Македонски форум за електроника
Останато => Софтвер => Topic started by: Bojan on 25.06.2010, Friday, 10:40:24
-
GigaWatt ми пиша порака за да сум му ги прател симболите со кои што цртам шеми во корел, па ај да не бидам скржав еве да ги споделам со вас, можеби на некој ке му се најдат...
-
да споделиш нешто твое со останатите форумџии е за пофалба и тоа е супер :) лошо е некој кога ке рече е јас имам ама не ви давам или не ви кажувам >:(.
Јас искрено корал немам во компјутерот години наназад а и веке не го ни знам да го работам но без разлика имаш репутација за ова.
-
И од мене имаш +rep ;). Јас не сакав да ја расипувам темата каде што ја видов така убаво нацртана шемата во Corel, па си викам ај да ти пишам PM ;). Убаво што ти текнало со сите да споделиш ;D.
-
сега уште да кажеше како се користат односно како се инсталираат пошто појма немам од корел :)
-
Па вака, ги отвараш фајловите со Corel, и нека си седат така отворени во Corel. Отвораш нов .cdr фајл (нов CorelDRAW фајл), и кога ќе сакаш да искористиш некоја компонента, само правиш copy/paste на компоентата од веќе отворените фајлови во новоотворениот .cdr документ, и ги преспојуваш компонентите со линии (векторски). При тоа, ќе избереш дебелината на линијата да не биде најтенка (hairstyle), туку малку подебела (може да се подеси тоа во object properties tab-от што би требало да се појави од десната страна на прозорецот во Corel кога ќе избереш propеrties на објектот, во конкретниот случај на линијата).
Треба малку да се експериментира, и јас треба да видам точно како функционира се, и јас ја немам разработено оваа база на симболи, Треба да му ја седнам ;D. Ај, ако имам време наредниве неколку дена, ќе ја разработам па ќе направам туторијалче ;).
-
е заради вакви работи користам наменски софтвер само за електроника, да не се мачам копи пејст шо знам јас барај ова барај она
сепак фала за објаснувањето
-
Да, далеку поедноставно е со софтвер да се работи, ама мене поубаво ми изгледат шемите вака ;). Не ради друго, можеш да ставаш custom работи, на пример, сакам отпорникот од 2W да биде малку поголем од другите, да изгледа и визуелно поубаво, а плус и да падне во очи, да не се збуниш ;). Такви работи нема во OrCAD Capture на пример ;) (јас тој фатив да го работам од програмиве за симулација и цртање на електронски кола).
-
Такви работи има и во sPlan 7 та, можеш да ги влечеш компонентите и се зголемуваат ;D
-
sPlan е многу добар но само за цртање, од него неможеш да вадиш нет листи за да правиш плочки понатаму.
-
Сите ми го спомнуваат sPlan, ај баш да видам да фатам да го работам, ако е навистна поедноставно за цртање од Corel ќе работам во него ;).