Author Topic: Lehnert MS-120 CB Радиостаница  (Read 2961 times)

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Lehnert MS-120 CB Радиостаница
« Opened on 28.10.2015, Wednesday, 21:54:32 (Edited 28.10.2015, Wednesday, 22:03:28) »
Ја најдов радиостаницава кај еден другар кој сакаше да ја фрли, па ја земав да си поиграм. Моделот е Lehnert MS-120. Ова е тоа што го најдов на интернет:

Code: [Select]
http://www.radiomuseum.org/r/lehnert_ms120_ms_12.html


Ја пуштив, ми личи на исправна..
Врска немам од овие работи, па би сакал да подискутирам со поискусните на ова поле. Најважното од се: каква антена да направам за да слушам нешто, и дали воопшто има нешто за слушање  ;D

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Одг: Lehnert MS-120 CB Радиостаница
« Reply #1 on 28.10.2015, Wednesday, 22:16:16 »
дали воопшто има нешто за слушање  ;D

Нема :-)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Lehnert MS-120 CB Радиостаница
« Reply #2 on 29.10.2015, Thursday, 15:13:13 »
Димитар, СВ не е аматерско радио, темите за СВ не треба да се постираат во рубриката „Радиоаматери„ Во ред, можеби не си доволно упатен, но ете колку да знаеш  ;)

За идни вакви теми, поврзани со СВ фреквенции или СВ станици, те молам отвори посебна тема во „Радиотехника„
Hams do it! With Frequency

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Одг: Lehnert MS-120 CB Радиостаница
« Reply #3 on 29.10.2015, Thursday, 19:38:32 »
Се извинувам, не знаев. Дали некој продава антена за ваква станица?

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Lehnert MS-120 CB Радиостаница
« Reply #4 on 30.10.2015, Friday, 15:38:07 »
 Ок Димитар. Значи по втор пат, СВ не е аматерско радио и те молам овде не постирај прашања поврзани со СВ. Во рубриката "Радиотехника" отвори тема за вакви прашања, а не во "Радиоаматери"
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Lehnert MS-120 CB Радиостаница
« Reply #5 on 30.10.2015, Friday, 19:03:51 »
Ке ја префрлам темата во побарувања
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Lehnert MS-120 CB Радиостаница
« Reply #6 on 30.10.2015, Friday, 21:38:33 (Edited 30.10.2015, Friday, 21:40:41) »
Е добро. Бидејќи темата е преместена, можеме да продолжиме. Иако не се занимавам со СВ, како радиоаматер ќе се обидам да ти одговорам на тие прашања.
Таа радиостница станица е многу стара, и добро е да се позанимаваш со неа да ти биде како вовед во радиотехниката. Нема да слушнеш на неа, ама баш ништо, или ептен ретко. Причина за тоа е следното: Ова не е професионална СВ станица. Ваквите станици се користеа во првите радиотакси компании, пред едно 20 или повеќе години. Се користеа и во камиони. Имаш фиксни фреквенции, бидејќи таа станица користи кристали. Ништо посебно. Професионалните СВ станици се нешто друго, еве колку за твоја информација една слика од профи СВ станица во прилог. Антена за твојата СВ станица не е многу скапа, подобро барај кај некој СВ радиооператор, сигурно ќе најдеш нешто. Имаш на интернет како да изработиш антена за таква радиостаница. Сепак џабе ќе ти биде трудот. На крајот нема да слушнеш ништо, а и да слушнеш некој од далеку, тој би бил со професионална СВ станица кој најверојатно користи линеарно појачало и добра антена.  Со оваа станица што ја имаш тој тебе нема да те слушне, бидејќи има снага од само 4 вати. На мојот краткобранов приемник имам „шетано„ и по тие фреквенции, но нема ништо. Ваква радиостаница би била корисна доколку имаш уште неколку такви и другарите што ги имаш да се поврзите и да имате ваша мрежа.

Hams do it! With Frequency