Дигитална електроника > Сè останато

Дигитaлeн снимач на звук со ISD1420

(1/3) > >>

LordZi:
Ова колото случајно ми дојде до рака, па решив да го искористам ;). Станува збор за ISD1420P кое овозможува снимање звук во времетрање до 20 секунди, инаку постои цела плејада кола од оваа серија, некои од нив овозможуваат и до неколку минути снимање.
Ева ја и шемата, таа е универзална за сите кола од ISD14xx серијата:
(повеќе детали околу шемата и колото може да се најдат во даташитот кој може бесплатно да се најде на интернет)

Наместо отпорникот R9 од 1к ставив 220оми. Звучникот треба да е 16 омски, но бидејќи таков потешко се наоѓа може да се додаде отпорник од 8,2оми сериски со звучник од 8 ома при што звукот ќе биде нешто потивок. Снимањето трае додека се држи притиснат тастерот RECORD, при што свети лед диодата, додека репродукцијата на снименото се врши со тастерите PLAY E и PLAY L. Снимениот звук е чист и јасно разбирлив. Напојувањето на колото е 5V.

GigaWatt:
А што е разликата меѓу тастерите PLAY E и PLAY L? И дали има индикација преку LED (или на некој друг начин) дека има снимена порака во меморијата?

LordZi:
Со кратко притискање на PLAY E ја слушаш целата порака, додека со PLAY L ја слушаш дури е притиснат тастерот, кога ќе го пуштиш одма прекинува. Лед диодата свети само при снимање, додека при преслушување само кратко трепнува на крај од пораката.

ki4o01:
Дали колово го има кај нас и ако го има каде го има ?

GigaWatt:

--- Quote from: LordZi on 12.07.2012, Thursday, 21:47:26 ---Лед диодата свети само при снимање, додека при преслушување само кратко трепнува на крај од пораката.
--- End quote ---

Значи нема некоја индикација дека има снимена порака? Nа пример, снимам порака и диодата трепка за да некоја друг кога ќе го види уредот знае дека има снимена порака на него? Прашувам бидејќи уредчево е добро за оставање на пораки место на ливчиња, вака, да ги снимаш ;).

А меморија држи ако се изгаси од напојување?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version