Мислам на лоша инсталација е што фабрички вградената инсталација во поголем дел од возилата е наменета за максимум 8 до 10 ампери. со 10 ампери на 12В едвај се напојува радио со 4 поврзани звучници од 4 оми (4х20W) и тоа е многу. Па доколку се стават 2 оми звучници напонот ќе падне (и ќе грее инсталацијата) така да поголема моќ од самото радио нема ни да осетите. Ова може да се среди со носење на подебели жици за плус и маса до самото радио. А околу греењето што го спомнова danix01 е стварно голем проблем и мора да се реши, значи да се види каков е просторот за радио во автомобилот и по можност да се направат отвори или да се сече задниот дел целосно за да може да се лади радиото. На 2 оми (со сменета инсталација за напојување) овој проблем со греењето е уште поголем но ако го решите нема да ви треба дополнителен засилувач бидејќи ќе имате доста снага од самото радио (160W - 8 звучници х 20W ако имате место или има 2 омски звучници многу квалитетни од серијата на JBL и ќе ви требаат само 4 звучници за 160W). Јас имам решено вака (колку за информација). Звучници во маската и во вратите JBL од 4 оми врзани паралелно и ставени на излезот за предните звучници од радиото. Звучници елипси назад на задната клупа JBL од 2 оми и одат директно на излезите за задни звучници на радиото. Радиото е со можност за 2 омски излези (4х45W / 2 оми) со што е невидено гласно и без засилувач, нормално задниот дел од „корпата“ за радио во автомобилот ми е сечена заради ладење и радиото е прицврстено дополнително со метални ленти за шасијата заради подобра маса и против крадење (не се вади радиото, барем не во 1 дел
). Се разбира имам ставено посебна жица од акумулатор дебела за напојување на радиото, има голем ефект дебелината на инсталацијата за радио и да не заборавите треба подебели жици и за звучниците, на 2х0.75мм туку барем 2х1.5мм.