Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Steff_92 on 01.11.2021, Monday, 20:37:32

Title: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: Steff_92 on 01.11.2021, Monday, 20:37:32
Здраво на сите.
Имам земено обичен UPS наменет за ИТ опрема, но го користам на печка на пелети (обична дувалка, не е парно систем).
УПС-от е Mediacom M-UPS-1300M (https://www.mediacomeurope.it/prodotto/M-UPS1300M/xpower-1300) кој што по спецификации е 720w, додека печката е максимум 420w. Главниот услов е исполнет. Сега сакам да го преработам, односно да го направам со можност за конекција на автомобилски акумулатор, за во случај кога треба да работи печката повеќе часови без електрична енергија. На пример сега со интегрираната батерија (која што не знам точно колку е, дали 7 или 9Ah) држи околу половина час.

Идејата и консултација за која што барам е, да извадам жици со штипки на кој што ќе може да се приклучи акумулатор (паралелно поврзан со интегрираната батерија).

Прво сценарио: Акумулаторот е наполнет со полнач за акумулатори и воопшто не е приклучен во момент на УПС-от. Снемува електрична енергија и се активира УПС-от со интегрираната батерија. Имам половина час време да го донесам полниот акумулатор и да го поврзам на ново додадените штипки. Работата не печката си останува непрекината.

Второ сценарио: Акумулаторот е наполнет со полнач за акумулатори и потоа поврзан на ново додадените штипки. УПС-от со неговото константно работење ќе го оддржува во full фаза, а доколку снема електрична енергија, со преминот на батерија, ќе си ги користи взаемно интегрираната батерија и акумулаторот. Работата на печката си останува непрекината. По потрошување на акумулаторот, ќе го тргнам од УПС и ќе го наполнам на полнач за акумулатори.

Со ваков начин мислам дека нема да има оптеретување на УПС-от за полнење на акумулатор од 0 (големина на акумулатор 55-75Ah), а од друга страна пак нема да има ниту проблем да го троши односно користи акумулаторот. Сметам дека УПС-от нема толкав систем кој што ќе ја препознава големината на акумулаторот па да му прави проблем, туку тој само зема 12v, преку инвертер си качува на 220v и се додека има соодветен напон и струја од батеријата, тој ќе си работи.
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: ace1903 on 01.11.2021, Monday, 22:41:37
Првото сценарио ти е лошо. Паралелна врска на акумулатори со различен капацитет и различен напон не е дозволена. Да речеме дека за тие 10 минути додека го поврзеш вториот акумулатор, првиот се испразнил до 12 волти. Кога на него ќе поврзеш паралелно акумулатор со 13.5волти и 55 ампер часови првиот ќе се полни со многу висока струја и може да се оштети.
Сум користел УПС само со надворешен акумулатор од автомобил и немало проблем. Генерално УПСите ги полнат акумулаторите до 15в(пошто акумулаторите се од СЛА тип) а во кола најчесто напонот иде до 14в. Овој волт вишок мислам дека не прави проблем.
Проблем ми правело тоа што УПСите имаат минимум потрошувачка и ако товарот е под тоа се исклучуваат. Знае да биде незгодно ако печката ти е со термостат па ако еднаш се исклучи повторно нема да се вклучи.
Моќноста на УПС ите е специфицирана за тие 30мин. Доколку ги користиш со поголем акумулатор се намалува. Финта на кинезите кои ги под-димензионираат ладилниците на транзисторите, па постепено да се загреваат и за 30мин постигаат максимална температура кога и онака батеријата ќе се испразни и системот ќе се исклучи.
УПСов што го имаш вика дека е 1300VA што ми е некако многу оптимистички. Печката ти е 420вати ама веројатно индуктивен товар па тоа е многу повеќе VA.
Зависно од моторот можеби и нема да може да тргне. На старт моторот повлекува голема струја и може струјната заштита во упс от превентивно да исклучи.
Мој совет ти е додека не фатиле студови и рестрикции да пробаш со оригиналниот акумулатор дали воопшто можеш да ја користиш печката потоа да рамислуваш за преправки.
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: Steff_92 on 01.11.2021, Monday, 23:06:19
Првото сценарио ти е лошо. Паралелна врска на акумулатори со различен капацитет и различен напон не е дозволена. Да речеме дека за тие 10 минути додека го поврзеш вториот акумулатор, првиот се испразнил до 12 волти. Кога на него ќе поврзеш паралелно акумулатор со 13.5волти и 55 ампер часови првиот ќе се полни со многу висока струја и може да се оштети.

Сето ова потекнува од проблемот со простор во дневна соба, а малку и изгледот околу неа. Не сакам да ми стои акумулатор нон стоп до печката, единствено нели во морални услови. Но од друга страна кога инцидентно ќе снема ел. енергија, интерната батерија е доволна да ја оддржи функционалноста на печката.

