Го иамт некој ова направено ? Ако се стави друг излезен трансформатор т.е. да дава понизок напон треба преправање, нели ? И ме интересира дали напојувањата со обичен трансфорамтор се полоши или подобри ова овие?
за преправање треба да се менуваат делови во повратната врска (не ме прашувај кои) а за тоа дали се подобри или полоши...и двете имаат добри и лоши страни...
добри страни на SMPS е тоа што се евтини, напонот на излез скоро да нема брум, мали се по габарит за разлика од трансформаторите што се со иста снага како и овие. Лоши страни им се тоа што ако (на пример) имаш SMPS од 100W, и го преоптовариш со 120W ке ти цркне освен ако нема заштита некоја, внесуваат многу шум во градската мрежа, и имаат помало корисно дејство од трансформаторите.
трансформаторите па се каде каде поскапи од овие напојувања (заради цената на бакарот), погабаритни се (можеш да замислиш како изгледа трафо од 1000W), имаат поголемо корисно дејство (особено торусни трансформатори) ако го преоптовариш малце, ништо нема да му биде само напонот на излез ке се намали.... ова ми текнува сега што им се предности а што им се мани...ако има некој некоја забелешка нека каже