Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: dare532 on 21.03.2016, Monday, 22:58:24

Title: Изработка на едноставен алармен систем
Post by: dare532 on 21.03.2016, Monday, 22:58:24
Вака сега ќе ви објаснам како сакам да изведам алармен систем вие ќе ми кажете дали е избодливо. Сакам да ставам два сензори за движење (од тие за сијалици палење, рефлектори) да купам една сирена е сега незнам дали ке најдам поевтина варијанта од 220в, ели пак ќе комбинирам со од кола сирена за аларм што е ќе ја поврзам со адаптер. И мислам дека вака би мозел да работи кога ќе детектира движење сензорот ќе ја вклучи сирената на сензорот се подесува време колку да свири и ако нема повеќе движење после одредено време ќе се исклучи сирената. Фала многу чекам одговори
Title: Одг: Изработка на едноставен алармен систем
Post by: DX-er on 21.03.2016, Monday, 23:47:58
темава не е за тука, во иднина ако прашуваш објавувај во "Побарувања"
Title: Одг: Изработка на едноставен алармен систем
Post by: LordZi on 22.03.2016, Tuesday, 09:55:51
Ќе функционира ова како што си го замислил, со сирена наместо рефлектор, со тоа што ќе ти свири и на тебе кога ќе се приближиш, а овие сензори често знаат и да ги активираат животни, така што ќе имаш доста лажни аларми.
Title: Одг: Изработка на едноставен алармен систем
Post by: dare532 on 22.03.2016, Tuesday, 18:55:04
И уште нешто да прашам дали двата сензори кога ќе се врзани, едниот  кога ќе се активира дали ќе му пречи нешто на другиот што не е активиран и дали сензорите ке детектираат движење и дење и ноќе. И да не знае некој од кај да најдам некоја евтина сирена 220 волти
Title: Одг: Изработка на едноставен алармен систем
Post by: Nikol4e on 22.03.2016, Tuesday, 20:59:25
Јас само знам дека постојам сензори со тежина,да бидам по прецизен,сензори кои се активираат над 55кг или над 80кг.Ова се користи доколку ставиш сензор во двор да не ти го активираат мачки или кучиња секој саат.  ;D
Title: Одг: Изработка на едноставен алармен систем
Post by: bicikle on 22.03.2016, Tuesday, 21:16:41
Можеш да направиш со стипки, ако ти е фиксен, на двете штипалки ќе ставиш штрафчиња, треба да се допираат. на нив ќе ставиш сериски врзана сирена(може и сијалица), а штипалките ќе ги ставиш на електрично неспроводлива површина на предметот кој сакаш да го заштитиш. Дополнитено штипките ќе ги зацврстиш со врвка за некој фиксен предмет, па кога ќе биде предметот поместен, штипката ќе се лизне и штипалките ќе се спојат... Слабо ми оди пејнт инаку ќе нацртав..
Title: Одг: Изработка на едноставен алармен систем
Post by: dare532 on 22.03.2016, Tuesday, 22:44:54
Јас само знам дека постојам сензори со тежина,да бидам по прецизен,сензори кои се активираат над 55кг или над 80кг.Ова се користи доколку ставиш сензор во двор да не ти го активираат мачки или кучиња секој саат.  ;D
Ке се користи во викендица во село нема таму ни кучиња ни мачки може свиња дива да налета некоја само хехе не е проблем нека се активира. Него кажувајте дали ке функционираат двата сензора заедно врзани
Title: Одг: Изработка на едноставен алармен систем
Post by: Bojan on 19.05.2016, Thursday, 23:08:51
да, ке функционираат двата сензори ако се паралелно поврзани