Со среќа, таман за некој ден и ќе ги измајнаш коините што ти недостигат, па ќе не викнеш на party. :D
https://bitcoin-live.de/wp-content/uploads/2017/11/envion-3er-2.jpg
Farming/mining Chia Coin станува неисплатливо многу брзо, за да работиш со заработка сега ќе ти треба за почеток барем 500TB HDD простор каде ќе стојат фармите (Farming) плус компјутер од неколку илјади евра каде ќе се прават фармите (Ploting). ASICs мајнери се веќе демоде и не ти требат, моментално ти требат брзи и огромни дискови бидејќи копањето со нив е сега in. ;)
ASIC минерите не се многу скапи, но еден два или пет не ти вршат работа, ќе потрошат 10евра за струја а ќе извадат 11евра со трансакциски трошкови и провизија на рудникот нема да ти остане ништо.
Гледав на некои од калкулаторите за Farming/mining Chia Coin, со мојот компјутер Amd Ryzen 3800X 8 core 16 Threads 32GB Ram 32TB HDD 2TB NvMe Samsung 970 Pro ќе ми требаат 6 месеци за да заработам 600 долари доколку не се зголеми тежината на работа.
Cripto Mining/Farming не се исплаќа доколку се работи од дома и со инвестиција под неколку милјони евра.
И да, само еден е GigaWatt :)
GigaWatt доколку не си му дал дозвола за користење на името барај оштета, ти како GigaWatt постоиш барем од 2010 а таа фирма се регистрира во 2017 како GigaWatt. ;D ;D
Бурма за електроничари :D
Не е лошо да се направи една тема за криптовалути и овие постови таму да одат..
Според тоа што гледам по нет доста популарно е Helium mining, не трошат многу струја, брзо се заработува, вредноста оди нагоре. Единствен проблем е што моментално се чека неколку месеци за да се купи helium hotspot miner.
Гига, кој коин препорачуваш да се купи?Најдобро купи си злато (турска лира пример). :)
Ако ви рече некој да се зачлените на ETH ads на телеграм, не прифаќајте, тоа е измама и нема пари во истото. Добро би било да направиме тема за ваков тип на заработки и да споделуваме искуства за реалните начини на заработка и за лажните.
Гига, кој коин препорачуваш да се купи?
Најдобро купи си злато (турска лира пример). :)
Има крипто валути кои вредноста им е базирана на вредноста на златото:" Tether Gold (XAUT) Gold Coin (GLC) DigixGlobal (DGX) Perth Mint Gold Token (PMGT)" ако е некој љубител на злато може да си купи од нив.
Моментално вредноста на скоро сите валути паѓа, јас мислам дека најдобра опција е да се поседува неколку различни валути.
Јас минатата недела купив Helium(HNT) според тоа што читам е една од подобрите опции моментално, вредноста се качува, мислам дека септември ке се случи(Halving) заработката од копање ке се намали(ќе треба дупла работа за иста вреднос). Сите предвидувања викаат дека до крајот на годината ќе надмине 100$.
значи не е случајно резервите да бидат во злато. :)
Челикот, пластиката, бакарот се е покачено за 100% . Исто така, транспортот од Ќина, односно превозот на контењерите е поскапен 400-500% .Поентата на бц е да избегнеш банка.
А дали може да се купи некој коин, без учество на некоја банка. И дали купувал некој од коин трезор во гтц.
За да тргуваш со злато треба многу повеќе пари(поголема инвестција) и колку што знам јас неможе директно да се тргува со злато ако си приватно лице. Треба да се оди преку брокери берзи и сли.
Колку што знам јас кога се случува halving цената оди нагоре не надолу, бидејки станува потешка за работа и понедостапна а со тоа и повредна.
Производителите кажуваат дека сите капацитети се ангажирани до нова годна. До каде ќе оди ова не се знае ,а се стравува и од крах на цените како во 2008 година.
За жал кога крипто стана профитабилен бванките преку разни фондови се вмешаа и со купувањето и тргувањето на крипто за милјарди долари ја манипулираат цената на крипто валутите. Сега сите големи банки имаат свои крипто валути има и држави кои најавија издавање на сопствени дигитални валути.