Дигитална електроника > Сè останато

Податоци за компјутер „Марта“

<< < (3/3)

MURO:
Галаксија ни од далеку не е клон на Комодоре 64. Галаксија е базирана на Zilog -овиот процесор Z80, а Комодорето на MOS6510. Галаксија повеќе има сличност со ZX Спектрум. Некои дури викаат дека Синклер (производителот на спектрумот) ја украл идејата од Воја Антониќ, со оглед на тоа дека Спектрумот се појавува подоцна од Галаксија. Се разбира дека не е така, а и самиот Антониќ потврдува. Галаксија е ремек дело на еден извонреден  електроинжинер кое нема време да заживее токму поради појавата на конфекциските Спектрум, и  подоцна Комодоре. Инаку, Антониќ има и низа други квалитетни проекти, и сите според мене (и не само мене) се хитови. Оперативниот систем за Галаксија е пишуван и дебагиран буквално на хартија, а како меморија е користена обичнa ЕПРОМ меморија (која се брише со УВ лампа). Во светот на електрониката човекот беше она што беше Мајк Тајсон на рингот (за тоа време зборам- доцни 80-ти, рани 90-ти).

GigaWatt:
Јас пак се мислев дека Commodore користи Z80... или некој друг клон на 8080.

nsu:
Е испадна дека не било така незнам колку се плаќало кој ми кажуваше во тоа време пример да го увезеш 8085 моторолиниот процесор 8) 8) ;D

mikromk:
ЗХ Спектрум е со Z80.Го имам уште во оригинална кутија.Последен пат работеше пред 10 години.
Околу 1985-1986 год во ЕМО Охрид на база на Z80 се наптави индустриски компјутер кој покрај другото беше аплициран во ЗАСТАВА Крагуевац каде управуваше со процесот на работа на апарати за точкасто заварување.Во ЕМО во тие години постоеше РЕ Флексибилни системи ,каде се прабеше софтвер и хардвер наменет за надзор на трафостаници.Покасно почна да се прави и индустриски ПС,но колку траеше тоа незнам бидејќи јас не работев во тој дел а и си отидов од ЕМО.

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version