Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: Steff_92 on 09.05.2020, Saturday, 20:34:54
-
Здраво,
Ми треба идеја и шема како да го решам следново:
Имам 12волти сигнал на жица кои што доаѓаат еден по друг (во дел од секунда, отклучување на врата на автомобил).
Потребен ми е само првиот сигнал, но не и вториот.
Како да го исфилтрирам, да го земам само првиот ?
Нешто ми текна некако со тајмер штом стигне прв да го земе, другиот да го блокира, потоа да одброи 2-3 секунди и пак да биде standby.
-
Или пак некако со кондензатор да ги спојам сигналите во еден, пример прекинот што го има да го надокнади кондензаторот ?
-
Ова второто ти е попаметна опција, под услова сигналите да се еднонасочни и напонските нивоа да се 0V (GND) и 12V (Vcc).
-
Вакви работи наједноставно се решаваат со микроконтролер, ако знаеш да програмираш.