Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Претставувања => Topic started by: SKOLS_OLD on 11.08.2010, Wednesday, 19:01:29

Title: Претставување
Post by: SKOLS_OLD on 11.08.2010, Wednesday, 19:01:29
Здраво,јас се викам Стефан Василевски од СУГС Владо Тасевски-Скопје.Започнав да бидам електроничар кога мајка ми ме прати во Народна Техника пред 8 години,сакам да продолжам да ги посетувам просториите на Народна Техника уште неколку години.Па кога ќе дојде време да се запослам ќе бидам инструктор  ;D ;D.Имам учествувано на многу натпревари од кои започнав во петто одделение.На натпреварот во петто бев најмлад член во групата електроника (на натпреварот) и освоив 6 место.Сите се чудеа но јас не.Потоа во шестто одделение отидов исто на натпревар и го освоив моето 3 место.Во 7 одделение 2 место(најдобро).Но во осмо одделение исто отидов на натпревар но дека имаше мучки ме ставија на 4 место,па безнадеж отидов понатаму.Преку летото отидов на летниот камп на Пелистер за да учествувам на Роботека,таму го сретнав  Чекај (Михаил) и така.Потоа се запишав во СУГС Владо Тасевски и потоа пак натпревари!!Во прва година отидов во Гостивар ,таму не ми веруваа дека сум го направил часовникот од Емитер со дигитален термометар!!
Потоа следната година (втора година)отидов на натпревар во Тетово со електронската игра Змија(Црв) но проектот не ми работеше. :-[ :-[ Следнава година ќе размислам што ќе правам!!!Инаку ја сакам дигиталната електроника (микропроцесори) и аналогната електроника!!!

Тоа е се од мене!!Поздрав
Title: Одг: Претставување
Post by: GigaWatt on 11.08.2010, Wednesday, 19:19:43
Ееееееее, јас кај што завршив средно, таму учиш ти :D. ЖУЦ Владо Тасевски ;D.

Ај, добредојде на форумов, се надевам дека убав ќе ти биде престојот ;).
Title: Одг: Претставување
Post by: Devil on 11.08.2010, Wednesday, 19:32:43
Имај пријатен престој, чувствувајсе како дома, и следи ги куќните правила ;D
Title: Одг: Претставување
Post by: Bojan on 11.08.2010, Wednesday, 19:58:15
welcomeeee, имај убав престој, и споделувај со нас што е можно повеќе шеми...  ::)
Title: Одг: Претставување
Post by: cekaj on 11.08.2010, Wednesday, 20:31:13
Ај топло Добредојде и од мене Сколс, имај пријатен престој! :)
Title: Одг: Претставување
Post by: SKOLS_OLD on 11.08.2010, Wednesday, 22:51:07
Е во Битола ќе видам ќе дојдам до Алфа електроника,ти Чекај да ме чекаш ;D ;D ;D
Ќе шетаме низ Битола!!!
Title: Одг: Претставување
Post by: Urahara on 12.08.2010, Thursday, 00:39:44
Добредојде :)

ПС: Во Гостивар не дека не ти веруваа дека си го направил, туку ти се натпреваруваше во натпревар за ТРУД а беше направил готов проект (готова шема, готова програма :-) )

Поздрав.
Title: Одг: Претставување
Post by: SKOLS_OLD on 12.08.2010, Thursday, 01:00:49
Како мислиш готов проект,кога јас сам се направив!!Го програмирав сам микроконтролерот се правев сам!!! :D :D

Споено мислење: 12.08.2010, Thursday, 01:01:35
а од каде ме знаеш мене??? ??? ???
Title: Одг: Претставување
Post by: DARK on 12.08.2010, Thursday, 01:17:02
ООО другар добро ни дојде на форумов ја и ти се снаеме и ја сум од СУГС .Владо Тасевски
Дарио ако не ти текнува на мене може ке ти текне по ова

во тетово на натпреварот годинава земав 3 место со пјачалото и тоа големите црни звучници што ги носев ....
Title: Одг: Претставување
Post by: SKOLS_OLD on 12.08.2010, Thursday, 01:18:48
знам бе кој си!!! ;D ;D а ќе одиш оваа година пак на натпревар и со што???
Title: Одг: Претставување
Post by: Urahara on 12.08.2010, Thursday, 11:19:15
Како мислиш готов проект,кога јас сам се направив!!Го програмирав сам микроконтролерот се правев сам!!! :D :D

Споено мислење: 12.08.2010, Thursday, 01:01:35
а од каде ме знаеш мене??? ??? ???

И јас учествував на тој натпреват :). Механички ти сѐ беше направил, но шемата ти беше земена здраво за готово истотака и програмата.

Ајде ќе има многу други натпревари во иднина :)

Како што реков, добредојде и имај убав престој :)