Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Озвучување => Topic started by: Kiko9595 on 11.12.2013, Wednesday, 16:16:17

Title: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: Kiko9595 on 11.12.2013, Wednesday, 16:16:17
Здраво дечки, како сте? Имам едно прашање до вас. Само што го поврзав 2 канално појачало 200+200 вати со напојување од компијутер, работи се перфектно но има јак звук на зуење, можно ли е да има слаба филтрација (да му додадам кондензатори на + - )?? за да го снема зуењето и шумот?? Поздрав фала однапред :)
Title: Одг: Поврзување на појачало со компијутер
Post by: daniel spasovski on 11.12.2013, Wednesday, 18:22:18
Види масата (-) од оклопниот кабел што ти за пуштање аудио сигнал на влез да не ти е лошо залемен (слаб контакт) Исто пробај да додадеш 1 кондензатор минмум од 8600uF/25V и види дали нешто ке се смени  :)

Ако не се смени ништо , види во секцијата кај плочата од појачалото на влез кај компонентите што иде сигналот , да не има откачено некое кондензаторче или ладен лем :)
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: batka on 11.12.2013, Wednesday, 18:37:48
Стално повторувам да давате повеќе и попрецизни податоци кога нешто барате.Стави шема од појачувачот,некој податок,да видиме дали навистина може да се напојува со 12 V!!???? И зошто кондензатори на +/- ?? Напојувањето од РС дава едноструко 12 V напојување.Значи мнооогу непознаници!! Дај повеќе податоци.
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: Z31GH on 11.12.2013, Wednesday, 18:53:59
мислам дека појачувалата имаат големи електролити со голем капацитет, тие се користат за филтрирање на напонот како и ЕМИ филтри...нешто што компјутерските напојувањња го немаат. А што стана со оригиналното напојување од појачалото?
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: GigaWatt on 11.12.2013, Wednesday, 20:07:05
мислам дека појачувалата имаат големи електролити со голем капацитет, тие се користат за филтрирање на напонот како и ЕМИ филтри...нешто што компјутерските напојувањња го немаат.

Компјутерските напојувања немаат потреба од такви големи кондензатори, тоа се SMPS напојувања, работат на многу повисока фреквенција од мрежниот напон, па затоа нема потреба од преголеми излезни филтерски кондензатори, дури и при големи јачини на струи (10, 15A).
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: batka on 11.12.2013, Wednesday, 21:58:37
Ова е чудо! Го поправивме појачувачот на невидено! ;D ;D Абе, Кико не се ни јави повторно ниту кажа нешто паметно за проблемот,а веќе му кажавме што да направи!????  8)
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: slidermc on 11.12.2013, Wednesday, 22:03:49
Е друже тоа ти е звукот на нефилтриран СМПС. Не може да се состави класичен РЦ филтер, туку треба нешто спецјално. Еве и линк
Code: [Select]
http://www.emo.org.tr/ekler/5730ca725508e90_ek.pdf
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: batka on 11.12.2013, Wednesday, 22:24:04
Само една дигресија: откаде знаете дали е прво се правилно врзано,дали ликот користи тенка или дебела жица,дали напојувањето е 12 или можеби треба 24V???? Не знаеме  ама баш ништо ,а пишуваме сешто.Нека се произнесе човекот и нека објасни малку подобро,па потоа пишувајте!
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: nsu on 11.12.2013, Wednesday, 22:30:35
Многу интересно појачало во секој случај и убаво што му текнало на членот кико да го врзе со свичерско напојување се надевам се ќе му иде како што треба.
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: Kiko9595 on 12.12.2013, Thursday, 00:52:58
Вака дечки :) Појачалото е за во кола 12v 200+200 вати (незнам што појачало е бидејки е изгребано за шема   :-[  ) е сега јас сакам да го користам за домашна употреба, со напојување од компијутер кое дава на 12 волти 28А кое е доста снажно. Откако го поврзав звуцници и појачалото го пуштив и светнаа сијаличките на појачалото дека е се во ред, арно ама кога му пуштив сигнали од пц и музика се јави силно зуење (јачење) и шум. Па затоа се обратив кај вас зошто ми кажаја дека напојувањето на пц немало таква филтрација и требало да се додадт кондензатори за да се изгуби тој лош звук...
Ете пример како би изгледало, но на ова видео го нема тој звук...
Code: [Select]
http://www.youtube.com/watch?v=XbHR8D9lCbM
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: batka on 12.12.2013, Thursday, 01:25:23
Проблемот е во звучната на компјутерот. Сме зборувале за тоа,Врзувањето на комп директно на влез на појачувач е малку зезната работа.Треба масите да се одвојат ,да се направи посебен кабел со раздвојување на масите ( со трафои се прави).Обично на терен кога лап-топ користам набрзина,кога од него пуштам нешто,го користам без полнач ,само на батерија ,па го нема брумот..Најдобро е појачувачот на нула,врзи звучници и стави напојување.Ако тогаш нема брум ,допри го со прст влезот и треба да добиеш брум.Ако е тоа така ,појачувачот е исправен,а проблемот е во неприлагодувањето на масите.Мислам дека ставив една тема за раздвојување на масите и одстранување на брумот.
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: slidermc on 12.12.2013, Thursday, 02:01:24
Дали го има бучењето и додека не пушташ музика, или само дека пушташ аудио сигнал? Дали аудио каблите ти се во близина на СМПС и дали е тој убаво затворен во металната кутивка?

Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: batka on 12.12.2013, Thursday, 02:08:39
Еве шема како да ги раздвоиш масите.Трафоата се од стари модеми (оние бели трафа 1,5  х 1,5 см големина) Односот на трансформацијата е 1 :1 ,а отпорноста е 100- 150 оми.Уште подобро ако најдете од оние 600 :600 оми.
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: Kiko9595 on 12.12.2013, Thursday, 11:39:47
Најдобро е појачувачот на нула,врзи звучници и стави напојување.Ако тогаш нема брум ,допри го со прст влезот и треба да добиеш брум.
На појачувачот има потенциометри за L i R звучник кој колку да свири, кога ќе уклучам еден канал пример само левиот да свири, го намалувам појачувачот на нула и се губи зуењето и како го зголемувам на потенциометар од појачувачот (гласот) така се добива зуењето. (п.с Не ми е директо врзано за компијутер туку имам 2.1 и му пуштам од него сигнали, бидејки имав  едно 40вати појачало направено и директно го поврзав и имаше јак звук на зуење и од тогасх не проработе  ;D  ;D  ;D ) А другите работи ќе ги пробам после бидејки сега немам време  :-\  :-X позз
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: bicikle on 12.12.2013, Thursday, 17:44:48
прво ми е чудно200 вати на 12 волти и тоа најверојатно од атх? второ ако изворот на звук(компјутерот) и појачалото се поврзани истото напојување може да се јави зуење, земјата , н улата и фазата се поврсани со кондензатори за одстранување на симетричен шум, и фактички гнд од појачакото е поврзано на фазата од штекер преку кондензатор па зуењето е неизбежно, може да пробаш штекерот да го ротираш за 180 степени. Може да има лош спој на гнд, ладен лем, цвикнат кабел и слично. Баш пред некој ден го поправав засилувачот од автомобилот, го врзав на посебно напојување немаше никаков проблем, даваше чист звук(колку што може да даде засилувач од д класа). И кога веќе спомнав засилувач од д класа, ако е засилувачот изработен во д класа, провери ги осцилаторот и намотката која се наоѓа на излез, т.е. е сериски врзана со звучникот.
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: Kiko9595 on 12.12.2013, Thursday, 20:30:55

Нема што да т ие чудно  ;D Појачалото е наменето за во кола 12волти, а јас го напојувам со компијутерско напојување кое е ATX-700W p4 кое на 12волти 28А, јас мислам дека е доволно за да го крепи, а за тоа што го напојувам со пц напојување како што кажа може да прави шум како што кажа batka ќе пробам раздвојување на масите. Ете сега во моментот ќе го поврзам на двд да видам дали ќе го има зуењето.. позз
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерско напојување
Post by: nsu on 12.12.2013, Thursday, 20:42:12
Ај баш пробај убава идеа ти текнало да не правиш некој појак исправувач.Пошто чим напонот е 12 волти а појачалото е 200 вати струјата ќе биде 16,66 ампери.А тоа напојување што го спомна ти дава како од шала 20 ампери.Раздвој ги масите и види дали го нема брумот,зуењето.Па пиши да разбереме ;D ;D
Title: Одг: Поврзување на појачало со компјутерс
Post by: Kiko9595 on 12.12.2013, Thursday, 21:57:14
Ај баш пробај убава идеа ти текнало да не правиш некој појак исправувач.Пошто чим напонот е 12 волти а појачалото е 200 вати струјата ќе биде 16,66 ампери.А тоа напојување што го спомна ти дава како од шала 20 ампери.Раздвој ги масите и види дали го нема брумот,зуењето.Па пиши да разбереме ;D ;D
nsu јас не пишам на шала туку како што пиши така и кажвам  :D

(http://i1283.photobucket.com/albums/a543/Bass105/DSC_0166_zps9972cd78.jpg)

Само што собрав све, го поврзав на двд појачалото и си вади потполно чист звук без зуење и други работи.. Целата работа што ме зафркавало е што земав сигнали од басс 2.1 и сигурно има некоја блокажа или незнам што е (земав сигнали од таму бидејки не сакам дирекнто на пц излезот бидејки нема никаква регулација на гласот)... Сега незнам дали да постирам нова тема (или можи тука) за некоја испробана шема за тонска контрола (volume, bass, terible... ) за да си направам едно мое домашно 2.1 и да ги нервирам комшиите  ;D  ;D  ;D

Фала ви многу на помошта и на советите. Се најубаво  8)  :D