Дигитална електроника > Сè останато

Далечински прекинувач со инфрацрвени зраци

<< < (2/4) > >>

MarkoMK:
Добро во иднина нема да цитирам.
Само сакам да нагласам нешто:
Сметам дека претерано се форсираат некои небитни работи, како на пример кој цитира, кој не пишува литературно, кој пишува на дијалект, како е насловот на темата, каде треба точка или запирка, уште малце ќе биде проблем и кој која стилска фигура ја употребува  ::)... и се оптоваруваат темите.., на пример оваа тема од 6 поста 4 се однесуваат на тоа кој како пишува а не на самата тема.. ова се случува често.
Сепак ова е форум за електроника, а не е за уметност и литература.
Јас ќе бидам презадоволен ако има некој доволно стручен да ми објасни нешто што прашувам, да ме упати.. ич нема да ми смета дали пишувал на дијалект или користел мали букви, или ми го цитирал прашањето или не употребил точка.... ??? стварно не разбирам.


Инаку, како што кажав, бидејќи тоа се бара, јас досега гледам да ги почитувам правилата, и тоа ќе го правам и понатаму.

Toma:
Затоа што јас сум „црната овца“ тогаш

MarkoMK... Протолкувај ги овие две реченици.

1. Во војна не  ја губиш главата.

2. Во војна не, ја губиш главата.

Па да видиме дали се небитни работи...
--- Quote ---Сметам дека претерано се форсираат некои небитни работи, како на пример кој цитира, кој не пишува литературно, кој пишува на дијалект, како е насловот на темата, каде треба точка или запирка, уште малце ќе биде проблем и кој која стилска фигура ја употребува...
--- End quote ---

ПП. Ако модераторите сметаат дека не сум во право нека се изјаснат и отсега па натаму нема ниту збор од мене на тема цитати, литературно, ознаки и.т.н.

batka:
Просторов на Форумот не дозволува да се прават километарски постови.Ако на секој одговор ја * цитираш* целата предходна преписка- кој на кого што му рекол - тоа веке го оптоварува Форумот.За она дека не мора ни запирка ,ни точка- не се слагам.Ако треба да се негува на Форумов Македонскиот јазик и кириличното писмо ( за тоа сме 99% сите изјаснети),значи дека треба да пишуваме литературно,со  прифатлива писменост ,употреба на сите атрибути на писменост и пред се - литературно. Кој како дома или на улица си зборува,како се допишува со пријателоте на Фб,тоа си е негова работа.Сепак ова не е Фејзбук и треба тоа да се зема во предвид.Форумот е доброволна форма на комунукација и ако некој смета дека му е тешко така да комуницира,тогаш нека не се зачленува! Има и на Фејзбук луѓе да ти помогнат за некој проблем,па можеш и таму да споделуваш проблеми.

MarkoMK:
Тома, не мислев само за тебе, општо кажав
Споено мислење: 23.09.2013, Monday, 20:43:52За цитирањето реков повеќе нема да цитирам, па ваљда на тој што се однесува мојот пост ќе знае некако дека е за него.
Инаку, за употреба на литературниот јазик, правопис, интерпукциски знаци, наслови и сл. МОЕ МИСЛЕЊЕ е дека малку се претерува, инаку секако јас го почитувам тоа како правило на форумов, никој не рече дека не го почитувам.
Инаку Фејзбук ретко уклучувам, така да не се допишувам таму, незнам од каде ти е таа идеја. А и што ако е Фејзбук, па не ли треба и таму литературно да се пишува според тебе?

Toma:
MarkoMK исто и јас не мислам само за тебе, тоа е како непишано правило за сите членови и стари и млади...

Иако на тема цитирано има и тема и тоа поставена од MarkoMK http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10774.msg91760#msg91760, за цитат е пишувано и објаснето сепак многу често се користи Цитирано наместо ОДГОВОР. Не е поентата да не се користи цитат туку да не се користи целокупниот текст од претходниот пост како цитат а кој може да има, да речеме 432 симболи (карактери) а одговорот е  да речеме со ДА (два симбола(карактери)



--- Quote ---Како прво членовите кои се заинтересирани да учествуваат со свои мислења во одредени теми, треба прво да расчистат со поимот “Цитат“ или како овде е дадено “Цитирано“.

Цитат (Цитат е буквално наведување на туѓи зборови или наведување по смисол, а со цел потврда или посликовито објаснување на сопствениот исказ.)
мн. цитати
Вид збор: Именка, машки род
Точно, буквално пренесен дел од некој текст.
Англиски: quotation
Употреба: Литература
Примери:
Ракописот обилуваше со цитати.
Проверување на цитати.

Не е спорно дали да се користи “Цитирано“, туку спорно е зошто да се одговара со “Цитирано“ кога за тоа постои прозор со “ОДГОВОР“. Секако дека треба да се користи и цитат но под одредени услови, пример кога се сака да се потенцира на кои изрази или мислења од претходно дадено мислење (не од претходен пост) треба да се реагира или да се даде сопствено мислење или гледиште.
Секој кој што пишува може да прави разни “егзибиции“ со текстот или сликите, само тоа да го “филтрира“ преку “Прегледај“ пред да притисне “Испрати“ и така рафиниран пост да излезе во јавноста.
Се на се членовите треба да не брзаат туку прво да одделат малку време да се запознаат со можностите кои им ги нуди форумот а посебно полето  (прозорецот) во кој го пишуваат одговорот и да ги користат “иконките“ одозгора кои што овозможуваат добро и квалитетно напишан пост.
--- End quote ---
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10774.msg91767#msg91767

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version