Дигитална електроника > Сè останато

Податоци за компјутер „Марта“

(1/3) > >>

MarkoMK:
Во времето кога јас бев основно школо (некаде 1994), на секција по информатика имавме компјутери „Марта“. Знам само така ги викаа, имаа 5,25 инчен флопи диск, црно-зелен екран а тастатурата и електрониката комплет беа споени во едно.. па чисто онака барав по интернет не можам да најдам ништо, а ме интересира што како перформанси имале.. Можда под некое друго име се водат незнам.. се сеќавам дека ги викаа само „Марта“ ..па ако знае некој нека каже  :)

batka:
Процесор 286 , 4 RAM, се подигаат од Флопи,користеа graphical user interface (GUI) for its own operating system (MS-DOS) 8)
32-bit capabilities.

MURO:
Малку е познато, но бившата во Југославија имаше и свои компјутери. Неколку модели беа исфрлени од TRS (Tvornica Racunskih Strojeva) Zagreb. Раните  Девеесети работев како сервисер и затекнав два од нив во полна форма  едниот беше во бивша кланица а другиот во бивша Механика (потоа Асиба и МГ). Тие наместо во куќиште беа вградени во дрвени бироа на местото за фиоките. 5,2'' флопи диск беше вграден на самата фиока. Бироата беа сини со бели фиоки ако се саќавам. Еден од продуктите на TRS Загреб личеше токму на описот на "Марта", црн монитор, зелени букви и тастатура во исто куќиште со електроника. Беше базиран на некој Моторолин CPU, ама на името не ми текнува.

BorceBT:
Одговорот на ова прашање е малку посложен отколку што изгледа :) Имено компјутер Марта не постоеше. Ова име Марта беше измислено и залепено од страна на фирмата која ги увезуваше овие компјутери во Македонија а тоа беше "Јавор Информатика" од Битола. Оригинално овие компјутери се викаа IRIS 8 и беа склопувани од мала домашна компанија од Босна и Херцеговина. Овие компјутери во суштина беа клонови на Apple II компјутерите и користеа ист микропроцесор како и Commodore 64 - MOS6502. Имаа 64КВ RAM меморија и работеа со 5'' 1/4 флопи дискови со капацитет од 630КВ. Овие компјутери од југословенско производство беа наменети специјално за едукативни цели (за во училишта) и беа опремени со мрежни картички и поврзани со мрежа и централен компјутер кај кој имаше хард диск и евентуално печатач. Интересно овде е што централниот компјутер (серверот) беше во суштина 286 IBM компатибилен компјутер :)
Најпознати работи што се правеа на овој компјутер беа програмирањето во Basic и играњето на Frogger - жапчето што преминува автопат :)

Maxwell:
Еве една тема во врска со старите компјутери


--- Code: ---http://forum.kajgana.com/threads/%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D1%98%D1%83%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D0%A1%D0%A4%D0%A0%D0%88.4236/
--- End code ---

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version