Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: DX-er on 04.12.2021, Saturday, 23:05:15
-
Дали може да се искористи монитор од стар лаптоп како монитор од за DVD, SET TOP BOX, Android box или сл. ?
-
Тешко..
-
Може, ама поарно не... освен ако не најдеш готов адаптер за исплатлива цена на ибеј/али.
-
Кинезиве имаат направено едни универзални LVDS control boards. Има најразлични firmwares за различни типови на екрани (по производител и модел). Но, да бидам искрен, се исплати да се инвестира во такво нешто само за големи монитори и телевизори. Не се баш евтини, поради тоа.
Но, пробај си ја среќата. Сега сме пред нова година, има sales на AliExpress и eBay, провери, можно е да начекаш некој за неколку долари :).
-
Може, со соодветен LVDS како што кажа @GigaWatt. И јас имав ваква идеја да пренаменам дисплеј од лаптоп за Raspberry Pi, но досега сум немал можност да дојдам при расипан лаптоп за да го извадам дисплејот, а и искрено немам многу барано. ;D
Еве едно видео каде што е објаснет процесот за пренамена за Raspberry Pi, но сметам дека би функционирало и за останатите работи кои што ги спомена:
-
Јас имам вакво нешто направено, малку е трики со контролерот и lvds кабелот. :)
Контролерот (оној само за слика без TV и слично) и не е толку скап. Исто и ccfl инвертерот не е скап доколку стариот е нефункционален. :)
-
Еве една идеја, сега не се употребува како монитор, ама пак има некоја корист од него..
„Прозор“ каде што нема природна светлина :)
-
„Прозор“ каде што нема природна светлина :)
Добра идеја, само што дисплејот од лаптоп може да биде прозорче во купатило. :D
-
Може, со соодветен LVDS како што кажа @GigaWatt. И јас имав ваква идеја да пренаменам дисплеј од лаптоп за Raspberry Pi, но досега сум немал можност да дојдам при расипан лаптоп за да го извадам дисплејот, а и искрено немам многу барано. ;D
Исконтактирај ме, ќе добиеш цел лаптоп ;D. И онака немам што да им правам ;D.
ПС: Проблем е ако е помал екран, 15.4 или 15.6"?
Добра идеја, само што дисплејот од лаптоп може да биде прозорче во купатило. :D
Само што правиме за вентилација ;D ;D ;D.
-
За вентилација ќе си ставиш еден мобилен телефон со анимација од вентилатор. :D
(https://i.imgur.com/CrvykB9.gif)
-
Барем виртуелно ќе биде извентилирана просторијата ;D.
-
Исконтактирај ме, ќе добиеш цел лаптоп ;D. И онака немам што да им правам ;D.
Ти благодарам многу за понудата. Ќе те имам на ум за во блиска иднина. Моментално сум зафатен со факултет и немам можност да работам на некои side projects, електрониката ми е малку запоставена. :D
-
Ако, нема проблем, кога сакаш, тогаш ;).