Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: Devil on 29.04.2010, Thursday, 21:02:19
-
Еве една испробана шема од мене за PWM контрола за помали мотори
искористен е мосфет, во зависност од тоа каков ќе користите толку повеќе моќност добивате
јас користев IRFZ44
колото се заснова на познатото 555 + неколку други елементи се на се повеќе од 100 денари нема да ве фати, а ако имате нешто стари плочи и се да извадите нема ни денар да ве кошта ;D
еве шема
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/PWM_Motor_Control.gif)
Ако некој сака како работи нека пише ќе се обидам да му објаснам :)
-
Што цена е транзисторот ?
-
Негде околу 30 денари
-
Дали може подобро да се нацрта шемата, 555ката не е нацртана ни како блок ни како DIL или е и двете :D
-
IRFZ40 е логички транзистор ?? Колку што знам не е, како оди во сатурација истиот ??
-
Хмммм... да, не оди баш комплетно во сатурација, ке грее малку, јас мислам дека NE555 треба да се напојува барем со 12V за да го задоволи транзисторот.
-
IRFZ40 има максомален напон од 50 волти, ако му врзам мотор од 40 волти пример, не верувам дека тие 5 волти од излез на тајмерот ќе бидат доволни за да воошто пропушти нешто.
Најдобро е овде да се стави некој логички мосфет или пак со помошен транзистор да се активира главниот каде што ќе се изгуби на време и излезниот пулс ќе е деформиран ради каснењето.
-
шемата добра е пола пола е :D
јас 555 ја побудував со 5В, а моторот беше на 12В, и можеше да се регулира уабво брзината
од 0 па нагоре, скрос може да го застани моторот па се до максимално
Вака сега настана некоја мала грешка прво да се извинам за забуните се работи за IRFZ44 а не за IRFZ40, шемата ќе ја прикачам наново поправена :-\
-
Добро, Devil, сепак се работи за мали мотори и донекаде можеш да го „возиш“ директно транзисторот (сепак треба да се работи за што е можно поедноставен склоп) но ако се работи за посилен мотор мораш да стави бафер - транзистор или уште подобро totem pole driver со 2 транзистори .
-
темава е постара ама сакам нешто да прашам, зошто е потребен тука NE555 и каква функција врши? Бидејки јас имам направено нешто слично ама само со еден транзистор (мислам беше 2N3055) и еден променлив отпорник и баш со кулер од напојување тестирав, навистина се намалуваше брзината на пропелерот.
-
темава е постара ама сакам нешто да прашам, зошто е потребен тука NE555 и каква функција врши? Бидејки јас имам направено нешто слично ама само со еден транзистор (мислам беше 2N3055) и еден променлив отпорник и баш со кулер од напојување тестирав, навистина се намалуваше брзината на пропелерот.
Тоа е линеарна регулација на напон, ова е со помош на импулси. 555-ката само го става IRFZ44 во ON и OFF состојба цело време, 555-ката ги генерира сигналите за контрола ;).
-
Ама ефектот е ист, помалце вртежи или има и друга разлика?
Со ова значи на моторот му се дава струја со многу прекини, има, нема, има, нема и се така.
-
не ефектот е поинаков, ако тој регулатор што ти го направиш го уклучиш на некој мотор
тој мотор со намалување на напонот губи снага
значи како намалуваш така послаб е моторот
е тука таа снага е константна, цело време има полна моќност но се намалува периодот кога е вклучен со што се зголемува тој на исклучен и така се намалува бројот на вртежи, но не и моќноста
-
Првобитната шема има грешка( диодите и потенциометарот не се правилно нацртани).Ако некој сака да работи еве неколку регулатори од мене
-
јас ја имам изработено таа шема и си работи ок :)
не се појавил до сега никаков проблем
-
јас ја имам изработено таа шема и си работи ок :)
не се појавил до сега никаков проблем
Споредено со првата и ова шема што ја ставив,а се слични на пин 2 и 6 треба + напон да дојде преку диодите и потенциометрот,а тука е врзан и пин 7. Ова прва шема - диодите се споени на 3 ( тоа е излез) и нема што да регулираат.Пин 7 не е спомнат никаде! Не би функционирала.
