Welcome,
Guest
. Please
login
or
register
.
Did you miss your
activation email
?
10.10.2024, Thursday, 04:32:30
Home
Help
Search
Contact
Login
Register
Македонски форум за електроника
»
Останато
»
Алат
»
Батерија и полнач MaxPuls Share 20V | MP20S -внатрешен увид
Print
Pages: [
1
]
Go Down
Author
Topic: Батерија и полнач MaxPuls Share 20V | MP20S -внатрешен увид (Read 6636 times)
Mkdsime
Стручњак
Posts: 158
Батерија и полнач MaxPuls Share 20V | MP20S -внатрешен увид
«
Opened
on 25.10.2022, Tuesday, 17:33:12 »
Мое мислење е дека батеријата е солидно направена со адекватна заштита на батериите. Повеќе од идеална за хоби работа. Батериите ги немам измерено дали се со точно 2000mAh капацитет но мислам дека сеуште се нови и имаат толкав капацитет. При полна батерија напонот на батериите е 4.15V. Батеријата има лед сијалички за индикација колку е полна батеријата и при работен товар при бушење во метал 2.5мм дебел со 8мм бургија напонот не паѓа драстично со што сите лед сијалички светат, додека при огромен товар, бушење со фи 115мм бургија за во земја за столбови само една сијаличка светеше.
Полначот од 2.4А е доволно брз за една батерија за хоби користење, не ми се допаѓа трансформаторот и транзисторот и големиот електролитски кондензатор што се наместени толку блиску мислам дека повеќе ќе загреваат?.
И еве на каква штрафилица ја користам батеријата со самопрајски адаптер
. Адаптерот е направен со лесонит парчиња лепени со супер лепак а контактите се од јадрото на мал трансформатор од делот што е како буквата Е.
Print
Pages: [
1
]
Go Up
Македонски форум за електроника
»
Останато
»
Алат
»
Батерија и полнач MaxPuls Share 20V | MP20S -внатрешен увид