Македонски форум за електроника

Дигитална електроника => Развојни околини => Topic started by: avalox7 on 17.12.2020, Thursday, 14:29:36

Title: Приказ на вредностите од сензорот на web server
Post by: avalox7 on 17.12.2020, Thursday, 14:29:36
Здраво,имам код,готов напишан во ардуино иде,користејќи esp32,за мерење количина на вода,со hcsr04(ултразвучни сензор), и додатен термистор,така што ја мери температурата,заради тоа што брзина на звукот се менува во зависност од температурата.Се ова ми е веќе напишано во кодот,па следно што сакам да направам,а немам доволно познавања,е вредности кои се прикажуваат на serial monitor,да се прикажат на веб сервер.Значи имам надворешна антена за есп32,која што е приклучена и сега ми е потребно дополнување на кодот,така што вредностите би се уплоадирале,без рефрешање на страната,на пример секои пет секунди.Немам основно познавање,од ajax,па затоа некој ако е веќе упатен во тоа,би го замолил за упатства како да го извршам сето тоа,имам напишано,едноставен код само проблемот е што само една вредност се прикажува на серверот.А сакам да се уплоадира секоја секунда и да се прикажуваат различни вредности.
Title: Re: Приказ на вредностите од сензорот на web server
Post by: GigaWatt on 18.12.2020, Friday, 10:03:07
Пробај со јQuery.

Code: [Select]
setInterval(function,milisec,lang);
lang не мора да е дефинирано, опционално е.
Title: Re: Приказ на вредностите од сензорот на web server
Post by: SKOLS_OLD on 18.12.2020, Friday, 17:20:14


Се имаш овде објаснето.Само направи си функција каде што ги правиш пресметките за читање на сензорот и оптимизација со температура.Во ајакс е дел од кодот,па кога бара риквест,тој повикува функција.Тебе оваа функција ќе ти е со пресметките и ќе враќаш вредност во cm или како ти што сакаш.

Вредноста што ја враќа во неговиот код е стринг,па внимавај на тоа.