Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: batka on 22.04.2011, Friday, 23:41:55
-
Комплетен нацрт со ТДА 1562 во мостен спој со филтер за сабвуфер.Направен е со Симсоник 150 ватна 12-ка во кутија и солидно работи.Напојувањето е 12 В 8 А со 4 Х 4700мФ и грец 10А
-
Комплетен нацрт со ТДА 1562 во мостен спој со филтер за сабвуфер.Направен е со Симсоник 150 ватна 12-ка во кутија и солидно работи.Напојувањето е +/- 12 В 8 А со 4 Х 4700мФ и грец 10А
Уба си ет шемицаа, но ја су поќе со шемицине за засилувачи со транџи за Сабвуфер.
Појачалце за Сабвуфер со излезни транџи: MJ15003/MJ15004! ;) 8) 8)
Дај кадро од звучникот!? ::)
-
Не давам,оти немам и не кадросувам.Ама.за тебе,ке го прашам човекот и ке гледам да ставам!
-
Овој засилувач за сабвуфер го знам многу одамна и го имам изработено неколку пати и стварно сум презадоволен од него :). Кој сака да си изработи добар засилувач за сабвуфер за во кола му го препорачувам овој. Има доста моќен и добар звук. Може да се искористи и за домашен сабвуфер како што е во овој случај и како напојувачки степен може да искористите компјутерско напојување ;).
-
Еве едно кадро
-
Само уште ова : додека се решаваше како да изгледа кутијата со 12-ката добив еден нацрт ,за кој исто мислам дека со Симсоникот ке работи добро.За разлика од сегашната(компресиона) ,овде се работи за бас рефлекс со правоаголен отвор и канал во вид на внатрешна преграда. Во следна прилика верувам дека мојов мајстор Крсто ке се занимава со овој нацрт.Сите мерки се во инчи!
-
Само уште ова : додека се решаваше како да изгледа кутијата со 12-ката добив еден нацрт ,за кој исто мислам дека со Симсоникот ке работи добро.За разлика од сегашната(компресиона) ,овде се работи за бас рефлекс со правоаголен отвор и канал во вид на внатрешна преграда. Во следна прилика верувам дека мојов мајстор Крсто ке се занимава со овој нацрт.Сите мерки се во инчи!
Batka, убај идеи имаш, само што твојот симсоник немат Fs= 38Hz но сепак "акниго" во ова кутија, како така,... сакал неќел ќе верглат!!? ;)
oва кутија не ет басс рефлекс туку ТL !! ;) :D
Иначе, во компресиона кутја (како та горната) требат да е од 60литри одлично ќе верглат! Се разбират ако ја наполниш со вештачка волна (или подобро природна) Лио!
P.S.
Дај податоци овдека вака за твојот мајстор Крсто!
Телефон или и-меел!?
Такви луѓе ми се потребни,....
-
делија дали некогаш си имал симсоник звучник, да слушниш нешто ефтино а добро??? ;D ;D ;D и како вуфер сум го користел и дома и се најдобро ќе кажам за симсоникот :) :) :) :) а дали имал на батка зучникот 38hz или немал не е битно
-
Е,мој Делија, очигледно менаш многу појма што е бас рефлекс ,а што е ТЛ кутија! ;D Очигледно во Емитер немало досега вакво нешто. А со Марфи си скаран одамна веројатно..За вуферот не се прашам јас ,туку домакинот кој си го направил и задоволен си е!! И друго - мајстор Крсто прави намештај и само кога е добра воља,седнува со мене и правиме кутии! Од чисто задоволство,а за тебе важи исто- дојди и намоли го.Во Велес сите го знаат како Крсто Коњот ( работи навистина како коњ кога има работа,ако треба и по цели ноќи! ;D ;D ;D)
Споено мислење: [time]24 Април 2011, 12:20:46[/time]
Е ова е ТЛ кутија!!
-
Комплетен нацрт со ТДА 1562 во мостен спој со филтер за сабвуфер.Направен е со Симсоник 150 ватна 12-ка во кутија и солидно работи.Напојувањето е +/- 12 В 8 А со 4 Х 4700мФ и грец 10А
Уба си ет шемицаа, но ја су поќе со шемицине за засилувачи со транџи за Сабвуфер.
Појачалце за Сабвуфер со излезни транџи: MJ15003/MJ15004! ;) 8) 8)
Дај кадро од звучникот!? ::)
тоа за во кола или... ?
