Дигитална електроника > Сè останато

Општи прашања поврзани со дигиталната електроника

<< < (43/43)

MilerovEfekt:
Ок тогаш, тебе ти треба да ја извадиш апсолутната вредност од сигналот. Затоа што е синусоида, *претпоставувам* дека сакаш да ги гледаш и двете полупериоди (така?).

Кажи ми, дали имаш ±напојување во системот (за покомотни да сме со операциски засилувачи) и дали шантот ќе биде на high-side или low-side од моторот ?

MarkoMK:
Не кажа како мислиш да го поврзеш шантот на ардуиното - претпоставувам едната страна ќе биде заземјена на GND а другата ќе ти оди на аналоген влез.
160 mV не се некој напон да го прегори ардуиното ама ако го поврзеш така нема да можеш да ја мериш негативната полупериода. Најдобро е да го подигнеш напонот од шантот (да му направиш биас) за да може да мериш и негативен напон. И моја препорака, пошто се работи за мотор кој работи на мрежен напон (претпоставувам) да ставиш некаков бафер помеѓу шантот и ардуиното заради заштита - не директно шантот во ардуино да го ставаш. На пример најпросто направи напонско следило со операциски засилувач.. незнам можда има друг начин ова е првото што ми текна..  :)

KiloVolt:

--- Quote ---Затоа што е синусоида, *претпоставувам* дека сакаш да ги гледаш и двете полупериоди (така?).
--- End quote ---
Не, не ми се потребни, битна ми е само ефективната вредност на напонот.

--- Quote ---Кажи ми, дали имаш ±напојување во системот (за покомотни да сме со операциски засилувачи) и дали шантот ќе биде на high-side или low-side од моторот ?
--- End quote ---
Имав зададено едно трафо со два секундари (2x5.5V), а затоа што не ми требаа повеќе од 5V, ги поврзав двата секундари сериски и направив целобранов насочувач и филтер кондензатор за да добијам околу 7-8V и после да ги регулирам на 5V со 7805. Значи ако го преправам изводливо е да добијам симетричен напон.
Незнам како ќе биде точно, ама нема да имам контрола врз начинот на поврзување. Сепак, ова ќе мери струја која тече низ дупчалка, а моделот не ми е познат за да знам каква е во внатрешноста.

--- Quote ---Не кажа како мислиш да го поврзеш шантот на ардуиното - претпоставувам едната страна ќе биде заземјена на GND а другата ќе ти оди на аналоген влез.
--- End quote ---
Да.

--- Quote ---160 mV не се некој напон да го прегори ардуиното ама ако го поврзеш така нема да можеш да ја мериш негативната полупериода.
--- End quote ---
Не ми е ни потребна таа, само позитивната полупериода ми е доволна. Можам да напишам програма неколку илјади пати во секунда да ја проверува вредноста на аналогниот влез, да ја одбира најголемата вредност и потоа да ја пресмета ефективната вредност од тоа. Ми се виде најдобро ова.

--- Quote ---Најдобро е да го подигнеш напонот од шантот (да му направиш биас) за да може да мериш и негативен напон. И моја препорака, пошто се работи за мотор кој работи на мрежен напон (претпоставувам) да ставиш некаков бафер помеѓу шантот и ардуиното заради заштита - не директно шантот во ардуино да го ставаш. На пример најпросто направи напонско следило со операциски засилувач.. незнам можда има друг начин ова е првото што ми текна..  :)
--- End quote ---
Незнам, ќе експериментирам. Благодарам за идеите, ќе пробам прво да видам дали може вака како што е сега

VLATKO*:
Дечки потребна ми е помош од член со програматор за pic,замолувам за услуга да го впише хекс фајлот во пикот,членови од територијата на Скопје и Тетово помагајте :D

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version