Дигитална електроника > Сè останато

Општи прашања поврзани со дигиталната електроника

<< < (2/43) > >>

Devil:
јас на школо не учев многу за CMOS технологија па сега ме интересира нешто, уствари ние само ја спомнавме на школо но ништо не учевне посебно за тоа

е сега ме интересора едно нешто, поточно се работи за логички кола направени со CMOS технологија, да претпоставиме дека имаме некоја логичка порта и сега носиме некој сигнал портава се отвора, пуштаме некој сигнал со променлива синусоида и сега во зависност од тоа што е дали е 1 или 0 на влаз од колово така отвора и затвора, мене ме интересира до која фреквенција може така да отвора и затвора, дали има шанса „ да се збуни“ колото и да почне да не работи како што треба, пр. пуштам сигнал од 100MHz и дали тој сигнал ќе се добие на излез или ќе се укочи колото :)

дали во пракса е можно такво нешто ( доколку нема да му се случи ништо теоретски), и до која фреквенција се ограничени

BorceBT:
Зависи од технологијата со која е изработено колото, некои (постари) кола работеа докај 10тина MHz максимум, некои понови работеа докај 30-40MHz а некои (најбрзи) можеа да работат и до 100MHz. Затоа имаше различни серии од тие кола како на пример HC, HCT, F, C - во главно најновите (HCT) би требало да се најбрзи (докај 50MHz работат сигурно скоро сите)
Значи обичните ТТL кола (на пример 7400) беа најбавни, F (74F00) беа побрзи, потоа излегоа HC (High-speed CMOS) иста брзина како F само многу помалку трошеа бидејќи беа во CMOS технологија и на крајот (денес) имаме HCT кој се најбрзи. Серијата 4000 (која по default e CMOS) не е толку брза како HCT меѓутоа и таа често може да се користи докај 50 MHz.

DX-er:
HCT работат на 50MHz, барем кај верониката :)

DX-er:
дечки да ве прашам нешто, имам PIC16F628A-I/SO и PIC16F628A-I/P значи нема после ознаката 04 што означува дека има 4MHz осцилатор. Што значат овие I/SO и I/P ?
Дали има внатрешен осцилатор од 4MHz или нема ?
ве молам за одговор

deophorant:
ACT се најбрзата серија и тие имаат Tpd некаде окулу 3nS, а обично можат да работат до трипати поголемо Tpd од периодата на осцилациите, па следи дека ке бидат стабилни до 300MHz. На пазарот се појавија и некои линиски драјвери во BiCom3 технологија кои можат да возат до 1GHz. Имам тестирано неколку такви на 560MHz и си возеа супер (Tpd = 230pS, Tjiter RMS = 23pS, Tr = 420pS, Ѕверови:))

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version