-
Дали шемата од првиот пост ја има некој изработено, јас го имам пред мене склопот, ама не му се работи некако
Проблемот е најде и отклонет, кога го правите внимавајте дали напојувањата на TL074 и TL071 се убаво поврзани, кај мене имаа проблем па требаше со жица да ги поврзувам !!
-
што пари би коштел овој засилувач?? сакам да го направам гледам дека има многу задоволни од овој засилувач
-
што пари би коштел овој засилувач?? сакам да го направам гледам дека има многу задоволни од овој засилувач
Порано кога го изработував комплет сите делови коштаа некаде околу 700 денари за еден моно блок, сега со оглед дека цената на TDA1562Q е доста покачена, целиот склоп би фатил некаде околу 1000 денари ;).
-
Благодарам ;)
-
Нема проблем borisq10, но сепак цената зависи од која продавница ќе ги купиш деловите, што значи дека може да ти испадне и поевтино :).
-
што пари би коштел овој засилувач?? сакам да го направам гледам дека има многу задоволни од овој засилувач
ако си заинтересиран можам да ти го продадам комплетно со ладник со све за 1000ден само да си закачиш струја и звучник и да си пеј :)
-
ShAdOw јас порачувам делови од Алфа Електроник Битола па утре ке прашам што пари е се комплет :)
Споено мислење: 13.03.2012, Tuesday, 22:13:48
Прашав интегралецот е 500 денари :)
-
За два звучници треба да ги дуплирам деловите, така?? И дали има некој расположен да ги прати деловите од Битола по автобус ???
-
За два звучници треба да ги дуплирам деловите, така?? И дали има некој расположен да ги прати деловите од Битола по автобус ???
По карго порачај ги.. или ако ги порачаш од алфа мислам дека ти по пошта ти ги пуштат. прашај некој од др градој како одат тие работи, мислам оти не е скапо ;)
-
по пошта ги праќаат, мене за пакет (прилично голем) ми побараа негде помалку од 100 денари за да го пратам до скопје, пакетот беше помалку од пола кило
-
ова ке може ли да се користи за во кола/ 8)
-
не, нема да може зашто треба +/- 12V за напојување...освен ако не користиш инвертори...
-
работи само на 12в ова е кола створеноо.Го имам изработено неколку пати
-
работи само на 12в ова е кола створеноо.Го имам изработено неколку пати
Комплетен нацрт со ТДА 1562 во мостен спој со филтер за сабвуфер.Направен е со Симсоник 150 ватна 12-ка во кутија и солидно работи.Напојувањето е +/- 12 В 8 А со 4 Х 4700мФ и грец 10А
тоа може работи на 12V single rail напојување, ама 70W на 12V неверувам дека ке ги добиеш...
-
Во мојот прв пост сум пишал +/- 12V8A,ама треба да биде на обично напојување. Влезниот дел со ИК се напојува со едносмерен напон преку разделник од отпорници,така што не треба и за него симетричен напон.Значи реално би добиле некои 45-50W,што е супер за во возило без инвертори.Доволно е за во гепек,ама внимавајте на оние 8А кои треба да ги *повлече*.Треба добар пресек лицнаста жица,бар 3-3,5 мм пресек и тоа најдобро со силиконска изолација.Тоа може да ве чини и поскапо од цела електроника ;D
-
Моментално ја правам шемата до вечер ке ви кажам како ке биде.. :) :) инаку да ви се пофалам во гевгелија TL071 и TL084 двете коштаат 200 денари нај ефтин град во македонија ;D
-
Добро е што има тамо продавници за елекроника да не мора да порачуваш од Штип, пиши ако имаат мејл, скајп или сајт.
-
хаха ма каков скајп каков имел немаат ништо жити 1 продавница што ја имаме и во неа нема ништо.. прашај тоа прашај воа.. се ми викаат ке порачаме бев диоди да барам немаа чекав да порачат како што ми стои порачуваат од алфа битола :) :) :)
-
па речи му бе на некој нека ти нарача или нарачај си сам поголеми количини од некоја поефтина продавница, јас да сум на твое место ќе ги земам интегралците и од глава ќе му ги мавнам, над 20 денари по парче не му давам
-
да, баш ме зачуди и мене, знам дека во БТ во Скопје се по 10 денари парче. Тие се само обични операциски засилувачи.
