Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: warningteam on 22.01.2014, Wednesday, 20:49:14

Title: Проблем со samsung S 5230
Post by: warningteam on 22.01.2014, Wednesday, 20:49:14
Потребно ми е мислење,знаење,искуство  со ваков модел на телфон.Се работи за Samsung S5230 иако доста стар модел на телефони мене ми прави мерак и несакам баш така да го фрлам во фиока за делови. Пред извесно време му се зезна тачот значи се нај нормално си се уклучуваше, но тачот ни да мрдне, ајде земав купив нов тач го сменив и се си проработе нај нормално и го користев можеби едно 7-8 месеци се додека не ми падна на плочки по падот се расклопи го составив се пробувам да го уклучам само свети екранот но на него ништо не се појавува освен светлото што си свети на екранот :S Сега прашањето ми е дали екранот ми е цркнат или пак нешто друго е во прашање, но јас сепак мислам дека е некој софтверски проблем.. но сепак дај те ваше мислење. :) и доколку некој знае како да направам ресет преку компјутер нека каже.
Title: Одг: Проблем со samsung S 5230
Post by: LordZi on 22.01.2014, Wednesday, 22:07:12
Хаха, како бе така, од паѓањето се направил софтверски проблем... ;D
Најверојатно ти е изместен/прекинат флетот или контактите на екранот, или не си го составил убаво...
Title: Одг: Проблем со samsung S 5230
Post by: warningteam on 22.01.2014, Wednesday, 22:15:38
не не  xD Лошо се изјаснив,језда телефонот имаше некој зафрканции претходно значи знаеше да закочи и да паѓа во несвес што се вика xD Но падот беше како капаче на сето тоа :D  А језда се си работи друго си титка кога е слаба батеријата, светлото си се пали на екранот кога ке го ставиш на полнач и се така само тоа го нема самсунг логото и целиот софтверски дел го нема  бидејки порано така се вклучуваше телефонот со логото,а сега го нема нити него нити нешто друго освен светлото xD Иначе до флетовите не е сигурно ги проверив и од тачот што доаѓаат и од екранот и на плочата позади се си е во ред дури и ги извадив и повторно ги ставив..
Title: Одг: Проблем со samsung S 5230
Post by: stefanstip on 28.01.2014, Tuesday, 23:10:28
Екранот ти е ,,пукнал“. Од пад на некоја тврда подлога се случува тоа.