Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: GigaWatt on 13.09.2019, Friday, 03:33:40

Title: 160W аудио засилувач RIM ELA 6004 E (aka RIM-6004E) со МЈ11015 и МЈ11016
Post by: GigaWatt on 13.09.2019, Friday, 03:33:40
Аудио засилувачов е всушност фабрички бидејќи кога барав информации за засилувачов врз база на ознаките кои беа испечатени на фотокопиите, дознав дека ова е всушност излезниот степен од Mischverstärker ELA 6004 M, што е всушност миксер со излезен аудио засилувач.

Code: [Select]
https://www.radiomuseum.org/r/rim_mischverstaerker_ela_6004.html
(http://www.mediafire.com/convkey/f64b/sjf3z4mw271uf7bzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/3429/7drvmvfnmm8ht94zg.jpg)

Но, изгледа е превземен како дизајн од некое Ex YU списание или фирма (не знам) и затоа и стои ознаката "Razglas RIM-6004E" на страната на која е шемата шемата, а на ППК-то стои ознаката "I.E.S RIM 6004E V1 R0 '96". Документите кои ги скенирав беа малку... каша-попара... почетокот е од некое Германско списание или книга (поверојатно книга, бидејќи на една од страните стои број на страна 272), тоа се првите две страни, арно ама фотокопијата е двострана (две страни на една) и е со многу мали букви е се. На втората страна е шемата од засилувачот и единствената разлика меѓу неа и шемата на Razglas RIM-6004E е тоа што се одвоени излезните компоненти, т.е. ниедна од излезните компоненти не е монтирана на ППК-то (тоа е дополнително обележано на електричната шема од скенот, за кои компоненти не треба плочка и се лемат во воздух или монтираат на самото ладилно тело од излезните транзистори). Не гледав поента да го скенирам Германскиот дел од шемата бидејќи беше многу ситно фотокопиран текстот, а и шемата исто така.

Во секој случај, еве ја шемата.

(https://i.imgur.com/stCd5s0.png)

Засилувачот ги користи излезните транзистори МЈ11015 и МЈ11016. Транзисторот T12 (BD237) се монтира на истото ладилно тело како и останатите излезни транзистори. Монтажата на отпорниците од R29 до R34 се прави во ѕвезда (едниот крај на сите отпорници заедно се врзува во една заедничка точка, како ѕвезда). Останатите компоненти од маркираната секција се лемат во воздух, а напојувачките водови до транзисторите (+42V и -42V), се врзуваат со подебели кабли до остатокот од електричното коло.

ППК-то на Razglas RIM-6004E е направено се да се монтира на самото ППК, вклучувајќи ги и излезните транзистори, но не сметам дека треба да се следи овој дизајн... да, поедноставен е, но само во случај на сериско (фабричко) производство. Во DIY изведба, поедноставно е плочката да се скрати (преправи) и излезните компоненти да бидат засебно монтирани на ладилното тело и залемени во воздух (како што е и сугерирано во електричната шема од Германската верзија).

Целата шема, заедно со ППК-то, монтажната шема и листата на потребни компоненти, можете да ја симнете од attachment или од следните линкови.

Code: [Select]
https://cloud.mail.ru/public/3297/37bqbuNvy
Code: [Select]
https://www.asuswebstorage.com/navigate/a/#/s/318211192BE1402988C97EDF15527763Y
Code: [Select]
https://app.box.com/s/bi47k05sw0drmenm4r8399iboiblftr8