Author Topic: Прашање за трофазен штекер - чудни волтажи  (Read 10230 times)

Offline Alucard

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Здраво екипа,

Едно прашање, напонот помеѓу фазите и заземјувањето кај трофазниот штекер е со следните вредности:

Фаза 1 - Заземјување = 290V
Фаза 2 - Заземјување = 195V
Фаза 3 - Заземјување = 195V

Што би можело да биде причината за ова, и што би можеле да бидат последиците врз уредот со овие вредности?

Секое мислење е добредојдено.

Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Здраво,
Прво измери го напонот помѓу фазите. напиши ги резултатите.
Напонот по фази се мери со нула а не со заземјување ,измери го напонот на фазите со  нулата  и напиши ги резултатите.
Ако пак има одстатување во вредностите, измери го напонот на влез и  излез од осигурачите .

Offline Alucard

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Еве комплет:

Фаза 1 - Фаза 2 = 410V
Фаза 1 - Фаза 3 = 410V
Фаза 2 - Фаза 3 = 410V

Фаза 1 - Нула = 230V
Фаза 2 - Нула = 230V
Фаза 3 - Нула = 230V

Фаза 1 - Заземјување = 290V
Фаза 2 - Заземјување = 195V
Фаза 3 - Заземјување = 195V

Нула - Заземјување = 73V (и ова не е како што треба, треба 0V да биде)

Напонот кај осигурачите, за трите фази посебно, мерен со собирниците за Нулата и Заземјувањето, е како што треба, т.е. по 230V поединечно, а исто така, од трофазниот кога ги мерам сите три фази посебно со Нулата и Заземјувањето од соседниот штекер, во ред се, т.е. по 230V поединечно.

Offline Alucard

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Излезе дека жицата за заземјувањето е прекината некаде во кабелот.