Author Topic: Проблем со ТВ ST 40SLH5000 - не се подига (boot/reboot loop) [РЕШЕНО]  (Read 2199 times)

Offline TEXSAR

  • Нов член
  • *
  • Posts: 6
Проблем со ТВ ST 40SLH5000 - не се подига (boot/reboot loop) [РЕШЕНО]
« Opened on 04.08.2021, Wednesday, 23:18:53 (Edited 04.01.2022, Tuesday, 08:17:15) »
Здраво на сите.Нов сум овде и ми се допаѓа тоа што споделувате знаења и искуства. Не сум сервисер ама како хоби се интересирам околу електроникава. Имам еден проблем со ТV ST 40 SLH5000 ...кога ќе го вклуцам се појавува само логото и околу 5-10 секунди се гаси телевизорот и повторно се вклучува пак само логото и постојано само тоа го прави како да се ресетира и неможе да се стабилизира и да се вклучи нормално...Колку што разбрав по нетов, дека можно е да има проблем со dump.
Шасија : TP.SIS231.PT851
Панел: CN40HA876  T201409064 (M1A)  или LSC400HM06
SIP: 25Q64BSIG
дали некој има dump да пробам со тоа...ви благодарам однапред.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Здраво, се надевам дека некој од колегите ќе можи да ти помогни во врска со проблемот со телевизорот.
Во меѓувреме да ти напоменам дека на форумот се користи кирилична поддршка и сите постови треба да бидат напишани на кирилица.

Поздрав
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
...koga ke go vklucam se pojavuva samo logoto i okolu 5-8 sekundi se gasi televizorot i povtorno se vklucuva pak samo logoto i postojano samo toa go pravi kako da se resetira i nemoze  da se stabilizira i da se vkluci normalno...

Boot/Reboot loop... да, проблем со firmware е тоа. Не сака да се подигне.

sasija : TP.SIS231.PT851
panel: CN40HA876  T201409064 (M1A)  ili LSC400HM06
SIP: 25Q64BSIG

Конкретно за оваа комбинација на панел и шасија... не успеав да најдам ништо :-\. Не ти останува друго освен да пробуваш со dump-ови од истата шасија, па можеби некој ќе има ист протокол за комуникација со панелот :-\.

Во меѓувреме, само преправи го првиот post на кирилица :).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline TEXSAR

  • Нов член
  • *
  • Posts: 6
GigaWatt...Благодарам на советот, пробував со неколку што најдов на нетов по таа шасија но ниеден dump несака да го вчита ....незнам дали може да е проблемот и до флешот 25Q64BSIG дали е можно да е дефектен?

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 731
  • Gender: Male
Ако го флешуваш onboard тогаш може да има проблем, помала е веројатноста дека еепромот е дувнат.


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Тоа што рече krema, плус, провери и со исчитај/запиши/верифицирај (види дали бинарно, она што треба да се запише на него е идентично на она што е запишано, бидејќи ако не е, значи EEPROM-от/FLASH-от е зезнат).

Се ова, се разбира, offboard... никој не можа да гарантира како ќе се исчитаат и запишат податоците ако се тоа се прави со меморијата onboard (неодлемена, залемена за шасијата).

А да, и не запишувај ништо пред да направиш прво backup на оригиналниот firmware (dump). Тој сигурно знаеме дека работи со адекватен протокол за тој панел, така да... ако ништо друго не успее, добро е да го вратиш назад оригиналниот dump (firmware).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline TEXSAR

  • Нов член
  • *
  • Posts: 6
 GigaWatt....Ке пробам и таа комбинација со одлемуваље и цитање со програмер и ке го заменам со нов флеш и нормално прво backup на оргиналот за да го имам за секој случај...Само сега сум малку презафатен со други обврски, па кога ке се ослободам ке пробам да го направам тоа и ќе видиме што ке испадне на крај.

Offline darko69

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
здраво
дали го решивте проблемот
со дампот.

Offline TEXSAR

  • Нов член
  • *
  • Posts: 6
darko69 ...Сеуште не е решен. Пробував со неколку сто ги најдов по матична плоча и само еден проработи нормално се како сто треба ...ама се јави друг проблем ....даљинското не сакаше да работи а копчињата сто се од страна на ТВ-то се пореметија со функциите, Dump-от беше од ТВ VIVAX (TP.SIS321.PT851_LSC400HN01_Vivax_40LE72) и кога ке го вклучев телевизорот сега се јавуваше логото на VIVAX. Но , небитно за логото туку повеке е проблемот со дањинското што сега несака да работи , изгледа ќе мора или оргинален DUMP  или да пробам да му најдам некое универзално даљинско.

Offline TEXSAR

  • Нов член
  • *
  • Posts: 6
Благодарност до членовите на форумот за укажаната помош...Сакав да ве известам после долго време дека проблемот е решен со нов оргинален Dump.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Убаво би било да го поставиш DUMP-от тука за во случај на некој во иднина да го има истиот проблем
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да, овие ST се бренд на Сетек, ги нема во други држави, само локално се продаваат, така да, тешко дека некој ќе успее на странски сајт да најде dump од нив.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline TEXSAR

  • Нов член
  • *
  • Posts: 6
Re: Проблем со ТВ ST 40SLH5000 - не се подига (boot/reboot loop) [РЕШЕНО]
« Reply #12 on 16.11.2021, Tuesday, 01:37:33 (Edited 17.11.2021, Wednesday, 08:24:37) »
Еве го Dump-от, ако му затреба на некој ,работи 100%

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 731
  • Gender: Male
Интересно е како го најде дампот кога знаеме дека овој бренд е застапен исклучиво во МК.
Претпоставувам дека е најден истиот модел и извлечен од него.
Честитам за трудот. :)