Author Topic: Повторно online :)  (Read 5995 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Повторно online :)
« Opened on 24.02.2018, Saturday, 07:12:13 (Edited 04.03.2018, Sunday, 23:51:25) »
Македонскиот форум за електроника е повторно online ;). По неколку месечна пауза, повторно сме заедно :)... со неколку последици по транзицијата :S.

Главен проблем:

Сите attachment-и се, за жал, „капут“ (тука спаѓаат и avatar-ите на членовите :S)... последица на лош FTP трансфер на фајлови. Работиме на тоа да ги вратиме назад, барем дел од нив, ама не знам дали ќе успееме без оригиналниот backup (оној кој не е корумпиран при FTP трансферот). Сега за сега, ако многу ви е потребен некој фајл од форумов, а не можете да го најдете online, пишете во темата или на некој од администраторите или модераторите, ќе се потрудиме да го „оживееме“ од лошиот backup или да го откопаме од... некаде.

Помали проблеми:

Моментално форумот е достапен само на Англиски, не и на Македонски. Тоа не значи дека не може да post-ирате на Македонски, само речникот на форумот е на Англиски. Овој проблем е лесно решлив и ќе гледаме да го елиминираме во најкраток можен рок ;).

Ако некои од членовите претходно биле банирани, можно е да не може да се логираат. Доколку банот не бил перманентен, нека пишат на членовите од администрацијата или на администраторскиот mail (admin[[at]]elektronika-mk.net) и ќе го разгледаме конкретниот проблем ;).

Ако ги барате некои од функциите кои претходно ги имаше форумот (како порталот, итн.), не ги барајте за џабе. Тие функции веќе ги нема и нема да ги има. Се префрливме на нова верзија од скриптата на форумот и немаме намера да се враќаме назад, ниту пак да имплементираме функции кои само ги комплицираат работите при update на скриптата на форумот и се скоро ирелевантни за правилно функционирање на форумот (само шминка).

Моменталниот изглед на форумот е привремен и најверојатно ќе претрпи промени (лого, background, итн.). Ако имате некои предлози, пишете на некои од админстраторите или модераторите, ќе го разгледаме предлогот ;).

MKFE Team
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Повторно online :)
« Reply #1 on 26.02.2018, Monday, 02:22:56 »
Ајде со среќа и бериќет и што повеќе квалитетни постови и теми.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Повторно online :)
« Reply #2 on 08.03.2018, Thursday, 22:56:20 »
Update во врска со attachment-ите (прикачените датотеки). Повеќето од нив се функционални, барем оние кои биле слики, поголемиот дел се ОК. Но оние кои биле архиви, pdf, doc, exe, итн... претпоставувам дека голем дел од нив се корумпирани за жал :S. Немаме евиденција точно колкав дел од attachment-ите се исправни, колку се корумпирани, така да, ќе треба да ги симнете и да видете кои се исправни а кои не.

Во секој случај, доколку ви треба некој attachment, а е корумпиран, пријавете во темата во која attachment-от стои, ќе се потрудиме да го најдеме ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Повторно online :)
« Reply #3 on 08.03.2018, Thursday, 23:30:21 »
Одлично, значи сепак дел од фајловите се тука и се во ред.
За останатите корумпирани фајлови здравје.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 78
Re: Повторно online :)
« Reply #4 on 20.04.2024, Saturday, 20:36:28 »
Каде сте форумџии, кај отидовте. За вас плачат многу проекти...

Ми дојде мерак, уште еднаш да го прочитам цел форум, и сите теми. Жалосно што тотално опадна интересот на новите генерации од птт и ко це металец, но и китовите од алиекспрес, си го направија своето. Што радости било да се користат шемите на лорџи, па напојувањето од бора, па барај грешки и исправувај, па шемата од конздрух хартијата не се пренела убаво на плочки, па ти избегало нешто, па вентилаторите од компјутерот ги топевме во уље, ехее.

Голем поздрав до сите форумџии, да сте живи и здрави уште 1 век.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Повторно online :)
« Reply #5 on 21.04.2024, Sunday, 09:36:09 »
За жал, така е ко што пиша, нема веќе интерес од нула да правиш нешто, печатиш плочка, собираш делови, кога можеш за дел од цената да си нарачаш готово модулче. И мене ми е често поедноставно вака да направам отколку да развивам некој уред од нула.
Додај ја на ова општата ситуација, незаинтересираност и аптија што ја запоседна Нашата Земја, тоа што голем број млади отидоа негде надвор, а и тие малце нови ентузијасти што се појавија на форумот беа малтене “избркани“ од поранешни членови на администрацијата ради лични хирови и нека не те чуди зошто сме тука каде што сме...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 732
  • Gender: Male
Re: Повторно online :)
« Reply #6 on 21.04.2024, Sunday, 11:46:49 »
Времиња.


Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Re: Повторно online :)
« Reply #7 on 21.04.2024, Sunday, 17:38:26 »
Ево едно мое мислење,
Дефинитивно се се смени ,мое скромно мислење е дека полека згаснуваат  вакви  специјализирани  форуми секаде во светот.
Пример и големиот DIY Audio форум  не е тоа што беше исто е и со Хрватскиот . Дефинитивно подолго време  Arduino е главно сто го работат помладите колеги и тоа го објавуваат на YouTube. Еден мој колега има објавено 360 видеа. Ентузиаст секогаш ќе има . Стана се глобално и на  форумите кои се локални  не гледам светла иднина. Глобалните  форуми на англиски јазик имаат посветла иднина само поради јазикот на комуникација.
Во моментов  и долгорчно ќе има работа за одржување и сервисирања  на ЦНЦ машини . Но за ова треба многу  посветеност .Во Македонија јас знам само за еден позбилен сервис за ЦНЦ машини. Сигурен сум дека во Македонија има над 300 ЦНЦ индустриски машини (глодалки,стругови,бризгалки , ласери ....) од кои голем дел се купени половни. Млади електроничари само напред  помина времето од поправка на телевизори, појачала ........

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Повторно online :)
« Reply #8 on 22.04.2024, Monday, 01:04:11 »
Code: [Select]
https://www.youtube.com/@user-hm8kz8fn7i/videosќе пробам да го убедам за поќе видеа.
Имаш вибер?