Македонски форум за електроника

Останато => Алат => Topic started by: totii on 09.04.2018, Monday, 14:44:34

Title: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: totii on 09.04.2018, Monday, 14:44:34
Лемна станица BAKU 702B Помош.
Здраво колеги. Имам проблем со оваа лемна станица, поточно проблемот е со дувалката. Кога е вклучена дувалката регулацијата на дување како да не постои компресорот работи на минимум, а кога ке се исклучи дувалката компресорот останува да работи исто на минимум и не се гаси никако. Напонот кој го добива компресорот е од 20V до 25V во зависност од положбата на потенциометарот. Побарав шема за оваа лемна станица но неможев да најдам па барам помош околу наогање на шема за неа но и било каква помош за решавање на овој проблем.
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: Toma on 09.04.2018, Monday, 15:17:19
Оваа би требало да е тоа што го бараш иако е за BAKU 858D!
Code: [Select]
http://poormanelectronics.blogspot.mk/2016/08/schematic-and-teardown-of-baku-858d-smd.html
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: LordZi on 09.04.2018, Monday, 18:52:46
За почеток провери ги Q1, Q2 и Q3.
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: GigaWatt on 09.04.2018, Monday, 21:25:38
Не сваќам што сакаш да потенцираш со менување на бојата на буквите од post-от ???.
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: Toma on 09.04.2018, Monday, 22:02:32
Пример V (волт) се пишува со голема буква а истата беше со мала буква v.
- компресорот беше напишано комресорот и слични грешки !!!

Јас на мојата сваќа и реков дека не сфаќа дека Volt не сфаќа што сака да рече со зборот -свати-, па и објаснив дека мисли на сват.
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12123.msg105631#msg105631
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: totii on 10.04.2018, Tuesday, 00:31:04
Фала Toma на исправката во иднина ќе внимавам на правописот.Шемата не одговара на овој модел на лемна станица,инаку има две плочи една е на предниот дел а дригата која е за компресорот е на задната страна,проверени се сите транзистори,триаци и останати компоненти на задната плоча која е за компресорот и нема ништо сомнително а компресорот никако не престанува да работи.
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: GigaWatt on 10.04.2018, Tuesday, 00:41:45
Пример V (волт) се пишува со голема буква а истата беше со мала буква v.
- компресорот беше напишано комресорот и слични грешки !!!

Јас на мојата сваќа и реков дека не сфаќа дека Volt не сфаќа што сака да рече со зборот -свати-, па и објаснив дека мисли на сват.
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12123.msg105631#msg105631

А, не видов кој последен го edit-ирал post-от ;). Мислев дека totii така ја оворил темата и прашањето беше насочено кон него ;).

Нема проблем. Корекциите се на место ;).

@totii: Од овие Кинескиве лемни станици, не верувам дека нешто ќе најдеме без листа на искористени интегрирани кола и евентуално некои други клучни полупроводници (триаци, моќни транзистори). Направи една ваква листа и да побараме. А и некоја фотка не е на одмет ;).
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: totii on 10.04.2018, Tuesday, 23:27:55
Ознаката на микроконтролерот е избришана од страна на кинезите  :D,еве некоја слика од внатрешноста на оваа станица а ако се потребни ке направам и уште слики.
(https://imageshack.com/a/img924/1249/PyF54o.jpg)
(https://imageshack.com/a/img922/3495/u8vMRT.jpg)
Ова е задната плоча која е за компресорот
(https://imageshack.com/a/img924/140/0RzW73.jpg)
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: GigaWatt on 11.04.2018, Wednesday, 02:44:41
Оваа има и контрола за обична лемна станица. Мислам дека е слична на онаа што ја има LordZi ???... или грешам?

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10728.0
Мојата е постар модел, има и контрола за обична лемна станица, ама не е со микроконтролер, со ICL7107 е, а контролата најеверојатно е изведена со компаратори (одамна ја немам отворено).

