Цела зграда нулована е, само кај тебе смениле
... мижи асан да ти баам
.
Треба цела инсталација на цела зграда да се преправа за тоа. Кај тебе ги одвоиле преку фид склопката нулата и земјата, за да работи исправно склопката, ама пак на крај, кога ќе влезат жиците во табла, пак се врзани нула и земја заедно
.
Штедат на кабли, тоа е тоа
. Како што пиша, наместо 5 x 10, ставен е 4 x 10 кабел
. Немој да се чудиш и ако се фаќани дијагонали наместо прави агли при поставување на инсталацијата. Провери со cable finder пред да бушиш за да монтираш телевизор на ѕид или нешто слично, да не случајно поминува кабел таму
. Абе Македонска работа, што да кажам
. Освен ако не е гипс картон ѕидот, тогаш и да бушиш, и да го погодиш, само ќе го подбутнеш малку кабелот, ништо повеќе
... или евентуално малку изолацијата ќе му ја соголиш со бургијата, ама ништо страшно, и онака он слободно може да си се движи во ѕидот
.
Ме интересира дали е ова стварно забрането да се намести во зграда или не ?
Јас барем колку што знам, да, е. Кај некои згради, помали, порано, и вака се поставуваше инсталација, ама по повеќе проблеми со инсталацијата (напонски разлики, запалување на уреди, итн.), ова се забрани.
Види, куќа твоја ако си градиш, како сакаш прави, не е забрането, ама во заеднички стамбени објекти, да, колку што знам, забрането е.
Зошто некој би нуловал во ова време? Дали е толку поефтино од одвојување на земја и 0.
Кога градиш 5 згради во исто време и кога треба да набавиш 20, 30km кабел за каблирање на сите и кога цената на 4 x 10 е 1000 евра по km, а на 5 x 10 1250 евра... овој 4 x 10 изгледа доста примамливо
.