па спрема тоа како ќе се вколпува подобро така ќе оставиш. Може да се приклучи и 4 омски звучник, но не експериментрај најарно е 8-16 оми
-
Сега нешто ми е појасно ама само влезот не ми е јасно како да го врзам ..... Излезот од инверторот како да го врзам :) ??
-
Убаво ти пиша Бојан, излезот од инверторот +OUT на влезот од едното појачало, -OUT на влезот од другото појачало, што има тука нејасно? ;)
-
Ахааа :D :D Значи + излезот од инверторот оди на плус од влезот на едното појачало а - излезот од инверторот оди на другиот плус од другиот канал ?? Така некако ? A минусите од влезовите на појачалото каде треба да ги врзам ?
-
На маса :)
-
Ги следам постовите и не можам да се изначудам,ама како постар морам да ве искарам: некои работи за кои се зафаќате на многумина ни приближно не им се јасни ;D ! Мој предлог - оној кој ја става шемата нека објасни или нека направи краток туторијал за она што го поставил.Значи,кога ке видите дека повекемина се јавуваат,а не им е јасно поврзување,ознаки ,елементи на шемата - потрудете се малку поопширно да го објасните тоа што сакате да го објавите и се тоа нека биде во еден поопширен опис.
-
На маса :)
Благодарам Лорд Зи :D ;)
-
еве мислам дека сеа ке сватиш како да го поврзеш.
-
Фала Влатче токму ова ми требаше за да не згрешам нешто :)
-
Колеги само да ве известам дека сега вечерва ке ја правам плочката за бриџување :D Засилувачот е спремен бидејќи на самото тоа лимче што велите дека е мало му додадов уште еден 100 ватен ладилник ;)
-
Ладиниците не се марат во вати ;)
-
Знам бицикле ;) Сакав само да кажам ладилник од сто ватно појачало ;)
-
Знам бицикле ;) Сакав само да кажам ладилник од сто ватно појачало ;)
дај слика некоја да видиме како изгледа...
-
Хмм тешко колеги , треба целото да го расклопувам :( ... При првото отварање ке го сликнам ;) ;)
Споено мислење: 22.02.2011, Tuesday, 21:31:20
Колеги ... склопов повеќе ја намалува моќноста отколку што ја зголемува :o :o Све е најдобро направено ;) Незнам зошто не функционира правилно >:( ....
-
мора да имаш нешто утнато.пробај без споена маса.
-
Abe Daniel,si go vikas od Vodno.... Ne cepkaj ,ne pravi od gotovo veresija!! ;D ;D
-
наместо 90 помалце или повеќе "го врти звукот", затоа се дешава тоа...
-
Toa ne se bas raboti koi im se poznati na site.Ne e samo da go napravis uredot!!!A rezultatite se nekogas porazitelni i ne sekogas so sreken kraj!
-
мора да имаш нешто утнато.пробај без споена маса.
знаев дека заборавил нешто...нема да кажам ке му се прснете од смеење,сега го тестира ке видиме со ке се деси
-
Да да Влатче така е ... ;) Ке го тестирам сеа наново и ке ви кажам резултати ;) ...
-
ајде чекаме.. ;D
-
да те издадам :P
-
Па незнам што му е :D Поврзав напојување ... поврзано е се како што треба ... ама еден елемент бил одлемен :D Ете сам се издадов :D :D
-
оф оф оф кујзнае сто све како ти е залемено и направено !!! како може елемент сам да се одлеми ссс
донеси утре у сколо да го видам :-X
-
Еве сеа ке го залемам и ке го пробам ;)
-
проба, што бидна?
-
Отиде ли нешто *јабана*!??? ;D Поздрави го класниот!
-
чим го нема,сигурно непали нешто ;D
-
хахаха да непали за жал :P Незнам зошто ... Кога го приклучив звучникот само бруи >:(
-
gnd(масата) ти е врзана? види да не има негде ладен лем или уште нешто не поврзано.
-
Све е океј али несака да се бриџува ... тоа е тоа ... ке го остаам стерео да не го зезнам пак :) ;)
-
Најарно ;)
-
постави слики,да видиме што си направил
Исто така од страната на лемните места.
