Останато > Алат

Кинески лемни станици

(1/35) > >>

LordZi:
Оваа тема ја отварам за да споделиме искуства околу кинеските лемни станици, кои брендови може да се најдат на нашиот пазар, која каков квалитет е, дали вреди за парите и дали може да се подобри.
Ќе почнам со мојата лемна станица, од прочуената кинеска марка Lion King 8) :), модел LK-852D, цена околу 100евра (кој како ќе се исценка ;)).

Вака изгледа од надвор:


А вака од внатре:



Типично кинеско склопување, сите делови на криво... ;)


Прва и основна работа што не ми се допаѓа кај оваа лемна станица е што трафото е цело време под напон, дури и кога ништо не работи и сите прекинувачи се исклучени. Бидејќи немам доверба во кинеско трафо да го оставам вклучено кога не сум дома, за да не го вадам цело време кабелот од штекер додадев прекинувач од задната страна кој ги прекинува фазата и нулата кога не се користи станицата. Паралелно со контактите има по еден кондензатор 0,1uF ~250V за да се намали варничењето при вклучување/исклучување. За да не заборавам да го исклучам прекинувачот на предната страна монтирав LED која трепка цело време додека е станицата под напон.




Втора работа што ја приметив е дека некои делови превише греат за мој вкус, после само една минута работа двата низа отпорници во средината (два реда 4x20k/2W паралелно) се вжештуваат до толку што не можат да се допрат, дури и металниот капак над нив станува врел на допир, тие се сменети со по два отпорника 10k/11W врзани паралелно за да се добијат потребните 5к, при што греењето е сега драстично намалено. Од десната страна има едно мало отпорниче од 82к од 1/4W кое целото беше поцрнето, дури и плочката под него беше потемнета од греење, го сменив со ист таков но многу помоќен, не знам колку ватен е, ама сега комотно може да се држи со прст. Од левата страна доле има отпорник 300ома/2W за леткумот, иако не се грееше нешто претерано, и тој го сменив со помоќен. Исто така на тријакот над него ставив ладилниче што кинезите „заборавиле“ да го монтираат ;).

 Пред:


Потоа:


Плочката е вратена на место и станицата е спремна за работа:



За крај - мое мислење е дека за аматерска употреба и за тие пари вреди, дувалката си ја врши работата, плус ако затреба има резервни комплетни рачки за 400-500ден., за летмумот ми кажале дека не чини и одма гори, ама еве го овој мојот намерно го оставав вклучен да работи со саати, уште не се стопил.

Кој има да додаде некое мислење, критика или искуство, позитивно или негативно, околу оваа или некоја друга кинеска станица, нека пише... ;)

GigaWatt:
Одлично си ја преработил лемната станица ;). И јас ќе поставам слики од мојата Кинеска лемна станица, а кој знае, можеби и јас нешто ќе преправам ;) ;D. Инаку, „сличен“ модел е ;D, Lucky 852D ;D, само што мојата е постара и има индикација за температурата само за SMD лемната станица, не и за обичниот леткум, а индикацијата е изведена со ICL7107, не со микроконтролер (претпоставувам дека кај тебе е изведена со еден микроконтролер ;)).

LordZi:
Би требало да е некој микроконтролер, ама кинезите ја избришале ознаката, под него на плочката пишува само 8052, иначе е дваесет-пински, напојувањето му доаѓа на пиновите 1 и 20.

GigaWatt:
Баш денес менував црево на лемната станица и ми текна да ги измерам димензиите на старото црево. Цревото има надворешен дијаметар од 12mm и внатрешен дијаметар од 9mm. Ќе одговара и некое црево со слични димензии (на пример, 13mm со 10mm), не е критично ;).

Сметам дека информацијава е корисна бидејќи за да ги измерите димензиите на цревото кое треба да се смени, прво, треба да го извадите цревото од рачката и второ, треба да го скратите бидејќи на местото на кое се поставува во рачката, најверојатно ќе биде проширено, така да, нема поента таму да мерите.

Значи, не мора цревото да биде некое специјално и да го купувате специјално за таа намена ;). Сепак, препорачливо е да е силиконско (поради лесна свитливост) и да ги има адекватните димензии ;).

Не знам кои се цените на силиконските црева моментално кај нас, ама пред едно 2 или 3 години разгледував низ некои продавници, изгор скапи беа. Ми бараа некои си 900 денари за метро :O... и тоа не беше некое дебело црево, не ми текнува сега точно кои димензии ги имаше, но од прилика, одговараше за лемна станица. За споредба, еве цени на силиконски црева на ebay ;).


--- Code: ---http://www.ebay.com/sch/i.html?_from=R40&_trksid=p2050601.m570.l1313.TR0.TRC0.H0.Xsilicon+tube.TRS0&_nkw=silicon+tube&_sacat=0
--- End code ---

5m ќе земам за нешто повеќе од 1000 денари ;D.

Се разбира, не мора да биде црно, било каква боја ќе си ја врши работата ;).

DimitarMK:
Ме инспирира темава да ја отворам и потсредам мојата лемна станица, BAKU 936D - кинеска копија на HAKKO.

Жиците нигде не прицврстени и скоро се залемено на криво.







Ги прелемив сите компоненти како што треба, ги наместив и прицврстив жиците, ги променив диодите за грец бидејќи беа апла кинески и катастрофално залемени, го променив прекинувачот со поквалитетен, додадов држач за осигурувач и го променив кабелот со поквалитетен и со правилен завршеток.







Следно отварање кога ќе нарачам железен конектор за рачката наместо пластичниот ќе ги променам и кондензаторите. Не ми се одеше по продавници за 2 кондензатори, а немам ESR мерач да ги проверам тие што ги имам низ работилница.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version