Здраво,
Имав едно батерифче од лаптоп, со пробиени келии.. кога ке ја ставев во лаптоп краток спој правеше и го гасеше лаптопот.
Е сеа најдов едни келии.. ја отворив батеријата, ги извадов старите келии ги залемив новите ( една со една паралелно и потоа 2 со 2 сериски..поточно 3,7+3,7+3,7.. ) на плочката имаше 4 контакти.. Б-, Б1, Б2 и Б+.
Б- ја залемив на првите 2 келии, Б1 ја залемив на првите келии на плусот.. и вторите 2 келии, минусот го залемив на првите келии на плусот поточно на Б1.. Б2 ја залемив на вторите 2 келии.. третите 2 келии, минусот го залемив на плусот на вторите 2 келии или Б2 и на крајот нормално го залемив Б+ контактот.. е сеа пошо не беа полнети батериите.. имаа негде околу 8.6в а батеријата треба да е 10.8в.
Ја соберив, ја ставив во лаптопот, ама не сака да ја полни :/ ми дава, Battery plugged in/not charging. Чаре?!