-
Има колега слика од лемната страна ;) Само што е некоја страна поназад :D
-
Другари!
Ајде да не комплицираме со излитени појачалца!??
Еве за другарчето Даниел едно добро појачале таман за неговото напојување (+/-45V до +/-56V)
Трафото да е со минимум 250W за стерео!!
-
(http://www.pic.mk/thumbs/untitl1302883507.) (http://www.pic.mk/?v=untitl1302883507.)
Колеги ... утре е голем ден за мене :) :) ... Треба да го презентирам засилувачов само што незнам некои делови како работат во шемата :-\ ... Ке ме прашуваат кој дел како работи и која функција ја има ... :-\ Па кажете нешто да запишам за утре ... На пример : Тие диодите 1N4006 , транзисторите А733 , големите моќни отпорници после колекторите на 2SC 3280 и помалите отпорници и кондензатори ... :-\ за што служат ?
-
Виде ли за бас рефлекс кутиите? Да барам уште?? ;D :D ;)
-
Нетреба колега за тоа сега ... ова ми е итно :-\ :-\ :-\
-
Нетреба колега за тоа сега ... ова ми е итно :-\ :-\ :-\
Даниелче, кое појачалце ти е ИТНО, јас тоа што го предлагам или она твоето за Сабвуфер!? ;) :D >:(
Ајд позззз(((((
П.С.
Овој твој засилувач (dobar za Sabvufer) на влезот користи диференцијален предзасилувачки степен сo 2SA733 (BC560C) итн,...итн,... ??? ::) тој служи да го засили влезниот сигнал и да го држи Off-set напонот на излезот од засилувачот на 0V!! Транзисторот Tip41 (BD241) е извор на константна струја и работи во чиста А-класа,..
Тие диодичките (од каде ги најде 1N4006, треба да се 1N4002, бидејќи ги има на кило по продавниците!) заедно со серискиот отпорник од 10оми (лошо решение!! ;D),.... го одредуваат напонот на базите на погонските транзистори (околу 1,5Vdc), односно го одредуваат биасот на базите на на погонските транзистри TIP41 и TIP42, а со овој биас се одредува мирната струја низ излезните транзистори 2SC3280, а пак сето тоа значи со сето тоа се дефинира дали засилувачот ќе работи во AB-класа или во чиста B-класа...итн...итн!!?? ;) :D
Засилувањето се дефинира со односот на отпорниците 100к/680ома кое во дадениов случај изнесува Au=43,4dB и ова засилуање е доста големо, јас би го намалил на пристојно со менување на вредноста на отпорникот од 100k со отпорник од 27k!!! ;)
Прпорака: Од време на време читај литература инаку од тебе нема да биде електроничар!? :o ;)
-
Благодарност до Batka и Delija :) :) ...
-
Колеги да не отварам друга тема ... ;D :D Го продавам појачалово 2500 денари :D ;) Мислам дека цената е фер и реална :)
-
Колеги да не отварам друга тема ... ;D :D Го продавам појачалово 2500 денари :D ;) Мислам дека цената е фер и реална :)
Епа ќе отвориш и ќе ставиш линк до темава за да се знае за која тема и засилувач станува збор ;).
-
Колеги да не отварам друга тема ... ;D :D Го продавам појачалово 2500 денари :D ;) Мислам дека цената е фер и реална :)
Епа ќе отвориш и ќе ставиш линк до темава за да се знае за која тема и засилувач станува збор ;).
Сум имал отворено колега ;D :D Сум заборавил :D ;)
-
Колеги деловите ми стигнаа :D Само што немало транзистори TIP 41C па за замена ми ставија BD 243C
Сега пред да почнам да ја работам плочката ме интересира дали е ова соодветна замена и дали распоредот на пинови е ист ?
Tip41C и BD241C се идентични-исти транзистори!!!
Првиот е со Американска ознака (Тексас Инструмент), вториот е по Европска ознака!!
Ова го кажав за понатаму да се знае,....
BD243C народски речено е уште појак!!?
Ова С го дефинира максималниот дозволен напон помеѓу С и Е, и во дадениов случај е: Vceo=100V.
Поздрав