Споено мислење: [time]12 Јануари 2012, 00:07:34[/time]
Има многу погрешни шеми на сајтовите.Еве првава е слична ама се малку испомешани изводи,напони.Втората е со 4093 и работи.Еве и само осцилатор ,па ставите само на излез мосфет ,мотор и диода.
-
да е се зема сигнал од излез и преку тоа потенциометарот се тригерира на пин 2 со што се контролира каков ќе биде излезот, тој самиот зависи од тоа што го дава на излез
пошто тој ист сигнал се враќа назад за тригерирање а со тоа се избегнува делот од 2 отпорници и кондензатор кој служи како RC осцилатор :)
-
Не ми е јасно зошто има отпорник од 1k меѓу пин2 од ne555 и отпорникот од 1 мега оми ?
-
Ни на симулатор така не работи ( како првата шема) .Пин 3 е излез ,а за диодите и потт. треба напон со кој ги регулираат 2, 6 од пин 7 .Поинаку не би функционирало,освен како на ова шема
Пин 7 не може директно на + напојување
Споено мислење: [time]12 Јануари 2012, 02:08:32[/time]
да е се зема сигнал од излез и преку тоа потенциометарот се тригерира на пин 2 со што се контролира каков ќе биде излезот, тој самиот зависи од тоа што го дава на излез
пошто тој ист сигнал се враќа назад за тригерирање а со тоа се избегнува делот од 2 отпорници и кондензатор кој служи како RC осцилатор :)
Ако се зема сигнал од пин 3 излез и се враќа да тригерира пин 2 и 6 ( а никаде го нема пин 7) поради регулација ,тогаш логично е дека и транзисторот би земал сигнал од пин 3 и не би имало регулација,само сигналот се дели.На пин 3 ако дојде 1/2 од напонот транзисторот ке биде отворен постојано
Споено мислење: 12.01.2012, Thursday, 02:21:26
Последнава шема што ја ставив работи добро,регулира од 0-до максимум.За поголеми струи транзисторот добро да се лади!
-
Сега стварно сум зачуден, од една страна Батка знае како дише 555 и во сон може да конструира било каква шема за овој IC а од друга страна Devil нема ставено неисправна шема, посебно оваа која ја има направено и е задоволен. Едино јас или некој друг да ја направи шемава па да стави клипче.
-
Ха,ме чуди како работи кај Девил.Не викам дека е до него ,ама логикава и симулаторот не верувам дека ме лажат ;D Во прва прилика ке покушам да ја направам ова на Девил.Иначе ,еве нацрт на УНИ -2 плоча наменета за експерименти со НЕ555 или некој оп.со 741,ТЛ071 и слично со DIL 8 распоред на пинови.Во прилог е и една шема за тактер со 555 за да видите како изгледа склопот на плочка.
-
на страницава негде на средина (при крај иде тоа не баш на средина)
има некој шеми со пресметки, види и таму не се користи пинот 7 од колото
http://www.niqro.3x.ro/555/555.htm
со сите тоа симулации пресметки на фреквенции и слично :)
-
Извини Девил,дечкиве пробаа да ја направат- не успејаа.Оваа вторава ( во боја) од прва проработе.
-
ај ќе ја побарам плочата да видам точно што се случува, пошто оваа мене ми беше негде крајот на 3 по пракса ни ја имаа дадено, знам дека цел клас правевме по шемата
сепак ќе проверам што како ..
-
Диодите откачи ги од пин 3 и преку 1К врзи ги за + напојувањето.Така ке работи!!
-
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/smit_o10.jpg)
http://elektronika.5forum.info/t24-jednostavan-oscilator
-
На шемата од првиот пост, може да се стави биполарен транзистор (2N3055) наместо мосфет?
-
На шемата од првиот пост, може да се стави биполарен транзистор (2N3055) наместо мосфет?
Не ,подобро МОС ФЕТ ,има мал пад на напон побрзо реагира ( нема хистерезис)
-
Ја направив оваа шема со NE555 и BUZ11, наместо МБР1645 која ја немаше, а нејзина замена кошташе 120 денари, ставив паралелно две 1Н5408...си работи супер, регулирам со неа моторче од бришачи од кола.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/image009xy.jpg)
-
puknati по таа шема од првиот пост (од Devil) ја правеше?
