Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: LordZi on 26.10.2021, Tuesday, 15:28:01

Title: Непознат мотор - како да го испитам?
Post by: LordZi on 26.10.2021, Tuesday, 15:28:01
Ми донесоа некоја машина за перење, од оние малите ко играчки што се, на која прегорел моторот и бил наводно премотан потоа, машината е модел Clatronic MWA3540 и изгледа вака:

(https://i.postimg.cc/Dfp6HYjh/image.jpg) (https://postimages.org/)

Целата инсталација е расчерупана, не се гледа каде што било врзано. Има внатре и еден кондензатор 4uF, најверојатно за моторот. Тоа што ме буни е што моторот има две независни намотки, ама со иста отпорност, околу 110ома секоја. Како да го поврзам за да го пробам, дали на било која може да се врзе кондензаторот, пошто е исти...?
Иначе на самиот мотор нема ниту плочка, ниту било каква ознака или број, ништо...

(https://i.postimg.cc/j5d6kzyC/IMG-20211026-142514-resized-20211026-022703894.jpg) (https://postimages.org/)

(https://i.postimg.cc/xdQ3LrCv/IMG-20211026-142531-resized-20211026-022703214.jpg) (https://postimages.org/)

(https://i.postimg.cc/hG0brCzH/IMG-20211026-142548-resized-20211026-022702431.jpg) (https://postimages.org/)

(https://i.postimg.cc/vZfv18Q8/IMG-20211026-142601-resized-20211026-022701401.jpg) (https://postimages.org/)
Title: Re: Непознат мотор - како да го испитам?
Post by: Devil on 26.10.2021, Tuesday, 17:10:46
не знам каков тип на мотор е овај, но има едни permanent split capacitor motr што се викаат, разгуглај да не се поклопува со нешто такво.
Тоа е мотор со работна и стартна намотка
Title: Re: Непознат мотор - како да го испитам?
Post by: ace1903 on 26.10.2021, Tuesday, 17:36:09
Намотки со идентична отпорност се вообичаени кај мотори кои во тек на работа треба да менуваат смер на вртење.
Стави слика и од електрониката(ме мрзи да барам на нет искрено).
Моја предпоставка е дека има еден релеј за менување на смер на вртење.
Во тој случај еден крај од намотките го врзуваш заедно и на "нулата" условно.
Кондезаторот го поврзуваш помеѓу другите два краја. Фазата преку но или нц ја носиш на спојна точка помеѓу кондезатор и намотката.
Title: Re: Непознат мотор - како да го испитам?
Post by: totii on 26.10.2021, Tuesday, 17:52:56
Провери дали пресекот на жицата на намотките е со иста дибелина,ако не е таа со подебела жица е главна а таа со тенка е помошна.
Пробај да го врзиш на следниот начин:Почетокот од првата намотка спој го со почетокот од втората намотка и тука донеси N,помегу крајот на првата и крај на втората намотка врзи го кондезаторот и донеси L во точката каде ти се врзани едниот крај од кондезаторот и крајот од втората намотка.Вака можеш да ја провериш исправноста на моторот додека во масината треба да врти наизменицно во двете насоки.
Title: Re: Непознат мотор - како да го испитам?
Post by: ace1903 on 26.10.2021, Tuesday, 18:00:49
Поедноставена слика од нет во прилог.
Има некое упатство за ставање слики инлине?
Title: Re: Непознат мотор - како да го испитам?
Post by: LordZi on 26.10.2021, Tuesday, 19:53:49
Нема никаква електроника, само еден чисто механички тајмер, дали внатре има некои контакти или реле што менува смер не можам да видам.
Пресекот на намотките и отпорноста се идентични и на двете, ама реков дека е премотуван моторот и тоа како што ми изгледа доста аматерски, има внатре обична хартиена креп трака како изолација. Изводите ги гледате на сликите, нема ни да ги коментирам.
Ќе го поврзам за проба како што ми напишавте, преку заштитна сијалица се разбира, па ќе пишам резултат...
Title: Re: Непознат мотор - како да го испитам?
Post by: LordZi on 26.10.2021, Tuesday, 22:19:52
Ви благодарам на сите, го поврзав како што напишавте и работи, и во двата смера. Од тајмерот излегуваат три жици, една доводна и две излезни и дури сега откако пишавте обратив внимание и забележав дека има внатре некој преклопник или што и да е, штрака на секои десетина секунди и наизменично ги менува излезите за промена на смерот на вртење, така да дефинитивно бил на овој начин поврзан и фабрички.
Сега останува да ја склопам и поврзам па да видиме како ќе работи in vivo... :)
Title: Re: Непознат мотор - како да го испитам?
Post by: GigaWatt on 27.10.2021, Wednesday, 15:43:52
Како да го поврзам за да го пробам, дали на било која може да се врзе кондензаторот, пошто е исти...?

Пробај врзи на еден начин, види како ќе работи, исклучи по 2, 3 секунди (ако не почне да врти, се разбира, вендаш гаси :P :D), врзи на друг начин, види како ќе работи тогаш. Како подобро работи, така остави :D.

И го гледам моторот... нешто појак од мотор на вентилатор е, ама не многу :P :D. Би изанализирал колку грее, ако многу грее, не е лошо да му се стави и некој кулер за ладење :P :D. А и кондензаторот, ептен е од оние евтинине петпарачни, смени го со некој од неонка или нешто така ;).

EDIT: А, си средил работа, ОК :).

Има некое упатство за ставање слики инлине?

На форумов?
Title: Re: Непознат мотор - како да го испитам?
Post by: LordZi on 27.10.2021, Wednesday, 19:09:17
Моторот е монтиран и работи, до кога ќе видиме... ;D
Иначе поврзувањето е баш така како што пишавте, едните краеви од намотките врзани заедно, па на нулата, кондензаторот помеѓу другите два краја, фазата на едниот од нив, по потреба. Менувањето на насоката се врши во самиот тајмер, чисто механички, фазата влегува во него и излегува преку едниот излез (NC) и моторот врти во една насока 5-6 секунди, потоа се исклучува комплетно неколку секунди за да успори и застане, па се преспојува преку другиот излез (NO) и почнува да врти во друга насока, и така во круг додека не истече времето.
Благодарност уште еднаш до сите што се вклучија и помогнаа.