Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: warningteam on 05.10.2013, Saturday, 22:54:05

Title: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: warningteam on 05.10.2013, Saturday, 22:54:05
Колеги како што кажува насловот значи потребна ми е шема за стробоскоп кој сакам сам да го направам и да биде малце по различен и по импровизиран.Сакам значи на тој стробоскоп да имам потенциометар со кој би можел да ја штелувам брзината на трепкање исто така да напоменам значи сакам да го изведам со рефлектор тој стробоскоп од 2000W  само да го извадам ПИР сензорот што е и дирекно да го поврзам на местото каде треба да се уклучи сијалицата која треба да трепка. Што мислите за оваа моја замисла и дали би била успешна дали би се добил оној ефект кој го има по дискотеките со 2000W рефлектор  ? и секако шема ако има некој би ми била добредојдена :D
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: batka on 06.10.2013, Sunday, 00:45:34
Шема за стробо со 2 КW рефлектор? Па.едно 100-200 ЕУ ке ти требаат да го направиш.Во аматрески  услови малку тешко,немаш тука делови да купиш,а ако купуваш од страна... подобро купи си некој половен фабрички. Размисли нешто поефтино ,а ефикасно да направиш со бели сјајни 1 до 5W LED.Има некои шеми на нет.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: GigaWatt on 06.10.2013, Sunday, 06:12:36
Рефлектори од 2KW до ден денешен, на некои места, се регулираат исклучиво со моќни реостати (целата опрема за неколку рефлектори е со големина на една мала соба ;D).
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: Devil on 06.10.2013, Sunday, 10:31:31
имаш сега рефлектори со LED, најди си таков, тој може лесно да се пренамени и да се употребуваат MOSFET-и
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: Maki on 06.10.2013, Sunday, 12:46:21
сакам да го изведам со рефлектор тој стробоскоп од 2000W  само да го извадам ПИР сензорот
Мислиш на оние рефлектори кои ноќе кога ќе им се приближи некој почнуваат да светат?
Не може со такви рефлектори да направиш стробоскоп,тие се со халогени сијалици,премногу спори се тие за стробоскоп,у правите стробоскопи се користи флеш.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: bicikle on 06.10.2013, Sunday, 13:24:36
Со ксненон да пробаш? 100-тина вати ќе ти се доволно мислам. а 2kw по мое е многу дури и за на отворено.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: nsu on 06.10.2013, Sunday, 16:18:22
Да да два киловати е многу можеш да си пробаш со високосјајните лед диоди.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: warningteam on 06.10.2013, Sunday, 17:26:55
Хм.. со ксенон ама колку би коштало и како би се извело.. јас сакав да пробам со рефлектор ама најверојатно неможе со тој од 2000W иначе да за таков рефлектор зборев со пир сензор кога ке поминеш што се пали и свети одредено време. Што мислите за 1kW како  што скоро секој има во двор дали со него би можело некако да се изведе иначе со ЛЕД диоди не некако подобро мислам би се добил ефектот со асална сијалица језда иднината е во нив али не.... само шемата за трепкање ми треба.. Колеги кој има нека постави па да подискутираме може и некоја замена да направиме во шемите со која би можел повеќе да се оптерети излезот..
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: LordZi on 06.10.2013, Sunday, 17:41:42
Со сијалица од рефлектор и такви слични на нив не можеш да добиеш стробо-ефект, едноставно се превише тромави за тоа, и да ставиш коло кое брзо ќе ги пали/гаси тоа нема да се гледа баш поради таа тромост што ја имаат, ќе изгледа како цело време да светат. Затоа стробоскопите се прават со посебни ксенонски лампи, ама таква некоја од 1 или 2kW тешко да најдеш кај нас, а и да најдеш ќе кошта мало богатство, плус во уредот што би ја терало ќе има многу високи напони кои што ако пипнеш кај што не треба моментално и стопроцентно ќе те испратат од овој свет.
Како што ти кажа и Батка, најпаметно ти е да купиш на старо некој фабрички стробоскоп или да направиш со лед диоди, на ибеј ги има почнувајќи од 1W за по 1$ парче на нагоре, верувај нема да можеш да гледаш во нив, еве ти проверена шема за лед стробоскоп, можеш да ставиш појак транзистор и повеќе/појаки диоди...

