Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Сè останато => Topic started by: dare532 on 16.10.2014, Thursday, 23:32:42
-
Налетав случано по дома на новогодишно црево како на сликата
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/endcap.jpg)
мислам дека не со led сијалички него обични, е сега прашањето ми е на каков напон работи цревото дали на 220V ели пак оди преку некое трафо кој знае нека кажува и фала.
-
Ех сеа па и ти „новогодишно црево„ ;D Подобар термин би бил Лампион. Мислам дека работи на 220 v, во секој случај бидејќи го најде дома прашај си некој од дома, можеби знаат. Претпоставувам дека е на 220v бидејќи „цревото„ е изолатор
-
Да знаеа по дома немаше јас вас да ве гњавам тука со глупости. Страв ми е да го ставам на 220v да не го запалам цело, ако знае некој друг нешто информации ели има дома вакво црево нека кажува
-
Би требало да е за 230V, измери отпорност помеѓу приклучоците и пиши...
-
~220 V треба да е обично со него оди и дел кој служи за нагодување како да трепкаат сијаличките во кој ритам преку тастер, иначе ако ги ставиш дирекно на ~220 ке добиеш константно светење на сите сијалички (се разбира ако се исправни ;D)
-
Мислам дека тоа тоа ''цревото'' е исто како оние на бандери што ги ставаат за нова година, па најверојатно е на 220в
-
~220 V треба да е обично со него оди и дел кој служи за нагодување како да трепкаат сијаличките во кој ритам преку тастер, иначе ако ги ставиш дирекно на ~220 ке добиеш константно светење на сите сијалички (се разбира ако се исправни ;D)
Овие црева мислам дека немаат никаква регулација за трепкање.Од сликата може да се види јасно дека не се работи за лед диоди туку тоа се тињалици кои работат отприлика на напон до 70 волти.Овие се обични украсни црева.Ги ставаат најчесто околу оградите.Според мене работат на 220 волти но не е сигурно.Види има ли на почетокот отпорник од 150 оми.Најчесто сите малечки сијалици со друго име тињалици кои се користат како сигнализација еве на пример кај бојлерот тињалицата сигнализира дека е вклучен во серија со фазата има еден отпорник од 150 оми сите тињалици работат на наизменичен напон од прилика 70 волти од каде ти е цревово инаку даре.
-
тињалици кои работат отприлика на напон до 70 волти.
Не работат до, туку над 70V... ;)
еден отпорник од 150 оми
Да не мислиш 150k, затоа што тињалицата е елемент со негативен отпор, па најверојатно би повлекла голема струја на 230V со сериски отпорник од само 150 оми... ;)
Мое мислење: ако имаш мултиметар, провери го отпорот на цревото. Пиши го овде и ќе пробаме да сватиме за колкав напон е... Јас лично имам работено со слично црево, и тоа како украс за елка и можам да кажам дека се состои од мали индикадесцентни ламбички поврзани паралелно. Но сепак, твоето црево можеби е различно...
-
Така е киловолт браво сега гледав слични вакви сијалици и отпорникот механички помислив тоест знаев дека беше 150 ама кило бил така е боите се кафена зелена жолта неспорно дека е 150 килооми згрешив сигурно дека треба многу поголема омажа.
Мое мислење: ако имаш мултиметар, провери го отпорот на цревото. Пиши го овде и ќе пробаме да сватиме за колкав напон е... Јас лично имам работено со слично црево, и тоа како украс за елка и можам да кажам дека се состои од мали индикадесцентни ламбички поврзани паралелно. Но сепак, твоето црево можеби е различно...
Твоето мислење е одлично и најверно мерење си е мерење ;D.После многу нормално и лесно според отпорот ќе се одреди и напонот.Вака само може да нагаѓаме сите регулации ова она мерењето ќе покаже има и друг тип на тињалици кои бараат и напон дури до 130 волти но ретки се.Така да инструментот во рака. 8)
-
наједноставно, поврзи го на кратко на 12 волти сигурно имаш некој адаптер дома ако свети ок ако не тогаш се на 220.
-
На 220V е цревото. Јас имав исто такво
-
Фала многу на одговорите цревото што го имав го приклучив на 220v и си работеше супер даваше отпор околу 60 оми кој варираше