Дај извади ја и главната контролна плочка, види кои други полупроводнички компоненти ги има на неа, па да пробаме да најдеме некоја шема... ако има :S.
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: LordZi on 11.04.2018, Wednesday, 09:43:47
Оваа има и контрола за обична лемна станица. Мислам дека е слична на онаа што ја има LordZi ???... или грешам?

Мојата е со дисплеј и за леткумот и има само една плочка внатре. На микроконтролерот исто се избришани ознаките, мада мислам дека на плочката под него пишуваше 8051 или така нешто.

totii, викаш дека си ги проверил полупроводниците, ама сепак пробај со друг тријак, тоа што нема регулација (не исклучува) е типично за пробиен тријак, ако пак не работи провери ги уште еднш пасивните компоненти, посебно тој оптокаплерот. Ако повторно нејќе можда е проблемот во мироконтролерот, во тој случај може да направиш посебно PWM за компресорот (или димер ако е на 230V) и така да го тераш, го имам ова правено на една станица и добро работи... ;)
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: GigaWatt on 11.04.2018, Wednesday, 10:43:05
А кога беше исправна, дали кога ќе ја изгасиш лемната станица (на копче), дувалката дуваше уште една минута на максимум (проток на воздух) па потоа сама се гасеше?
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: LordZi on 11.04.2018, Wednesday, 14:09:04
Ако мене ме прашуваш не, на оваа последната што ја преправав компресорот беше на 230V, ставив два димера, еден за дувалката, друг за компресорот, главниот прекинувач го сменив со друг двоен, прво гасиш дувалката, после минута компресорот. Може да се направи ова автоматски со 555 тајмерче или микроконтролер, ама немав многу време да си играм со тоа.
Ако компресорот работи на 24V DC место димер ставаш PWM и тоа е тоа...
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: GigaWatt on 11.04.2018, Wednesday, 15:24:13
Не беше прањето за тебе, но нема везе ;). Добри се информациите што ги пиша.

Мојата е со тајмер, по една минута гаси дувалката откако ќе ја изгасам лемната станица. Добра преправка имаш направено и така и треба да биде, за да го одлади греачот и телото ;).
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: totii on 12.04.2018, Thursday, 00:16:23
Оваа лемна станица ја имам добиено од пријател како нова не користена и од сам старт е ваква.Од видеа кои ги гледав на youtube послем гасење компресорот останува да работи уште некое време за да го олади греачот.Компресорот е на 230V, компонентите на плочата за компресорет се проверени сите и се исправни триакот е добар а пробав и со нов,а ништо не се менува и откако ке го извадам флет кабекот кој ги поврзува двете плочи,проверени се и компонентите на предната главна плоча а еве и слики од неа.

(https://imageshack.com/a/img924/9396/kZ2B6I.jpg)

(https://imageshack.com/a/img922/2103/3YM2hM.jpg)
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: LordZi on 12.04.2018, Thursday, 00:28:27
Ги провери тие двата оптокаплери на главната плоча?
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: Bojan on 12.04.2018, Thursday, 00:49:52
провери си ги потенциометрите, особено тој што е за регулација на воздугот тој да не е зафркнат, лизгачот да не не е во контакт како што треба...
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: GigaWatt on 12.04.2018, Thursday, 00:50:29
Ај биди така фин и направи вакви убави слики и од другата плочка ;).

А во меѓувреме, провери го оптокаплерот пред триакот. На слединиот линк имаш шема за испитување на оптокаплери ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2487.0
EDIT: Да, провери го и тоа што го пиша Bojan, со Кинескиве потенциометри, никогаш не се знае :S.

EDIT 2: Сега видов, LordZi добро има пишано, два оптокаплери биле. Провери ги и двата ;).
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: totii on 12.04.2018, Thursday, 19:22:41
Опокаплерите кој се на главната плоча ги проверив и се исправни,иако тие се задолжени за драјвање на триаците за греачите на дувалката и на рачката.Исто го проверив и потенциометарот и тој е добар а еве и слики од другаа плоча каде што мислам дека е проблемот бидејки таа е задолжена за компресорот.

