Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: MKD-Boy on 14.12.2021, Tuesday, 16:11:41

Title: Поправка на графички
Post by: MKD-Boy on 14.12.2021, Tuesday, 16:11:41
Дали сте пробале да поправите графичка картичка?

Инаку, искрено не ми изгледа баш како некоја многу комплицирана, технологија/електроника, но сепак кога ке застанеш со инструмент сепак изгледа малку комплицирано ;)
Инаку имам неколку расипани да речам прилично скапи графички од гтх сериите..му се мислев да ги расчачкам, и пробав една прилично постара графичка да ја оправам и ми успеа.
Сте имале искуство некое околу оправки?
Title: Re: Поправка на графички
Post by: krema on 14.12.2021, Tuesday, 16:23:39
пробав една прилично постара графичка да ја оправам и ми успеа.
Сподели како ја оправи!
Title: Re: Поправка на графички
Post by: MKD-Boy on 14.12.2021, Tuesday, 16:56:40
пробав една прилично постара графичка да ја оправам и ми успеа.
Сподели како ја оправи!
Детално чистење со алкохол, прелемување на сите чипови, убаво го вжештив графичкиот процесор, скоро на сите компоненти, им го стопив калајот.
(Инаку на чиповите им го исчистив стариот и ги прелемив со нов). Таа опција ја оправи графичка, и колку за тест му ја зголемив фрекфенцијата на работа, и ја оптеретив со игра која бара прилично јака графика. Работи графичката за мерак после цела операција, му ја дадов на едно пријателче вика по ,,цел ден чинчаат децата на компјутер гајле нема"

Е сега имам неколку со очигледно ,,изгорени" СМД компоненти, ама знам дека и да ги променам нема да функционира бидејќи има и нешто друго изгорено, што нормално не се гледа со голо око ;D.
Title: Re: Поправка на графички
Post by: krema on 14.12.2021, Tuesday, 19:49:01
Аааа епа супер, него со дувалка работеше, така?
Title: Re: Поправка на графички
Post by: MKD-Boy on 14.12.2021, Tuesday, 20:34:40
Аааа епа супер, него со дувалка работеше, така?
Па нормално, инаку како ке прелемиш чип ;D.
Title: Re: Поправка на графички
Post by: bicikle on 14.12.2021, Tuesday, 21:35:58
IR греач.
Title: Re: Поправка на графички
Post by: krema on 14.12.2021, Tuesday, 22:33:23
IR е ваљда повеќе за профи работа.
Title: Re: Поправка на графички
Post by: MKD-Boy on 14.12.2021, Tuesday, 22:53:46
Со калорифер :)
Баталете шала на страна, ја отворив темава со цел да споделиме искуства околу Репарирање на графички.
П.с криво ми е што не направив некоја фотка од тоа што го правев.
Title: Re: Поправка на графички
Post by: MarkoMK on 14.12.2021, Tuesday, 23:23:15
Интересна тема... Јас исто деновиве со ова се занимавам.. додуша само гледам клипови на јутуб ама .. мора да се почне од негде :)
Го гледам NorthridgeFix каналот.. типот поправа се и сешто ама има доста графички карти.

Има термална камера, и во доста случаи, дефектот на графичките го наоѓа со неа.
Инјектира мал напон, голема струја, во кратки интервали и гледа на камерата кој дел загрева.

Мора добра опрема да се има за оваа работа.. ама се исплати.. ќе им поправаш картици на „копачиве“ на крипто :) или може да си направиш сам рудник од репарирани графички
Title: Re: Поправка на графички
Post by: GigaWatt on 14.12.2021, Tuesday, 23:58:46
Дали сте пробале да поправите графичка картичка?

Во кој смисол? Баш не работи или некоја со зезнат кулер па само кочи и рестартира кога ќе прегрее?

Инаку, искрено не ми изгледа баш како некоја многу комплицирана, технологија/електроника, но сепак кога ке застанеш со инструмент сепак изгледа малку комплицирано ;).

Море комлицирано е, само така ти изгледа ;D.

Не дека е прекомплицирано во денешно време. Најголем проблем се напојувачките секции, тие горат, т.е. или MOSFET-ите за напојување, или SMPS контролерите за јадрата (т.е. контролерите за MOSFET-ите кои ги напојуваат јадрата/чипот).

Инаку имам неколку расипани да речам прилично скапи графички од гтх сериите..му се мислев да ги расчачкам, и пробав една прилично постара графичка да ја оправам и ми успеа.
Сте имале искуство некое околу оправки?

Да, имам поправено неколку графички. Генерално, да, ми успевало. На некои, не ми успеа, но... that's life, I guess :).

Детално чистење со алкохол, прелемување на сите чипови, убаво го вжештив графичкиот процесор, скоро на сите компоненти, им го стопив калајот.

Екстремна техника, но во 50% од случаите функционира ;). Ако не знаеш како, удри јако ;D.

Е сега имам неколку со очигледно ,,изгорени" СМД компоненти, ама знам дека и да ги променам нема да функционира бидејќи има и нешто друго изгорено, што нормално не се гледа со голо око ;D

Прво види што чипови се тие SMD-то (ако може да се види... ако не се ќумуросани). Ако се SMPS контролери, има шанси да се оправи ;). Самите контролери, не се скапи, ги има на eBay и AliExpress од кај Кинезиве, по 2, 3 долари се ;).

Има термална камера, и во доста случаи, дефектот на графичките го наоѓа со неа.
Инјектира мал напон, голема струја, во кратки интервали и гледа на камерата кој дел загрева.

Генерално земено, до сега барем, сум немал потреба од вакво нешто. Јас на допир осеќам, old school :P :D.

Не дека не е корисно, знае да се најде, ама во аматерски услови, освен ако не е џабелеску ефтина, нема потреба да ја купуваш ;).

Мора добра опрема да се има за оваа работа.. ама се исплати.. ќе им поправаш картици на „копачиве“ на крипто :) или може да си направиш сам рудник од репарирани графички

Порано нудеа грдни пари за модифицирано BIOS-и да им load-аш на графичките (на повисок такт да работат). Сега... не знам, можеби има пари и во тоа, не би знаел да кажам.

Мада има логика, добри графички се 20.000 денари па нагоре. Да ти се зезне, а само што си ја земал (пример, пред една година, а толку и важи гаранцијата), сигурен сум дека би фрлил и 3, 4 илјади за да си ја оправиш ;).