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5317.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5317.0)
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: batka on 06.10.2013, Sunday, 18:17:44
Најлесно е со  лед и наефтино.Има панели за светло кои трошат 100 вати а даваат светлост како рефлектор од 1000 вати.Еве нешто такво:
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: warningteam on 06.10.2013, Sunday, 21:06:58
Хмм сега ме стаивте во дилема :D  која да ја изберам шема за изработка језда со лед морам али имам и едно прашање дали би се постигнал асален ефект значи она баш да го заспори времето што се вика за поголема просторија се работи  9 - 10 м некаде сигурно бочно гледано ..  На Lordzi е добра шемата али за жал немам никакво искуство во програмирање  нити пак имам направено програматор најверојатно ке морам да се послужам со на батка шемите што значи малце по просто но се надевам би добил посакуван ефект мислење? :D
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: Maki on 06.10.2013, Sunday, 21:09:36
јас сакав да пробам со рефлектор ама најверојатно неможе со тој од 2000W иначе да за таков рефлектор зборев со пир сензор кога ке поминеш што се пали и свети одредено време. Што мислите за 1kW како  што скоро секој има во двор дали со него би можело некако да се изведе

Исто ти е и со 1kW и со 100W,проблемот е у типот на сијалицата,не е у снагата.Не може со таков рефлектор.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: batka on 06.10.2013, Sunday, 22:14:33
Еве ти еден линк за она шема со 50 бели ЛЕД.Ако ставиш пример 100 лед х 1W би имал 100 W што е изразено во лумени исто како најјакото стробо светло за дискотека ( буквално на 200 квадрати да постигнеш стробо ефект).

Code: [Select]
http://www.youtube.com/watch?v=y3lEKuDERyQ
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: izotop on 06.10.2013, Sunday, 22:30:05
Најефтино ти е со ксенонска сијалица и  во ватажа е секако поснажно од лед (гледајќи по парите) .
ти треба блиц , или повеќе вакви блицови со  IFK 120 ксенонска сијалица 120 w  (на фотка ) внатре  во самиот блиц го имаш тригер трансформаторот а шеми еден куп на интернет .

Внимавај сите шеми се со висок напон нема играчки  и обавезно ако се одлучиш да го правиш со било каква ксенонска сијалица празни го кондензаторот со отпорник пред да  менуваш на шемата било што .
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: batka on 06.10.2013, Sunday, 22:41:06
Најефтино сигурно не е! Можеби инвестицијата е,ама со оглед на работните часови -односот ЛЕД/ ксенонска ламба ,предноста сепак е на ЛЕД.И ако погледнете веке целокупното осветлување полека но сигурно се префрла на ЛЕД. Но,во ред,нека си одлучи човекот.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: warningteam on 06.10.2013, Sunday, 23:51:45
Во право е батка со тоа дека лед диодите се по трајни и дека скоро полека полека се, се заменува со лед обичните се користат колку да се рече иако неможе 1000% да ги сменат.Сепак се одлучив за оваа шема
Code: [Select]
http://voltage.g6.cz/555-stroboskop.php  Само уште нешто отпорникот R3 треба да се пресмета по формула за да се добие пошто за различен број на диоди различен отпорник или тој е тој истиот за сите без разлика на бројот на диодите и ако може да се каже формулата ваљда ке се користи омов ?
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: batka on 07.10.2013, Monday, 00:07:21
Битно е да имаш 20 mA .За 100 парчиња би ти препорачал уште еден транзистор  со 50 диоди.Посигурно е,ефектот е исти!! Битно е како ке ги наредиш диодите.Направи си матрица на плочка и буши прецизно или пак ако одиш со плочка-растер,земи малку појадер растер ( размак меѓу диодите).Тогаш ефектот ке биде поголем.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: izotop on 07.10.2013, Monday, 08:59:15
Сепак е најевтино со ксенонска сијалица  барем на старо , таков блиц ќе најде за 50 денари на старо  за 150 денари ќе земе три ксенонски сијалици  внатре како што кажав веќе има тригер и додатните делови да го коштаат уште толку  значи околу 300 денари се на се  , супер ледот е  скап сега за сега .

И за трајноста не се сложувам Батка  имам правено повеќе блиц глави со наведените ксенонски сијалици  декларирани на 120w во секунда ако ги оптеретуваш со 75ws односно  1200 mf кондензатор трајноста  со секојдневна работа им е околу 10 години а со 50 ws  се практично доживотни а во ситуацијава кондензаторот ќе биде со многумала вредност за да биде стробо така да ќе ги користи доживотно (искуствата за  горенаведеното се превземени од руски форуми каде овој вид на сијалица ја употребуваат во професионални фотостудија секој ден од сабајле до вечер инаку сијалицата е руска ) и имам најдено 40 парчиња на  старо и тоа бајаги користени и ниедна не е  цркната )

