Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: Jovicar on 06.04.2013, Saturday, 00:51:26

Title: ТВ Предавател или USB Камера трансмитер
Post by: Jovicar on 06.04.2013, Saturday, 00:51:26
Темава ја сместив во аналогна техника бидејќи тв предавател сметам дека е  дел од аналогната техника па затоа.
Дали некој има некоја едноставна шема за тв предавател, немора да има опсег повеќе од 2 3 км, илипак дали има некоја шема со која би имало еден вид трансмитер и ресивер за УСБ Камера, со што би можел бежично да пренесувам слика? Се надевам дека ме разбравте и дека некој може да ми помогне. :)Темата ке ја преместиме,сепак.
Title: Одг: ТВ Предавател или USB Камера трансмитер
Post by: batka on 06.04.2013, Saturday, 01:26:13
За УСБ камера или подобро решение со РС камера? Решението со предавател е многу тешко и скапо изводливо во аматерски услови.Можеш да ја врзеш на рутер и безжично да ја гледаш во дометот на рутерот или преку интернет.За видео камерите кои даваат звук и слика посебно (А/V ) може да се направи релативно добар предавател,но за да постигнеш 2-3 км се потребни и други услови,пред се антена.приемник ...Еве две шеми,од кои едната е на 2,4 Гхз,а втората се фаќа на обичен ТВ приемник.
Title: Одг: ТВ Предавател или USB Камера трансмитер
Post by: Jovicar on 06.04.2013, Saturday, 01:32:50
Е а ова што го спомна со усб и преку рутер преку интернет како тоа :) ? Повеќе детали ако може?
Title: Одг: ТВ Предавател или USB Камера трансмитер
Post by: GigaWatt on 06.04.2013, Saturday, 04:44:11
Па, во принцип, ти треба PC кое може да се врзе за камерата и истиот да има интернет конекција... освен ако сега не прават и камери со Ethernet или Wi-Fi приклучоци (искрено, не знам), тогаш истото ова најверојатно може да се изведе и со обичен рутер и интернет конекција (не мора да има PC).
Title: Одг: ТВ Предавател или USB Камера трансмитер
Post by: LordZi on 06.04.2013, Saturday, 09:27:27
Мислам дека за IP камера не ти треба PC, директно се врзува за рутерот и може да ја гледаш од секаде, дури и преку мобилен, кај нас на работа ни ставија такви камери за да не гледа дир. кога што правиме преку мобилен... :P
Title: Одг: ТВ Предавател или USB Камера трансмитер
Post by: masterficx on 06.04.2013, Saturday, 12:43:51
Системите за видео надзор во денешно време имаат катаљарда опции. Најпрво е многу битно колку крајниот корисник е способен да вложи во тоа и што точно треба да се постигне.

За да поврзете усб камера преку интернет да се гледа може да испадне поскапа солуција од причина што самата камера мора да оди преку компјутер. Самиот систем ќе троши беспотребно повеќе струја и е подложен на многу повеќе оштетувања. Па доколку истиот систем треба да работи 24/7 тогаш треба дополнително да се вложи во квалитетот на компонентите во истиот. Следно ако се работи за некоја компанија ( без разлика на големината ) мора да се вложи во легален софтвер или евентуално да се мачите со некоја линукс дистрибуција за да се изолирате од енормно големите казни за пиратерија. За една камера овој систем по мене е нелогичен и сосема непотребен затоа што има поевтини и подобри солуции. Доколку се работи за 3 или повеќе камери веќе може да се размислува за компјутер.

За мал број на камери ( една или две ). Најубаво е да се земат IP камери кои дополнително можат да се конфигурираат да работат без компјутер или било каков DVR. IP камерите имаат многу предности во оваа ситуација со тоа што издржливоста е многу поголема и можат да се конфигурираат да снимаат во вашиот компјутер дома. Предноста е во тоа што во случај на провала записите остануваат во вашиот компјутер. Исто така IP камерите директно пренесуваат дигитален запис преку мрежата и со тоа може да се постигнат повисоки резолуции од причина што помал е просторот за грешки преку Ethernet кабелот и поголема е можноста за корегирање на тие грешки при преносот.

Најубаво би било доколку можеш да ни ја опишеш ситуацијата во која се наоѓаш и што сакаш да постигнеш.
Title: Одг: ТВ Предавател или USB Камера трансмитер
Post by: batka on 06.04.2013, Saturday, 14:54:04
Ако сакаш за аматерски потреби IP камерата е скапо решение,освен ако сакаш да заштитиш или следиш нешто важно.За аматерски работи подобра варијанта ти е камера со А/V излези и некој предавател со кој можеш да следиш *програма* на обичен ТВ приемник.Сепак,за поголеми јачини и домет ти треба усмерена антена ( Јаги на пример) и малку поголема сила на предавателот.Сепак зголемување на силата ( за домет 2-3 км.) се коси со законските норми,затоа внимателно!

Споено мислење: 06.04.2013, Saturday, 15:29:32
Eве неколку подобри и * поозбилни* шеми 8)