Темата ја отварам се со цел да си споделиме искуства, колкава моќност на излезниот степен даваат радио станиците кои ги имаме.
Радио станиците кои ги мерев беа поврзани на вештачки товар од 50 оми.
Батериите им беа целосно полни а тестот го правев на радиоаматерска фрекфенција на VHF опсегот.
UHF не бев во можност да мерам поради фрекфентното ограничување на Watt/SWR метарот.
Мерев рачни станци и тоа:
- Baofeng UV-B5Оваа радио станица даде точно 4W на голема снага а на мала снага даде 1,2W.
- Baofeng UV82Во случајот со оваа станица снагата која ја даде беше за влакно помала од минатата, па може да се каже дека е 3,95W а на мала снага точно 1W.
Чудно беше кај оваа станица што кога ке стиснев на тастерот после некоја секунда паѓаше снагата можеби до кај 3,8W и не ми е јасно зошто така се намалува ?
- Baofeng UV 5RСтаницата даде околу 3,5W но батеријата иако беше со сите цртички може да беше малце користена пред тоа.
- Kenwood TH78EПоврзана на надворешно напојување од 13.1V, снагата која ја даде беше меѓу 3 и 3,5W на висока моќ, на средна 300mW а на ниска едвај мрдаше стрелката.
- Motorola GM300Мобилна станица која е декларирана како 10W а даде 11W што е бонус 1 ват

Кинескиве станци Baofeng се декларирани како 5W но даваат помалце. Kenwood станицата е премногу стар модел, може 35 додини да е стара или повеке па вероватно има заслабнато со текот на времето и со работата а декларирана е како 5W висока снага.
Голема благодарност до Z31HG и Z32AL за нивната помош.