Здраво Тома,
Оваа шема што ја имаш постувано, не е т.н. "тиристорско палење".
На времето јас имав направено тиристорско палење.
Се користи блок кондензатор (јас користев 2uF/400V габаритен, цилиндричен, во метално куќиште), кој се полни на 300VDC со помош на DC-DC претварач од 12V на 300V.
Потоа, така наполнетиот кондензатор се празни преку тиристор на примарот на бобината. Празнењето се иницира при одспојување на платината. Циклусот се потворува за секоја искра.
Моменталн ја немам шемата, инаку ќе ја постував. Ако најдам ќе постувам.
P.S.
А оваа шема што ја имаше постувано, некако не ми е јасно, тиристорот секогаш има возбуда на gate-от, така да тој секогаш би водел кога е споена платинката. Во тој случај наместо тиристор би можеча и обична диода да се користи, незнам зошто има тиристор.
@Devil
Насловот на темата може да биде и "електронско" наместо "електрично" ....
Поздрав,
mkfe.