-
тоа е тоа... да порачам од битола да ми излезат деве 50 денари и поштарината ми е околу 120-130 денари до гевгелија пак исто ми се фаќа ама на поголема количина делови не се исплаќа :)
-
на поголема количина делови се исплаќа, од битола ги праќаат по карго, за стандардната димензија на пакетот кој го праќаат се плаќа 70 денари поштарина, ги праќаат преку карго ;)
ама доста е офф топик
-
како што казува насловот ми треба помош за TDA1562Q за (woofer), шемата ја правев што е ставена од batka... проблемот е во тоа што отпорниците на шемата (r2 r4 r3 r5 r6 r7 r8 r11 r14 r15 r12 r10 r9 r16) не оди струја до нив.. еве ја шемата.. еве и некоја слика од изработката.. ако може некој нека ми помогне зошто веке 5 дена се мачам и неможам да откријам што е и направив нова плочка од ново и пак исто.. :-\
(http://imageshack.us/a/img685/6939/aaby.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/685/aaby.jpg/)
(http://imageshack.us/a/img39/2509/86121952.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/39/86121952.jpg/)
-
Прво, прашај во онаа тема во која е post-ирана шемата. Дај линк да го преместам topic-от.
Сигурно е исправна монтажната шема? Како тоа „не иде струја до нив“, мереше струја дали тече низ нив? Па и онака низ нив не треба да тече некоја преголема струја, тоа се пред се отпорници низ кои поминува сигналот, а дел од нив се користат за повратна врска во предзасилувачот со суматорот. Си мерел со волтметар дали има напон на напојувачките пинови на операциските засилувачи и интегрираниот засилувач? Си мерел си синал трасер дали поминува сигналот од еден до друг операциски засилувач?
-
еве ја темата од батка
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5088.msg76984#msg76984 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5088.msg76984#msg76984)
мерен напон на се.. интегралецот е исправен а на отпорниците кој ги наведов не поминува никаква струја кога мерам на 2в на униметор 0.00 покажува
-
еве ја темата од батка
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5088.msg76984#msg76984 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5088.msg76984#msg76984)
Епа нареден пат ќе си post-ираш во ссодветните теми. Сега ќе ја спојам, но пази друг пат.
мерен напон на се.. интегралецот е исправен а на отпорниците кој ги наведов не поминува никаква струја кога мерам на 2в на униметор 0.00 покажува
А си мерел дали доаѓа напон до напојувачките пинови на двете кола со операциски засилувачи?
-
не незнам како.. може помош :)
-
не незнам како.. може помош :)
Симни datasheet од колата (не знам кои беа, види на шемата) и види кои им се напојувачки пинови.
-
мислиш на TL085 и на ТL71?
-
мислиш на TL085 и на ТL71?
Мислам и на двата.
-
ги проверив и нив... работат се е исправно на шемата а незнам зошто не работи
-
Значи јас соработувам со борис10. Шемата му е праена според ова на батка, ама ете неќи да проработи. Сите можности со ст-бу ги испоба, пак не сака да запеј појачалото. На пиновите за + и - на интегралното стига напон, исто и на операциските, и на излез вади напон. Чаре уште бараме >:(
-
Епа друже, изработи си сигнал трасер, следи го сигналот и барај кај може да биде проблемот ;).
Еве шема и плочка за сигнал трасер ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6351.0
-
Епа друже, изработи си сигнал трасер, следи го сигналот и барај кај може да биде проблемот ;).
Еве шема и плочка за сигнал трасер ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6351.0
Абе го имам ова ама во поинаква форма. Башка јас сум од Бт, борис10 е од Гевгелија, така да преку интернет му поможвам јас. Освен тој да напрај вакво, па да го следи сигналот ;)
-
Освен тој да напрај вакво, па да го следи сигналот ;)
Па да де, ќе си направи и нека си го следи сигналот ;).
