Дигитална електроника > Сè останато

Kiosk/POS вгнезден печатар

<< < (2/5) > >>

GigaWatt:
Off topic...

Ај вака... ќе бидам брутално искрен... не е дека ми пречи коментарот на MURO, далеку од тоа, баш корисен коментар е ;) ... НО bump-от на мојот коментар го „натера“ (го виде коментарот во тема во recent forum topics... претпоставувам, нека ме корегира ако грешам) да пише, НО, притоа, никаде не се спомна мојот коментар во стилот на „И да, GigaWatt е во право, правило на форумот е, треба да се кодираат линковите ;)“.

Ова го гледам од долгогодишни членови... сите очекуваат само адмнините и модераторите да го чуваат редот на форумот, а сите останати членови се само innocent bystanders ::).

Уште една причина зошто форумов тоне. Не е (само) до изгледот, видете го remont-aud.net... не изгледа ништо подобро од овој форум, а сепак е преполн со содржина... и се полни... сеуште.

My 2 cents...

MURO:
Види Гига, многу ти е конфузен говоров, и, не ти го разбирам. Видов дека во некој контекст ме спомнуваш. Без потреба кревање прашина околу некодиран  линк. Не ги прочитал внимателно правилата, голема работа. А, што се однесува до тонењето на форумот, тоа е затоа што немаш многу дечки како авторот на темава. Треба да привлечеш такви. До тогаш, нивото на форумот ќе ти биде "Тајмер со NE555" и "Види шо купив на бувљак". Тоа се рани 80-ти

Nikol4e:
Нема повеќе "електроничари". Нема повеќе народна техника, отп, техничко, па средно техничко. Сега се штанца кадар од гимназија, кој веќе на 14/15години знае дека ќе биде програмер или доктор. Лека, полека, доаѓа времето на техничарите и занаетчиите, е тек тогаш ќе биде оф мори мајко.

Нема да заборавам по отп, кога правевме сирени и полициски светла, па на еден му свети, на друг не, па од нервоза барај грешки, па лошо си залемил, или неисправна диода. Јас два пати сум бил на натпревар по моделарство, правевме ракети, кои со стартери во вид на петарда ги лансираа, па радости кога ќе се отвори падобранот и ќе слета мирно. Електрониката и се околу неа изумира, и се бројат годините, и мајсторите кои знаат што како, а не останатаи од време на сфрј, па пробај едно, пробај друго, па вака, па така. Знам дека бегам од крајност во крајност, ама морав некаде да се испукам. Нека проштева гига и цел виш борд на администратори.
Дојде време на ќоравење на телефони, и социјално дистанцирање. Нека ни е на здравје.

Atanas:

--- Quote from: Nikol4e on 09.06.2021, Wednesday, 19:14:20 ---Сега се штанца кадар од гимназија, кој веќе на 14/15години знае дека ќе биде програмер или доктор. Лека, полека, доаѓа времето на техничарите и занаетчиите, е тек тогаш ќе биде оф мори мајко.

--- End quote ---

Малку коментаров е контрадикторен. Зошто? Затоа што програмерот е еден вид на занаетчија, техничарот (не сум сигурен дека разбрав за каков техничар зборувате) исто така. Патем, нема ништо лошо во тоа некој да е програмер или доктор (знаеме дека сите доктори излегуваат од државата, но тоа е друга тема на муабет). Се наоѓаме во четврта индустриска револуција и не можеме да очекуваме од младите да ги прават истите работи што ги правеле во минатото. Убаво кажа @MURO тајмеро со NE555 се правеле во 80-те, кога тоа било тренд.

LordZi:
@MURO
Во право си дека треба да се следи напредокот во техниката, ама никој не се родил учен и не почнал со вакви работи, туку баш со „Тајмер со NE555" или „Трепкач со две ЛЕД“ или нешто слично. Баш заради почетниците, кои да не се лажеме, го чинат поголемиот дел од членовите, треба да има и такви теми.
Ти си професор, знаеш дека материјалот се совладува постепено, од едноставните работи па како напредуваш одиш кон посложени... :)

Иначе, средина на 80-ти кога почнував, читав Мала школа електронике кај што полата шеми уште беа со германиумски транзистори, додека светот се занимаваше со првите микроконтролери. Сега се е достапно со еден клик, ама времињата се сменија, ја нема таа драж што ја имаше на времето, нема ни интерес ни волја да се создава нешто кога за се имаш готов модул по цена помала од деловите ако сам го правиш.
Ова, меѓу другото, го кажувам и од сопствен пример - требаше да направам неколку уреди за магнетна терапија, наместо да барам шеми, цртам плочки итн. си нарачав готови PWM генератори на фреквенции, тајмери, сите лични убави со дисплеи со триста чуда, неколку модулчиња 2x50W D-класа засилувачи да ги возат калемите и тоа е тоа, денес ги завршив, лего-систем, се убаво спакувано во кутија, супер си работи, ништо не се грее, милина... Кога би правел се сам дома, само еден појак мосфет би ме коштал повеќе од модулчето D-класа, кое без проблем вози два калема истовремено, а каде се плочки, други ситни делови, ладилници итн.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version