Македонски форум за електроника
Останато => Софтвер => Topic started by: batka on 29.07.2010, Thursday, 17:12:55
-
Ова е програмче кое заменува сигнал генератор. Освен за испитување на аудио уреди, звучни картици, може да го искористите и како растерувач на комарци, само треба добри пиезо звучници. Или на постоечките компјутерски,да им додадете пиезо- плочки преку сериски 10 ома 1 ватотпорник и 1 мФ блок кондензатор.
-
Можеби добро функционира со on-board картици, ама јас имам екстерна, баш го пробав. Резултатот беше поразителен, се јавуваше пуцкетање и не функционираше како што треба, на оример му задаваш да осцилира од 400-4000Hz и нема разлика меѓу сигналот генериран од 40-400Hz и тој од 400-4000Hz. Во заднината се слуша пуцкетање или hiss, некогаш и осцилации на повисоки фреквенции, некогаш дури се слушаше и како сигналот сам на себе да врши AM модулација. Можеби има некој проблем со ASIO драјверот, искрено не знам... Имам постигнато многу подробри резултати со CoolEdit...
Како и да е, најверотно добро ќе работи со обичните on-board картици ;).
-
кај мене на 4Hz се слуша 4 пати во секунда тут тут тут тут ама па тој тон беше мноогу повеке од 4Hz, наместо тут тут можеле да стават тит тит (пискав)
-
Изгледа нешто не е во ред со софтврчето, можеби не функционира како што треба на NT оперативни системи или има проблеми со драјверите на NT оперативни системи, сепак, се гледа дека е старо.