Други технологии > Електроенергетика

Помош за прекинат проводник

<< < (2/6) > >>

GigaWatt:

--- Quote from: bicikle on 27.03.2018, Tuesday, 13:18:29 ---Фалите лесно се вадат кај мене, ги извадив, и сакав да проверам жицата од штекерот дали ќе направи "бип" на некоја од жиците на дозната, со осигурачите, но никаде не направи.
--- End quote ---

Чекај, сакаш да кажеш дека осигурувачите на фазите ги извади, на фазите снема напон, ама ако пробаш да видиш дали од осигурувачите доаѓаат кабли на сите три фази, ниедна не реагира ???. Ај провери да не случајно допираш со сондата на другата страна на осигурувачите (не од прекинатата туку од „живата“), да не случајно бараш жица каде што не треба да има ;D.


--- Quote from: bicikle on 27.03.2018, Tuesday, 14:14:18 ---Си мислам да ја закачам жицата на генератор на шум или на високо фрекфентно трафо па со нешто да барам, додека останатата инсталација е исклучена? Држи вода така или...?
--- End quote ---

А да си го земеш ова и да не му ја мислиш многу ;). Проверува и насока на движење на кабелот, не се секирај ;).


--- Code: ---http://elektronika-mk.net/index.php?topic=7350.msg122961#msg122961
--- End code ---

Hahahaha:
Чим во дозна има, најчесто ваков проблем кај што не сакаат да се копа по плочките сме го ресавале со умртвување на тој кабел, исклучување од дозна и потоа пуштање нов кабел во каналче, преку места каде што нема до толку да се гледа.

GigaWatt:
Па и јас тоа сакав да го предложам. Преку канал, нема ни да се познава што е ;).

А дури и ако не го правиш тоа преку каналче, секогаш може да копаш од дозната по ќошевите од кујната и така да стигнеш до штекерот ;).

bicikle:
Се мислев да припуштам жица друга ама некако ми е последна опција.
Инаку вака направив:
Кај мене се од новиве осигурачи(ел.маг.)
Ги извадив жиците што носат 220в од бандера и ги изолирав. Т.е. трите фази ги остстранив, остана нулата(земјаа е нулована).
Зедов подолга жица, едната страна ја споив со мртватажица на штекерот, другата на едниот извод од унимер. Со другиот извод ја барав прво во дозната па после во  осигурачите(од двете страни, засеклј случај и кај нулата проверив)
Секаде покажа о.к.
По мое видување некаде е скината.
Искрено мислев дека овие апаратчињава се "ѓавол и пол" али нај верјатно ќе му се направи бај :)

GigaWatt:

--- Quote from: bicikle on 27.03.2018, Tuesday, 20:14:49 ---Зедов подолга жица, едната страна ја споив со мртватажица на штекерот, другата на едниот извод од унимер. Со другиот извод ја барав прво во дозната па после во  осигурачите(од двете страни, засеклј случај и кај нулата проверив)
Секаде покажа о.к.
--- End quote ---

Не разбирам што сакаш да кажеш со ова „секаде покажа ОК“. Ја најде жицата или не ја најде па заклучи дека таа е таа која мора да е скината ???.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version