Нека си одлучи човекот сам , битно е ефтино и трајно со ксенонски сијалици.
Се сложувам само дека  со лед е понова технологија. 
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: LordZi on 07.10.2013, Monday, 09:26:38
Има и уште еден битен момент, кај стробоскопите со ксенонска цевка постои висок напон, кој често се добива директно од градската мрежа, а членот што бараше шема е почетник...
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: izotop on 07.10.2013, Monday, 09:33:31
Тоа е точно Лорд зи
Штом е почетник нека прави со лед.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: Trolko on 07.10.2013, Monday, 11:36:58
Офтопик : xenon се изговара „зенон“, не „ксенон“. Значи е зенонска сијалица/ламба а не ксенонска :)
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: izotop on 07.10.2013, Monday, 11:56:50
Не знаев дека се вика зенон
Звучи како новооткриена планета  ;D
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: Maki on 07.10.2013, Monday, 12:06:26
xenon се изговата „ксенон“,а не како што го изговараат глупите американци „зенон“.
Ксенон е хемиски елемент,цел нормален свет го изговара „ксенон“:
Code: [Select]
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%BD
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: GigaWatt on 07.10.2013, Monday, 14:34:08
Уопште не сумњам...

„Уопште“ на Македнски се пишува „воопшто“

„Сумњам“ на Македонски се пишува „сомневам“

Овој дел од реченицата, на Македонски, треба да има уште едно зборче, „се“. Значи, на Македонски, овој дел од реченицата, треба да гласи: „Воопшто не се сомневам...“.

Ипак правилно напишав...

„Ипак“ на Македонски се пишува „сепак“. Овој дел од реченицата треба да гласи: „Сепак правилно напишав...“

Пардон,погрешен линк дадов у брзање...

„у“ на Македонски се пишува „во“.

Не знам како касно си ја начекал оваа книга...

„касно“ на Македонски се пишува „доцна“.

...сите можни прорачуни...

„прорачуни“ на Македонски се пишува „пресметки“.

...од страна 32 па на даље...

„даље“ на Македонски се пишува „понатаму“. Овој дел од реченицата треба да гласи „...од страна 32 па натаму...“.



Да продолжам ::)? Кој е глуп сега ::).
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: DX-er on 07.10.2013, Monday, 15:33:42
Стварно нема смисла да се пишува со србизми и на српски (странски) јазик на форумов каде официјален јазик и македонскиот.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: Maki on 07.10.2013, Monday, 16:08:41
Стварно нема смисла да се пишува со србизми и на српски
“Стварно“ е српски збор..