(https://imageshack.com/a/img923/4271/VNbPMD.jpg)

(https://imageshack.com/a/img922/4272/yNgvvL.jpg)

На оваа плоча на првиот конектор е врзан компресорот на вториот е напојувањето  220V AC која го добива директно од осигурувачот,а третиот конектор е за поврзување со главната плоча,на овој конекор доагаат шест жици три се потенциометарот две се напојување 12V DC и последната е обележана како CTR која незнам точно зошто служи но претпоставувам дека е за активирање на релето.На оваа слика како што се гледа е откачен третиот конектор а компресорот работи со 21V.

(https://imageshack.com/a/img924/690/w4OJfx.jpg)

Се сомневам во оваа плоча и мислам дека проблемот е во неа а не во главната,и данапоменам дека на оваа плоча отпорникот R18 100оми беше изгорен го заменив но ситуацијата остана непроменета.
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: LordZi on 12.04.2018, Thursday, 19:38:53
Ако изгорел R18 значи видел некој зорт, следи по водовите со што е поврзан и проверувај ги деловите по пат.
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: GigaWatt on 12.04.2018, Thursday, 23:17:04
... и последната е обележана како CTR која незнам точно зошто служи ...

CTR = Control
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: tubemkd on 13.04.2018, Friday, 01:24:12
Имаш 4 активни елементи на таа плоча (триак, диак, диода и грец). Провери ги (смени ги диакот и триакот, мрдни го малку лево десно тримерот), ако е пак исто, проблемот барај го на првата плоча во контролниот сигнал, кој го регулира релето, преку кое иде една АЦ линија на триакот.
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: GigaWatt on 13.04.2018, Friday, 01:25:05
Тоа што инструментот мери 21V AC ништо не значи. Тоа е RMS, средна квадратна вреднот, не значи дека сигналот има синусоидална бранова форма... освен ако не зема напон од трафото, што не верувам, тие компресорчиња работат на 230V AC, исто како и пумпите за аквариуми, не се ништо посебно во дизајнот и контролата.

Земи осцилоскоп и види каков сигнал добиваш на тие изводи. Во било која комбинација, дури и ако се напојува компресорчето од трафото, нема шанси да добиеш права синусоида на тој извод (за напојување на компресорот). Контролата се изведува со триак кој окида на позитивната, негативната или и на двете полупериоди... што значи дека треба да добиеш исецкани синусоиди на изводот за напојување на компресорот. RMS на тие исецкани синусоди можеби е 20V AC, ама тоа не е синусоидален наизменичен напон.

R18 е врзан со D1. Провери го грецот D1, Провери го R15 (изгледа како да е малку исцрнет) и измери дали и колкав напон доаѓа на AC конекторот. Пиши ги и ознаките на триакот на плочата (aux board).
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: totii on 19.04.2018, Thursday, 00:55:09
Еве ме колеги со мало задоцнување се вракам на темава.Значи вака грецот го заменив, отпорникот R15 иако е исцрнет е добар но го заменив и него,триакот на плочата беше BT136 беше добар го заменив и него со BTA16, диакот го заменив за секој случај,на AC конекторо добива 250V а ситуацијата е иста.
Ова е излезниот напон кој го добива компресорот   
(https://imageshack.com/a/img922/8269/Ijooju.jpg)
Немам повеке идеја што да пробам  :(
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: bicikle on 19.04.2018, Thursday, 09:55:45
Сигналите на.оптокаплерот да ги провериш?
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: GigaWatt on 19.04.2018, Thursday, 11:39:41
Моја грешка при првичната анализа, погрешно ја гледав плочката (Aux Board). R18 не е врзан со D1. R18 е врзан со релето, C3 и кондензаторторот до D1.

