Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 02:22:41
-
За да направиш „универзална“ FM антена таа треба да е широкопојасна, барем 10MHz [-3dB] центрирана некаде на 98MHz. За да направиш таква широкопојасна дипол антена треба да е направена од малку подебели цефки отколку оние што се вообичаени (на пример кај TV антените). Тоа значи дека можеш да ја направиш од бакарни цефки (за домашно парно) кои се дебели малку повеќе од 1cm. Вкупната должина на антената треба да ти е 153cm, значи 2 парчиња од по 76cm и 1cm растојание меѓу нив каде што ја поврзуваш антената. Како ќе ги поставиш и составиш дипол антената е до тебе. Најбитно тука е тоа дека за да имаш соодветна отпорност за приклучување кон FM предавател/приемник коаксијалниот кабел што доаѓа од антената треба на околу 25cm од каде што е поврзана на антената да направиш 5 намотки со самиот кабел (кабелот го моташ во 5 кругови и го врзуваш да не се одмота). Радиусот на круговите е околу 15cm. Исто така после овој „калем“ треба да има минимум 1.5m кабел кој потоа ќе се приклучи на FM предавателот/приемникот.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=56.0;attach=12587)
-
ама прачките за заварување не се алуминиум па да не има некаков проблем? Проблемот е што јас немам SWR и никако не можам да измерам :(
Не викам дека не се добри но еве од око ако видиме како изгледа прачка за антена таа е 0,5 или 1цм дебела а внарте е суплива а пак оваа прачката е полна внатре и е потенка.
-
Прачката е направена од месинг. Ако добро паметам легурата месинг има во неа и бакар што би значело дека нема да е толку лош проводник и ќе работи добро.
-
Еве за да ви пресмета должина на антената во зависност од фреквенцијата
не е нешто посебно ама ајде
http://hotfile.com/dl/29814938/87a8473/duzina_antene1.rar.html
-
ама прачките за заварување не се алуминиум па да не има некаков проблем? Проблемот е што јас немам SWR и никако не можам да измерам :(
Не викам дека не се добри но еве од око ако видиме како изгледа прачка за антена таа е 0,5 или 1цм дебела а внарте е суплива а пак оваа прачката е полна внатре и е потенка.
Значи вака, на алуминиум е скоро невозможно да залемиш со калај, додека бакрните цевки и месингените прачки се лемат 100% без проблем(пробано со прачките), дебелината не ти игра улога и нема врска што не е шуплива :D
-
фала ви дечки за информациите
-
Antena ne se pravi od bakar i mesing! Aluminiumot e najpogoden ,pred se zaradi specificnata tezina.Antenata treba da bide sto polesna ,za da ima pomali napreganja na vetrot.Univerzalna FM antena ne postoi,a pred se ne za 10 Mhz.SWR metarot moze da se zameni so merac na pole za da se podesi antenata.
Пишувај кирилица!!!

Незнам колку имаш експериментирано, но антените направени со шипчиња за варење од месинг се супер антени и парираат заедно со антените направени од алуминиум.
-
Не заборавајте - потесна антена (потанки шипчиња) - помала ширина на опсег (канал) имаат (и поголем Q фактор).
-
Не заборавајте - потесна антена (потанки шипчиња) - помала ширина на опсег (канал) имаат (и поголем Q фактор).
ако добро те разбрав, ако шипките се потенки тоа значи дека и ширината на каналот ке се промени (стесни) ?
-
Да. Дипол антена со танки шипчиња би требало да е малку подобра за една фрекфенција а со дебели шипки (цевки) би требало да е подобра за опсег (за прием на пример).
-
Значи сумирано ќе му дојде вака: антена со поетнки шипчиња е подобра за предавање (пошто се предава на една фреквенција нели), антена со подебели шипчиња е подобра за прием, така?
-
Па и јас така разбрав. Подобро е антената да има шипки со дебелина под 1cm. Можно е повратната снага да биде помала со потенки шипки ама неможам со сигурност да тврдам па нека каже и некој друг ако грешам.
-
Да не ве замарам со многу објаснувања - за ФМ најдобра опција се 8мм Ал.цевчиња ,кои можат да се купат во секоја подоброснабдена железарија.Внатрешниот промер е 6 мм и по сите можни таблици се стандард некој.Лесни се,отпорни на ветар и можат дури да се заваруваат со електрода за алуминиум.Најчесто доводните жици се врзуваат со помош на ушици и штрафови или ако некој е добар мајстор и со бакарни стеги.Друго -универзална антена не постои .Секоја антена ако се анализира,си има свој максимум во еден опсег ,а на околните фреквенции силата поаѓа.За прием секоја ке биде добра,а за предавател треба да се анализира и одбере најдобрата,односно најприфатливата фреквенција.И не постои антена на предавател со SWR од 1: 1,загуби мора да има макар само 5% од силата мора да се загуби во кабел.Со добар инструмент,прво се крати доводниот кабел за по 5-10 см,а кога ке се донесе на 1: 1,3 се почнува да се додава или одзема на краевите на диполот или вертикалата(ако е ГП антена).На ГП антената и аголот на радијалите знае да биде критичен како и растојанието на антената од покривот(поготово ако е метален!)
-
Море како што имам приметено повратната снага освен од антената може да зависи и од самиот предавател. Тоа никако неможам да си го разјаснам како е можно.
-
Море како што имам приметено повратната снага освен од антената може да зависи и од самиот предавател. Тоа никако неможам да си го разјаснам како е можно.
Доколку не му е подесена саглам излезната импеданса?
-
не, види нели еден предавател освен осцилаторот има и РФ појачало на пример со 2N3866 или 2N4427 и и уште едно појачало со 2N1971 и сега на високите фрекфенции дава најмала снага и 20% повратна снага а додека на ниските дава поголема снага и 15% повратна снага а пак на високите најмалце греат транзисторите а на ниските најмногу.

Тоа значи ДА. Лоша импеданса :) Или на антена или излезен степен на уредот. Или пак несаглам кабел (и ова е многу важно :)
-
па кабелот е италијански и купен во логинг 40 денари/метро и мислам дека не е до него иначе шемата е оваа но видете го тој подолниот од 5W но не е 5W туку 0,5W поради различниот излезен транзистор (Не е MRF237 туку 2SC1970) :D
http://www.deeknow.com/notes/tech/radio/NorweiganPirateRadioLeague.htm