-
Не, од батка првата шема што ја има поставено на претходната страна, оваа
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/pwm555.gif)
-
Јас ја направив шемата од првиот пост но во симулатор и работи.
-
во што симулатор ја правеше ?
-
Circuit Wizard
-
ја направив оваа шема од batka и puknati и одлично работи. Мислам дека наместо 50к тример може да се стави некој со поголем опсег како 100к за да се намали бројот на вртежите за уште повеке.
Само приметив дека грее NE555 кога ке намалам на вртежите, а 1N4148 диодите одма прегреваат и се врели, дали и кај вас е исто ?
Дали некој знае што функција има таа диодата што е кај моторчето ?
-
Пробај зголеми го отпорникот од 47 на 100оми види дали ќе се намали греењето.
-
зошто тоа, има грешка во шемата или?
-
зошто тоа, има грешка во шемата или?
Не,нема,само пробај со поголема вредност на отпорникот,да влече помалку струја мосфетот.Види пробај стави од 100оми,дали ќе се намали греењето...
-
види да не си го згрешил отпорникот (на шемата на пукнати) дека нема шанси да греат толку диодите...или па види стави некој мили амперметар во серија со една од диодите и види дали струјата ке се менува и колкава ке биде...
-
едино наместо таа скапа диода ставив 1N4001 ама нема логика баш тоа да е проблемот.
Башка на шемата од првиот пост од Девил на истото тоа место стои токму 1N4001, така да еве причина плус дека не е до неа.
-
не би требало да греат...а и зашто скапа, и таа и таа диода се исто пари...
-
Не, од батка првата шема што ја има поставено на претходната страна, оваа
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/pwm555.gif)[/URL]
Ја изработив оваа, при проба воопшто не грее, немаше ни ладилници, на вентилатор од фен.
незна дали се постират од фб вака
https://www.facebook.com/video/video.php?v=366904423341145
-
Јас го пробав регулаторот само на кратко, околу 5 минути работеше моторче од бришачи од кола, не обрнав внимание дали грее интегралното коло, мосфетот не грееше и покрај тоа што немав ставено ладилник, наместо МБР диодата која е мислам околу 120 денари ставив 2 1Н5408 диоди паралелно.
-
На припремите за такмичењето на КМТ Народна Техника ми донесоа еден слкоп направен по ова шема ,кој добро функционира
-
а колку пари е таа 1Н5408 ?
Ма да не знам зошто мора и таква а не некоја 1N4007
-
Ма да не знам зошто мора и таква а не некоја 1N4007
Шотки е, затоа ;).
-
а колку пари е таа 1Н5408 ?
Ма да не знам зошто мора и таква а не некоја 1N4007
Не се скапи,мислам дека одат околу 10-15ден една.
-
И која е улогата на таа диода паралелно со моторчето, знам дека секогаш се ставаат диоди паралелно со моторичиња и релеи, гледав на интернет некои шеми каде е ставена обична 1н4007 диода на мотор а тука шоткиева, што е со таа диода?
-
за заштита на колото, кога ќе се исклучи колото или не проведува се појавува негативна компонента која протекува во обратна насока, со оваа диода тоа се спречува
-
И која е улогата на таа диода паралелно со моторчето, знам дека секогаш се ставаат диоди паралелно со моторичиња и релеи, гледав на интернет некои шеми каде е ставена обична 1н4007 диода на мотор а тука шоткиева, што е со таа диода?
Тие диоди се викаат flyback диоди и треба да се прилично брзи, затоа е ставна Шотки диода ;). Можете да ставите и било каква брза диода (FR) која може да ја издржи истата струја како и таа MR... која и да беше ;D.
-
Јас на диодата стајв и кондензатор, а моторот е сериски врзан со калем, ради спрешување на пречки на тв радио и сл..
-
не обрнав внимание дали грее интегралното коло
т.с. не си се изгорел, ако си допрел жиш :D
-
Хмм, зар до толку :o, сеа ме копка, не сум дома за да проверам дали грее интегралното :-X
-
хахаха знај можеш да се изгориш итоа убаво...
