Интелегентна антена е всушност збир од антени (array), две или повеќе кои микроконтролер ги вклучува во влезното коло (приемникот или приемниците) во зависност од тоа која антена најмногу прима на таа страна од каде што доаѓа сигналот. На пример новите базни станици имаат по 4 антени на сите 4 страни. Во базната станица има 4 (или повеќе, во зависност од моделот) применици кои примаат сигнал од мобилните телефони. Микроконтролерот во случајот мониторира на која антена (на кој приемник) најмногу се „фаќа“ одредениот мобилен уред и комуницира со него (прием и предаја) само на таа антена без да прави пречки на другите страни од базната станица. Со ова се добива штедење на моќ (антената зрачи 4 пати посилно само на таа страна (90 степени агол) со иста снага на предавателот а и сметњите за другите мобилни уреди поврзани на таа базна станица се помали доколку тие комуницираат преку другите (останати) 3 антени. Се надевам дека е јасно за што се работи, антените се „глупави“ но микроконтролерот (софтверот) ја дава „интелегенцијата“.