На Форумив има повеке нови членови,кои се скоро почетници во електрониката.Бидејки постојано и со пп пораки бараат едноставни ,а ефектни шеми и прашања од типот * како ,со што се започнува...??*,еве еден можен одговор.: порано се започнуваше со наједноставното нешто - детекторски приемник.Тој се состои од антена,калем,променлив кондензатор ,германиумска диода и слушалки или звучник за слушање.Антената треба да биде подолга бакарна жица (барем десетина метри,растегната надвор,на балкон или слободно висечка,изолирана од метални предмети.Калемот се мота според спецификациите,а променливиот кондензатор најдобро е да го извадите од стар радио-приемник.Слушалките се најболното прашање - тие треба да бидат високоомски 2 х 2000 оми ,детекторски.Ако не можете да ги набавите ,направете си мал НФ појачувач со звучниче.Детекторот работи на средни таласи и преку ден имате шанси да го слушате само Радио Скопје,а навечер има цела низа станици кои добро се слушаат..Добро би било на масата на уредот да се врзе заземјување(парче подебела бакарна жица врзана за чешмата,за некоја метална прачка закопана во земја и сл.). На првата шема има представено наједноставен детектор,а на втората е додаден и потенциометар со батерија од 1,5V и со нивно дотерување се појачува сигналот на детекторот.Другите шеми се едноставни НФ појачувачи кои овозможуваат слушање ,ако немате соодветни слушалки.