Ај вака, на main board, каде што доаѓа 24VAC, мери на AC подрачје со унимер (или осцилоскоп, сеедно) со извадени пинови од aux board и види дали ќе падне напонот за малку откако ќе ги прикличиш конкреторите за AC и за контрола. Ако падне напонот за малку (волт, два), значи дека всушност контролата за воздухот го зема напонот од секундарот на трансформаторот (24V AC), а не од мрежен напон (како што треба всушност да работи).
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: tubemkd on 20.04.2018, Friday, 01:21:09
Со унимерот (на AC подрачје) мери помеѓу првата нога на триакот, и жолтата жица од AC што е поблиску до конекторот за пумпата. Треба да имаш 220V.
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: totii on 21.04.2018, Saturday, 17:58:45
Вака GigaWatt напојувањето на main board e 27V AC и е стабилен во секој момент значи не пага кога ке се приклучат конекторите од другата плоча,а и тој напон не е врзан никако со aux board.Оваа плоча aux board е всушност само димер,на AC конекторот добива 220V директно од мрежа,на излез е врзан компресорот а на конекторот со кој е врзан со главната плоча добива 12V за активирање на релето и тука доага потенциометарот.Потенциометарот на главната плоча не е врзан никаде значи само стои на неа а е ожичен и доага на aux board на конекторот.Го измерив и напонот помегу Т1 на триакот и нулата и е 197V кога не е вклучено релето и 220V кога е вклучено релето.Го направив набрзина и овој димер и го пробав прво со 100W сиалица и има супер регулација но кога место сијалицата го закачив компресорот регулација од 0V до 100V нема а послем 100V до 220V има регулација но тогаш компресорот работи со поголемаа снага така да не е решение.Ако можете препорачајте некоја шема за добар димер со кој ке имам фина регулација.
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: GigaWatt on 21.04.2018, Saturday, 21:25:27
Симнав некоја колекција шеми, dump-ови, layout фајлови и што уште не за лемни станици од некој Руски сајт, не ми текнува кој. Да разгледам, да видам дали некоја одговара на твојава. Ако одговара, да ја ставам шемата па да анализираме? Или сосема се откажа од поправката и едноставно сакаш да ја замениш цела плочка со еден димер (без реле, без ништо)?
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: totii on 21.04.2018, Saturday, 23:46:59
Кога ја вклучиш дувалката се активира релето и работи цело време, кога ке ја исклучиш дувалката останува да работи додека не ја спушти температурата на 75 степени така да релето ке остане во функција и ќе биде пред новиот димер ке ја прекинува фазата на новиот димер.Само ми треба нова проверена шема бидејки таа што ја пробав не функционира како што кажав погоре.
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: GigaWatt on 23.04.2018, Monday, 01:42:10
Ај пробај со некоја од овие шеми.

(http://www.mediafire.com/convkey/1d57/57e1kfhffr6g7lwzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/79a6/cx3c4xf6aqed8bfzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/5435/7bz4mq1qp1yq22izg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/8d70/w6mq6clhtghliwnzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/ca0a/nw84fu94pte14xzzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/bb25/vdh993awsbl04eszg.jpg)
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: totii on 17.05.2018, Thursday, 19:30:46
Здраво колеги послем подолго време се вратив на станицава и го решив проблемо така што направив нова контрола на копресорот односно димер од следнава шема со тоа што го додадов релето кое како што пишав погоре ја прекинува фазаа на димерот и додадов еден отпорник 15К 5W на излез паралено со компресорот,еве и една слика како испадна.

(http://www.mediafire.com/convkey/757f/rk9llyaxvzplig8zg.jpg)

(https://s20.postimg.cc/8fqhq3xhp/Dimmer_Inductive_Load.png)

Кога се вклучува дувалката се вклучува и релето и тогаш е активен димерот и има фина регулација од 15V до 230V при исклучување на дувалката релето останува активно додека не ја намали тепературата под 75 степени а потоа се гаси а со тоа го гаси и компресорот.
Благодарам на сите кој се вклучивте да ми помогнете.  :)
Title: Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
Post by: GigaWatt on 18.05.2018, Friday, 01:08:55
Нема проблем ;).

А ја исфрли аux board од комбинацијата? Може некоја слика од внатрешноста, како си го извел тоа?

EDIT: Ја средив сликата, не ја прикажуваше бидејќи не е директен линк до слика. На imgbb.com не се генерираат директни линкови до слики. Добро е што си отворил account на некој image hosting сајт, но отвори на некој кој дозволува direct linking ;).

Еве како треба да се post-ира слика со директен линк до сликата ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12651.0