За првото сценарио не го размислив дека батеријата ќе почне да се полни и забелешката е на место.
Сега ова ми дојде идеја да го решам со On/Off switch која батерија/акумулатор да е активна. Преминиот од неколку секунди од една на друга, односно активност на двете во исто време не верувам дека ќе биде проблем.

Сум користел УПС само со надворешен акумулатор од автомобил и немало проблем. Генерално УПСите ги полнат акумулаторите до 15в(пошто акумулаторите се од СЛА тип) а во кола најчесто напонот иде до 14в. Овој волт вишок мислам дека не прави проблем.
Проблем ми правело тоа што УПСите имаат минимум потрошувачка и ако товарот е под тоа се исклучуваат. Знае да биде незгодно ако печката ти е со термостат па ако еднаш се исклучи повторно нема да се вклучи.

За минимум потрошувачка не било така со ниту еден UPS што сум користел, а еве го пробав и на овој. Можеш слободно телефон да си полниш.

Моќноста на УПС ите е специфицирана за тие 30мин. Доколку ги користиш со поголем акумулатор се намалува. Финта на кинезите кои ги под-димензионираат ладилниците на транзисторите, па постепено да се загреваат и за 30мин постигаат максимална температура кога и онака батеријата ќе се испразни и системот ќе се исклучи.

Сфаќам дека ова UPS не е никаков посебен бренд, но со ова сакаш да кажеш дека тие всушност не се дизајнирани за подолга работа на батерија?

УПСов што го имаш вика дека е 1300VA што ми е некако многу оптимистички. Печката ти е 420вати ама веројатно индуктивен товар па тоа е многу повеќе VA.
Зависно од моторот можеби и нема да може да тргне. На старт моторот повлекува голема струја и може струјната заштита во упс от превентивно да исклучи.
Мој совет ти е додека не фатиле студови и рестрикции да пробаш со оригиналниот акумулатор дали воопшто можеш да ја користиш печката потоа да рамислуваш за преправки.

Досега стартување на печка не сум тестирал, ќе го пробам утре одма.
Тестирав активна печка на минимум (толку ми е всушност потребата од топлина), држи 30 мин, пробав гасење на печка, која што има активност на вентилатор и траење од 15 минути, издржа до крај и остана уште батерија.
Не сум толку стручен и не знам да определам индуктивен товар, инаку ватажата ја прочитав од техничките спецификации. Моделот е Afla Plam Luca.
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: GigaWatt on 02.11.2021, Tuesday, 01:27:22
Овој волт вишок мислам дека не прави проблем.

Не е страшно, ама... не е лошо некој моќен грец да се стави во серија со + или - (за да пушта и во двете насоки, полнење и празнење)... а може и два, зависи колкав пад на напон сакаш да направиш ;).

Проблем ми правело тоа што УПСите имаат минимум потрошувачка и ако товарот е под тоа се исклучуваат. Знае да биде незгодно ако печката ти е со термостат па ако еднаш се исклучи повторно нема да се вклучи.

Зависи од UPS до UPS, не сите имаат ваква детекција. Обично поевтините, немаат.

Моќноста на УПС ите е специфицирана за тие 30мин. Доколку ги користиш со поголем акумулатор се намалува. Финта на кинезите кои ги под-димензионираат ладилниците на транзисторите, па постепено да се загреваат и за 30мин постигаат максимална температура кога и онака батеријата ќе се испразни и системот ќе се исклучи.

Ова лесно се решава со дополнителен кулер, имам правено вакви модификации.

Зависно од моторот можеби и нема да може да тргне. На старт моторот повлекува голема струја и може струјната заштита во упс от превентивно да исклучи.

Е да, ова е можно... не се дизајнирани за големи флуктуации во потрошувачката, пред се поради начинот на кој работат (новите се исклучиво SMPS со обликување на синусоидата, кај старите, каде што се користеше класично трафо, полесно беше да се изгаси заштитата, кај новиве, немам пробувано).

Преминиот од неколку секунди од една на друга, односно активност на двете во исто време не верувам дека ќе биде проблем.

Па... зависи колку е едната празна а другата полна... не дека се случува често, ама и пробив поради ненадеен наплив на енегрија, не е невозможно сценарио.

За минимум потрошувачка не било така со ниту еден UPS што сум користел, а еве го пробав и на овој. Можеш слободно телефон да си полниш.

Изгледа од поевтините е ;). Не дека значи ова нешто, нема некои контроли и дополнителни функции кои ги имаат поскапите ;).

Сфаќам дека ова UPS не е никаков посебен бренд, но со ова сакаш да кажеш дека тие всушност не се дизајнирани за подолга работа на батерија?