ОК,сфатив,ќе се потрудам да не употребувам србизми..
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: DX-er on 07.10.2013, Monday, 16:32:58
навистина не сум го знел дека стварно е српски а не и македонски збор, фала во секој случај.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: warningteam on 07.10.2013, Monday, 19:52:31
.Точно е дека сум почетник и ова ми е прв стробоскоп кој сакам да го направам а да биде асален инаку веќе се решив ке биде со лед језда ке ме кошта малце по скапо  али сепак со ксенон или зенон како и да е има високи напони  со кој и баш несакам да си играм.. Вака ке платам стварно повеќе но бар ке биде по сигурно доколку направам и некоја грешка. Само  имам еден проблем нити Гац нити Бт нити таа во кисела вода што е продавницата го нема овој 1x MOSFET IRL3103 некоја замена за него кој би можел да се најде во овие продавници уште логинг остана да видам ...
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: bicikle on 07.10.2013, Monday, 22:29:11
Со лед диоди тешко дека некој ефект за во дискотека ќе постигнеш, само за во соба. Еве како и колку светат 64 лед диоди (константно) во споредба со 100 ватна жичана сијалица
Code: [Select]
https://www.facebook.com/photo.php?v=393028670799094. Ксенон можеш да земиш и овие за во кола што се околу 600-700 мислам дека беа сијалиците и многу повеќе светат и од лед и од жичаните, нешто како блиц се. со нив доволни ти се 35 вати, една сијалица.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: batka on 07.10.2013, Monday, 22:53:48
Бицикле,имам еден профи-стробоскоп со ЛЕД ,без проблем 200-300 квадратни метри покрива.И спот рефлекторите веке одамна се заменети со лед  панелчиња,кои освен мала потрошувачка даваат исти ансилумени како и сијалиците,а векот на користење е многукратно поголем.Може човекот да проба со делови од стар блиц ( да го најде или евтино купи на бувљак),ако сака .
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: bicikle on 07.10.2013, Monday, 23:06:10
Batka, ако ставиш cree диоди или некои високосјајни диоди секо дека ќе брка и тоа како работа, ама cree не се испод 20-30 денари парче, а други останати високосјајните покрај што се тешкодостапни се скапи(имам едни и единствени такви сретнато по цена од 110 денари парче !? ). Сигурно уредите со кои си се среќавал имаат други диоди, не им се одовде купени. Патем еден солиден рефлектор со лед диоди е околу 1000 евра...
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: warningteam on 09.10.2013, Wednesday, 21:00:50
Колеги се живо испревртев по продавнициве за електроника дури и во битола али никаде го нема IRL3103 :S Замена некоја за него има ли  или фиксен е :SS ?  
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: dr-mr on 09.10.2013, Wednesday, 21:49:39
Замена за irl3103
Code: [Select]
http://alltransistors.com/mosfet/crsearch.php?&struct=MOSFET&polarity=N&pd=83&uds=30&ugs=4.5&id=56&tj=150&fr=&cd=&rds=0.014&caps=TO220AB
Code: [Select]
http://www.allxref.com/irf/irl3103.htm
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: batka on 10.10.2013, Thursday, 16:26:41
Batka, ако ставиш cree диоди или некои високосјајни диоди секо дека ќе брка и тоа како работа, ама cree не се испод 20-30 денари парче, а други останати високосјајните покрај што се тешкодостапни се скапи(имам едни и единствени такви сретнато по цена од 110 денари парче !? ). Сигурно уредите со кои си се среќавал имаат други диоди, не им се одовде купени. Патем еден солиден рефлектор со лед диоди е околу 1000 евра...
Па Бицикле,колку пари толку музика,така викаат.Сепак  ,ако се работи за апарат кој би го користел за да заработувам и долго да ми трае,би одел на лед! 100 ЛЕД х 1Wх 1 ЕУ =100 EU
Значи еден 100W рефлектор би бил 100 евра,ама би ми бркал работа долго време.Еден ваков рефлектор дава осветлување како 1000 ватен  рефлектор со обична ламба,ама троши само 100 вати,нема греење,дебели кабли итн.Една обична ламба за рефлектор е помеѓу 25-30 ЕУ,а има пример 500 работни саати.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: bicikle on 10.10.2013, Thursday, 22:18:04
Нигде не беше спомната употребата.. Или сум скокнал..Но ако 100w диоди светат како 1000w обичен реглектор, со кценон ќе ти требаат 50-60W...

Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: warningteam on 10.10.2013, Thursday, 23:21:21
Тешка работа со ова Мосфетовиве  нема нема и нема ...  дај тогаш да видам шема некоја со ксенон сијалица но да работи...  па да ја изработам со ксенон сијалица ке заштедам време на лемење на диоди вака една сијалица но сепак да видам ако може некоја шема но да е проверена..
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: batka on 11.10.2013, Friday, 02:23:28
Де бре човек,извади некој мос-фет од старо напојување и ке ти работи,или неој BUZxxx.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: bicikle on 11.10.2013, Friday, 04:43:57
Code: [Select]
http://www.electroniq.net/other-projects/xenon-strobe-electronic-circuit-project.html
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: warningteam on 11.10.2013, Friday, 21:28:18
Колеги го напраив стробоскопот и проработе за чудо xD  иначе дури го изоставив ИРЛ 3103 дирекно од излезот на ИК 3 го споив на маса на диодата горе и трепкаше со вртење на потенциометарот се намалуваше трепкањето и се зголемуваше во зависност од насоката на која беше свртен потенциометарот.Но некако премногу ми грее ИК  не се пипа 555 ката кога ке се стаи во работа на кратко време 3 мин. а инаку го напојувам од адаптер 12В 1000мА. Да не е голема струјата на адаптерот или ? 
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: batka on 11.10.2013, Friday, 22:23:37
Не го вклучувај без транзистор!Ке изгори 555-ката,мораш да најдеш  некој мос фет ( заради брза реакција и поголемо оптоварување) .Дуриинекој BUZ 10 /11 ке заврши работа. Оние  IRFxxx  ги има  во скоро секое  РС  напојување.
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: warningteam on 11.10.2013, Friday, 22:26:18
IRF Баш сабајле видов на една плочка само не се сеќавам на бројот иначе  може ли батка  да се нагоди ова брзинава на палење гасење да е малце по спора со потенциометарот не го добивам она што сакам да пробам со кондензаторот и отпорникот на излез со замена на нивните вредности би добил нешто во брзина на палење гасење ?
Title: Одг: Потребна ми е шема за стробоскоп
Post by: batka on 11.10.2013, Friday, 22:44:58
Вредностите се подесени за стробо ефект! Ако сакаш успорување зголеми ги вредностите на кондензаторот и отпорниците во гранките на пин 2,6 и 7.