Аналогна електроника > Сè останато

Општи прашања поврзани со аналогната електроника

(1/383) > >>

GigaWatt:
Во овој topic ќе можете да поставувате општи прашања во врска со аналогната електроника, теоретски прашања, практични прашања, итн. ;).

DX-er:
Браво за темата! Мене ме интересира колку е работен век на VF транзисторите при нормани околности?

GigaWatt:
Тоа мислам дека освен ако некој емпириски не пресметал врз база на 100 или повеќе изгорени транзистори, нема да добиеш прецизен одговор. Определени фирми дефинираат време меѓу два откажувања на уред или компонента, ама не се секогаш точни овие податоци бидејќи се дадени од фирмата која ги произведува уредите или компонетите, па нормално е малку да ги преувеличува податоците (да си ги фали производите ;)).

DX-er:
Oк, фала за одговорот. Ако некој има лично искуство со овој тип транзистори нека пише за инфо од прва рака :)

tazzz:
дали ќе можи малце објаснување за за напојувањата на појачалата на пример сакам да правам појачало од 50w и сега од каде да знам какво трафо ке ми треба освен шо волти ке треба тоа добро ама како да знам дали ке го рани тоа трафо шо ке го ставам и шо ке се случи ако појачалото трга 3 ампери а трафото е 1ампер имам повеќе трафоа моќноста му ја провервам со пресметка на јадрото напонот со волтметар а за амперите незнам малце објаснување за ова цело  :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version