Да, во повеќето случаи така е. Ладилните тела им се поддимензионирани, плус се е тоа затворено во една кутија, доста често без некои големи дупки за ладење (или никакви дупки... зависи од UPS до UPS). Но, како што веќе реков, се додава кулер кој се активира кога ќе снема струја (во исто време кога и се активираат батериите) и тој ги лади потоа транзисторите/MOSFET-ите ;).
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: bicikle on 02.11.2021, Tuesday, 17:46:24
Стај еден 55Ah акумулатор и терај така, за да врзуваш паралелно треба да се идентични или да имаат коло за менаџирање на акумулаторите. И вентилатор.
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: Steff_92 on 03.11.2021, Wednesday, 12:37:47
Досега стартување на печка не сум тестирал, ќе го пробам утре одма.
Тестирав активна печка на минимум (толку ми е всушност потребата од топлина), држи 30 мин, пробав гасење на печка, која што има активност на вентилатор и траење од 15 минути, издржа до крај и остана уште батерија.

Денеска се соочив со следниот проблем.
Информацијата горе што ја пишав беше од лани.

Денешното сценарио ниту можеше да ја стартува печката, ниту работеше веќе активна само на UPS. Заради X причина, кога ќе е на УПС, печката почнува да ги полни пелетите во горилникот постојано, односно "полжавот" работи нон стоп со забрзано темпо. Ова всушност доведува до преполнување на горилникот со пелети и гаснење на оган, а потоа активирање на аларм на печката.

Договорив едно појако УПС за проба деновиве и ќе видам што ќе направам со него.

Code: [Select]
http://www.waqasgroup.biz/products/APC-UPS-3000VA-T.html
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: GigaWatt on 04.11.2021, Thursday, 20:58:28
А лани работеше се како што треба?
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: Steff_92 on 05.11.2021, Friday, 13:59:34
Не со истиот модел на УПС. Исто Mediacom, ама моделот беше друг, нешто послаб.
Овој го земав летоска како појак, ама испадна нефункционален.

Пробав со ова (http://www.waqasgroup.biz/products/APC-UPS-3000VA-T.html) UPS, работи све нормално и мислам дека ќе држи повеќе саати. Треба и тоа да го тестирам.
Денеска немав струја 1ч, само 1 цртка му падна од 5.
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: Steff_92 on 12.11.2021, Friday, 11:14:54
Тестирав со APC 3000 UPS-от и држи 2 ипол часа со стартување на печка или 3 часа ако претходно било стартувана.

Бидејќи имам 2 вакви UPS на располагање, а само еден со исправни батерии, повторно ја размислував варијантата едниот да оди со акумулатор, ама кога го растурив, сфатив дека истиот му се врзани 2 пати сериски батериите, па качува дури на 48v, што значи ќе ми требаат 4 акумулатори, непотребна гужва.

Дали некако е изводливо вакво UPS да се приклучи само на еден акумулатор од 12V? (нормално и буџетот не е неограничен за вакви модификации)

Плочата е 4G 3KVA PINTO TOWER - ASSY NO: 640-0800E_REV05
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: krema on 12.11.2021, Friday, 17:12:26
Дали некако е изводливо вакво UPS да се приклучи само на еден акумулатор од 12V? (нормално и буџетот не е неограничен за вакви модификации)

Тешко, сепак смарт упеесот е дизајниран да работи на 48v, а од друга страна што би постигнал со инвертер од 12v на 220v? Претпоставувам дека и да е можна преправка да работи со 12v пак нема да ти ја работи печката и ќе го имаш истиот проблем што го имаш опишано во претходните постови.

Ваков UPS APC UPS 1000V можеш да го модифицираш со два акумулатори во серија (упеесот работи на 24v) и ќе добиеш тоа што ти треба. Колку ќе издржи во режим на работа ќе зависи од тоа колку амперски ќе ти бидат акумулаторите. Се препорачува акумулаторите да бидат нови и со иста ампеража.
Code: [Select]
http://www.waqasgroup.biz/products/APC-UPS-1000VA.html
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: bicikle on 12.11.2021, Friday, 18:11:49
Работава е што упс-от ќе се пушти сам, инвертерот треба сам да укучуваш, полниш...
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: krema on 12.11.2021, Friday, 20:43:40
Погрешно интерпретирав „инвертер“, мислев на упеесот што му работи на 48v и да го преправи на 12v. Мислам дека е апсурдно тоа.
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: bicikle on 12.11.2021, Friday, 22:23:52
како би го преправил, малце по комплицирано би било тоа.
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: krema on 12.11.2021, Friday, 23:05:47
Не малце, туку ептен комплицирано, чинам и дека е невозможно. Упеесот има цела матична плоча + може да се пристапи преку USB или RS232 (зависи од моделот) со нивен брендиран софтвер за фино подесување и мониторирање на логови кој што ги прави самиот упеес додека е активен.
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: Steff_92 on 12.11.2021, Friday, 23:13:38
Тоа што јас го замислив можеби е фикс идеја и неизводливо затоа што целата плоча си е предвидена за работа на 48v. :)

