Не, не мислев на софтверски промени. Мислев да прочепкаш, можеби се активира некој таков излез за да активира некое реле или тиристор, за ги активира денските светла, но можеби не е имплементирано тоа.
Поентата ми е, можеби софтверот е ист, ама хардверски не е додадена во конекторите и каблите оваа опција... и светлата не се монтирани, се разбира.
Не се разбирам многу во софтвер за коли, ама производители на електрични уреди често знаат да прават вакви „мајмунлаци“. На пример, ринглата MODEL01 има сензор за тежина и се активира само ако има нешто ставено на ринглата (сигурносна мерка
, случајно да не го оставиш пуштен), ама ринглата MODEL02 нема. Софтерот и во двете е ист, плочката е таа (мислам на новиве „интелигентни рингли“, со touch сензори, тантара пантара
), само што еднава има монтирано сензор и само ако сензорот преспои некој пин со маса или со Vcc, ринглата работи, ако не, дава некој си код на дисплејот или трепка, таму нешто light show, ова она
... е на другава не е монтиран сензорот, преспоен е тој пин на адекватното логичко ниво и толку, само си работи... и ова рингла без сензорот е поевтина од оваа со сензорот
.