-
Прво не се работи за ТL085 и ТL71 , ами се работи за ТL074 и ТL071.Одспојте го излезот на пп после ТL071 и на друго излезно појачало пробајте дали воопшто работи предпојачалото.Потоа директно на пин 1 преку блокот од 100 Мф донесете сигнал и видете дали работи појачалото.Се работи за мостен спој и секој кикс ,краток спој или несоодветен звучник може да го оштети појачувачот.Второ,споредете повеке шеми и видете како е секаде решен стбај и муте функцијата.Не знама дали нови или вадени електролити си ставал,ама и тоа може проблем да биде,ако биле суви електролитите има шанси некој пин да отиде кратко на маса и ИК да стане неупотребливо:За вакви конструкции се ставаат сосема нови и квалитетни електролити.И на крај - напојувањето! Дали е ок,дане е преслабо и слично.Неблагодарно е да се цени нечија работа прекуслика или само напишан текст ,а да не се види лично.Скоро имав прилика да добојам едно појачало,правено,кое не тргаше воопшто - како се е в ред -ама не трга! Трафото беше 20-тина вати ,а појачувачот требаше барем 50 вати да даде.Но напонот паѓаше оред да стаса до ИК! Разгледајте дата шит,други шеми и видете дали правилно и дали се е врзано.Повикај неколкумина познавачи на техниката и секој нека ја разгледа електричната и монтажната шема.
-
Значи шемата ја однесов кај еден електроничар што има доста многу познавање... го уклучи појачалото и кај што е пинот за влез на интегралецот го чепна со прст и тој пушти некој звук.. али после 5-10 секунди го снема пак проба од ново пак истото.. тој ми рече дека интегралното е одено.. од кога се вратив дома го извадов интегралното и го ставив на предходната шема што си работеше.. и тој повторно си работи сега до што е проблемот незнам.. инаку TL084 го видов во дадашитот и TL074 исти се.. до што може да е проблемот незнам ??? ??? ??? ??? ???
-
Ти реков, земи направи сигнал трасер и следи го сигналот ;).
-
Веројатно целиот степен осцилира.Смени ги со нови сите електролити.За електролитите ,ако се стари и вадени,не се мачи ни да ги пробаш - смени ги со нови! И пак провери си ја плочката!!
-
ок благорадам батка :)
-
TL084 и TL074 се слични но не и исти, прочитај како се градени ќе ти стане јасно, во одредени случаеви не може така да се менуваат колата
види кај предпојачалото и филтерот за бас, кој пин оди на влез во делот од појачалото од тука извади сигнал со жица и приклучи на исправното појачало пушти музика види дали работи така, ако така работи тогаш нешто не е во ред во делот кај појачалото
-
благодарам на сите.. пошто веке 1 недела неможам да го направам по цела ден и ноќ работам и никако да го направам ке пробам и ке ви пишам :)
Споено мислење: 07.06.2012, Thursday, 16:02:34
извадов зица од TL084 8 пин и го приклучив на др појачало работи свири проверив на ТL071 нема никаков сигнал а на 084 има :) :)
-
чим ова другото појачало си работи со овај предпојачувач значи ее до појачалото со тда1562
-
е сега вака ќе направиш на влез на ова расипаното ќе пуштиш звук нешто нека „плампа“ (за тие шо се чудат шо значи ова, то ти е некој нонстоп ко ќе зборва нешто па исто)
ќе ставиш едно блокче на влезот од појачалото (исправното) и ќе почнеш точка по точка да бараш до кај иде сигналот и од каде почнува да се губи, вака ќе најдеш кој дел ти е неисправен, ова ти е само една огромна форма на сигнал трејсерот на гига
-
благодарам devil ке пробам и ке пишам :) :)
-
Зедов ново TDA зенов нови кондензатори 4700uf зедов нови TL071 и TL074... пак истото не работи дај ми се молам видете до што е веке незнам колку време се замарам со ова појачало и незнам колку пари се изнафрлив преку 2000 денари ми излезе дај ви се молам видеде ја убаво шемата.. го замолувам батка да ја провери шемата пошто од него е ставена :) :)
-
Шемата е сигурно ОК и е направена веке,па нема шанса да е поради шемата.Веројатно имаш направено некоја грешка во поврзувањето.
-
Шемата си е ОК, ти реков, земи сигнал трасер и следи го сигналот. Да не користиш подножја за интегрираните кола?
-
значи кога го уклучувам засилувачот на стрија +/- без STBY не греее интегралното кога ке го уклучам на +5в грее исто и на +12в... но засилувачот не работи незнам до што е проблемот
-
Погледни ги оние вторите шеми што ги постирав - има една оригинал е од Електор,види како е стбај-от таму решен!
-
Дали овој засилувач ќе го пуни вуферот на сликата
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/2042495246.jpg)
и да не го има некој веќе изработено па да го продава
-
ај ти мене шитни ми го звучников :D
-
Мислам дека басот е 200w 8ома и значи со овој нема шанси да го полнам, друг некој предложете да изработам тогас може и по порака да пратите и фала