-
не обрнав внимание дали грее интегралното коло
т.с. не си се изгорел, ако си допрел жиш :D
Денеска го проверив повторно регулаторот, можда работеше пола саат, интегралното не е загрева ни најмалку, исто и 4148 диодите, а место шоткиева имам ставено 2 паралелно 1н5408.
-
Дали овој PWM може да се користи за ЛЕД ленти ?
-
Па... да, би требало да може. Со тоа што најверојатно ќе треба да додадеш еден отпорник во серија со +Vcc.
А ако се дефинирани лентите дека работат на +12V, т.е. дека без проблем ќе работат LED диодите на +12V, не мора ни отпорникот да се става. При тестирање, јас сепак би го додал, па ако глеам дека целата конструкција работи како што треба, би го елиминирал и би пробал така да видам како работат LED лентите.
-
Ќе зеза. Може со калем и кондензатор ќе се подобри али лед-от се многу брзи, побрзи и од силициумот, да не прајме муабет за волфрамот. Така да најверонатно ќе треперат во ритам на пулсирањето со ист интензитет, пошто нели напонот на овој уред и не треба да се менува, него ли само пулсот,па така кога ќе има пулс ќе светат со полн сјај, а за време на пауза ќе се изгаснат скроз. Барем теоретски, практично не сум пробал. Најверојатно ќе бидат нападни за очи, поготово на пониски ф-ции, или ќе изгледаат како стробоскоп, што уствари и не е така лоша идеја но со друга намена...
-
Зависи која е фреквенцијата на switch-ување. Ако е висока, нема за се забележи треперењето. Е сега, колкава треба да биде... не знам, треба да се проба. Немам разгледано на која фреквенција работи PWM контролата и дали работи на база на фиксна фреквенција, а се менува однос импулс/пауза или односот импулс/пауза е константен, а се менува фреквенцијата... или се менуваат и двете. Не знам, не сум ја разгледал шемата... или сум ја разгледал, ама сум заборавил како работи ;D.
-
Двете се менуваат,ф-јата благо опаѓа, работи на пониски фрекфенции, нели ако е ептен висока моторот ќе има индуктивен отпор. Да се проба да се види останува.
-
Нејсе, ме интересираште бидејќи пробав со шемата подолу, но не функционира. ЛЕД лентата нон-стоп свети со иста јачина ( иначе, да, декларирана е да работи на напон од 12 волти ).
(https://scontent-sof1-1.xx.fbcdn.net/v/t34.0-12/17741277_1507117645966497_611962805_n.png?oh=2e151e98dbc88c401b6ea5a86f6ab765&oe=58FC5A32)
-
Ти кажав, пробај со стораге од atx намотката од 12в и кондензатор после неа, може да проработи.
-
Двете се менуваат,ф-јата благо опаѓа, работи на пониски фрекфенции, нели ако е ептен висока моторот ќе има индуктивен отпор. Да се проба да се види останува.
Нема да има таков проблем кај полупроводнички товар (LED), може слободно да се крене фреквенцијата и да се контролира само со duty cycle. Се разбира, да не е многу висока. Duty cycle-от нема ништо да контролира ако фреквенцијата е поголема од ON/OFF интервалот на LED диодите.
-
За контрола на LED диоди најдобро е да се користи PWM со фреквеција од 150 до 200Hz.
Ако е помала фреквенцијата се приметува трепкање.
-
Хммм... не сум знаел. Претпоставував дека има некој минимален и максимален лимит, ама не знаев колкав е ;).
Епа ете, добивте одговор ;). Колото е тоа, само да се подеси фреквенцијата ;). Јас би одел со тример потенциометар за подесување на фреквенцијата во опсег од 150 до 200Hz, а посебен потенциометар да има за duty cycle, па ќе пробувам. Со онаа вредност на тример потенциометарот со која ќе добијам најдобар резултат (нема треперење, прилично добра линеарност при промена на јачината на светлината), со таа ќе направам „фиксна“ верзија (потенициометарот ќе го заменам со отпорници).
-
Да да мислам дека Жан оваа информација и претходно во една друга тема ја има кажано ;D 8)