Здраво!
Јас сум нов член овде,и имам еден проблем од дигиталната електроника.
Впрочем ми треба дигитален склоп во кој ќе се симулира броење на шишиња на подвижна лента.
Склопот треба да ги има следниве команди:
-Reset-односно бриши бројач;
-Start-команда за започнување со броење;
-Stop-команда за стопирање на броењето;
-Send-команда за испраќање на моменталниот број во бројачот(сериски) на сериски влез на PC со брзина од 9600 бода.Додека трае испраќањето треба да свети сигнална сијаличка.
Шемата треба да се изработи во EWB 512, и во Lab Wiev 7.
Значи ми треба шема без микроконтролер само со основните елементи од EWB 512.
Ако некој има ваква шема ве молам да ја испратите,или ако некој може да помогни на било кој начин нека ми испрати e-mail.
Ова ми е потребно за семинарска работа на факултет.
Однапред благодарам
Споено мислење: 01.03.2010, Monday, 19:50:08
п.с.
Заборавив да напоменам дека треба да има дисплеј кој ќе прикажува од 0000-9999.