Небитно тоа, еве да кажеме сакам акумулатори да му ставам, на што треба да се обрати внимание?
Ампеража со која УПС-от ќе ги полни акумулаторите не би требало да има проблем, освен нели поспоро и побрзо полнење. (неговите предвидени ги полни за 3-4ч, автомобилски појаки, повеќечасовно полнење)
Дали треба да се бара некој специфичен акумулатор (вакви ќелии, онакви, старт/стоп, за јапонски возила што рекламираат и сл.) или ќе врши работа било каков, само сите да се иста јачина?

Дополнително нешто што ме збунува е:

Еве го конекторот за 2 батерии сериски поврзани, тука доаѓаат 24v. Има по 2 жици за + и 2 за -.

(https://i.ibb.co/GJwJbCh/IMG-0720.jpg) (https://ibb.co/GJwJbCh)

Вториот конектор исто за 2 батерии сериски поврзани. Овде доаѓа на + жолтата жица од претходниот конектор и црна жица -, исто така по 2 жици.

(https://i.ibb.co/5kzYmQ3/IMG-0721.jpg) (https://ibb.co/5kzYmQ3)

Забуната е, двете жици од минус се поврзани на една заедничка спојка со штраф, додека двете жици црвени за + се поврзани на 2 различни места.
Тој алуминиумски дел е залемен на плоча а и всушност изгледа е ладилник на транзисторите негови.
Дали ова значи дека некако УПС-от ја распределува работата за батериите во 2 линии со посебни транзистори или?

(https://i.ibb.co/Lh0hpbT/IMG-0722.jpg) (https://ibb.co/Lh0hpbT)
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: bicikle on 13.11.2021, Saturday, 21:12:19
Најверојатно има симетрично напојување, 24,0,-24, што и не ти менува нешо во однос на купување акумулатори. Пошто акумулаториве се кроиста да речиме еднаш годишно, не мора да се баш по пропис. Што значи тоа. За вакви работи се користат стационарни акумулатори, предвидени за долготрајна употреба со мали струи, односно оние за кола се предвидени да работат кратко со виски амперажи. Да купуваш нови стационарки акумулатори, ќе дајш 300 еу или повеќе за 10 пати што ќе ги искористиш, а малите акумулатори се скапи( тија за коли), поефтино ќе те фати да купиш 4х55 ампера него 4х12ах, или исто во цена, а со првиве поќе ќе завршиш работа. Е сега, пошто ти требаат 10-15 тина ампера, барај на старо акумулатори на кило, оти за на кола нема да ги бива, пошто нема да дадат потребните 60-70 А, ама тебе не ти ни требаат, но по 10-15 ампери ќе дат уште 10-тина пати, а пошто ќе бидат постојано на полнење, зголемениот ефект на самопразнење ќе биде занемарен т.е. наместо да имаат 45aH, ќе имаат ефективно 35аH, но ти ќе ги земиш на кило, а ќе ти бркаат работа. Втора опција ти е, некој гледаше на бувљак акумулатори за упс ( стационарни), нови, но беа по 10-15 ah, и реално не можеш да влечиш поголеми струи од 5А, пошто се млаи, мораш да врзиш 2-3 паралелно, па 4 сериски, што е... околу 150 евра, односно многу. Е сега со оваа опција следните 5 год си раат, а со акумулаторите на старо, реално може некад да те изненадат, ама ќе гу купиш за 2-3000 денара. 

Инаку старт-стоп, не ти требаарт, ти ќе ги полниш 364 дена и 10 саати, а ете некои 14 саати цела година нека нема струја. Можда поефтино ќе те фати некое агрегатче, односно ја би играл на варијанта 1kw упс што работи на 12 в и неколку стари акумулатори, купени на кило, од кои ( ако не сакаш да ти прават гужва ) 3 да ти се на некој друг полнач некаде на страна, а еден на упс, како би праел комбинации во случај на пад на струја.
Ама ако не ти е на парно, зш не си земиш некоја алтернативна опција како ќумбе? 
Title: Re: Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети
Post by: GigaWatt on 15.11.2021, Monday, 00:40:24
Дали ова значи дека некако УПС-от ја распределува работата за батериите во 2 линии со посебни транзистори или?

Или тоа, или едната линија е за празнење, другата за полнење... или комбинација и од двете... дур не се изанализира детално, не може да се каже која од овие комбинации е.

А за остатокот, послушај го bicikle, нови не ти требаат... нема поента, за џабе фрлена пара е. Купи си на старо ;)... само да немаат краток спој во некоја од ќелиите, само тоа гледај, остатокот (капацитет) може да се корегира (а и не мора ;)).