Author Topic: QRP примо-предавател  (Read 5824 times)

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
QRP примо-предавател
« Opened on 06.06.2014, Friday, 12:23:49 (Edited 06.06.2014, Friday, 12:26:17) »
Поздрав за сите што се активни во подфорумов.
Имам прашање во врска со QRP kit-овите кои може да се најдат на ebay и qrpme.com

Дали некој од вас земал такво нешто да состави или знаете некој што има и како е задоволен?
Се мислам дали да купам од ebay некое кинеско или од qrpme? Цената не е нешто голема разлика ама квалитетот и веројатноста да работи верувам дека се различни :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #1 on 06.06.2014, Friday, 14:26:41 »
Што е поквалитетно? Тоа е тешко прашање,бидејќи одамна некои ИК или цели склопови прават само 1-2 фирми во светот ( кои сепак се наоѓаат во Кина!),па така скоро 95% од вградените делови ке бидат кинески,од каде сакаш земај го кит-от.Сепак,побарај шема или барем опис ,плочка,слика од уредот кој мислиш да го нарачуваш.Ако нарачуваш ,нарачувај TRANSCEIVER ,ако си почетник.Ако се разбираш малку повеќе и имаш некое евро повеќе,подобра варијанта е посебен рисивер и трансмитер,кои би се обединиле во еден уред.Тука треба да мислиш и на напојување,антена... Кај QRP уредите антената е многу битна работа.Сепак,зависи што имаш ти на памет: дали само локал ке работиш или DX врски.И  најбитно - лиценца и дозвола за работа се неопходни.

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #2 on 06.06.2014, Friday, 14:44:56 »
batka фала за одговорот. Прашањето ми беше да не добијам некој кинески склоп што нема да работи. Инаку како што гледав сите праќаат шема, плочка и елементи, слика на  ebay :)
Во план ми е transceiver за 20m, затоа што би се активирал од високи места со ова, напојување батерија и антена 5m на некој рибарски стап :) па што ќе влета за QSO тоа, инаку за сериозна QRP работа има и готови уреди од +300 USD.
За почетник не сум баш, само не бев активен на радиооператорски план подолг период. Сега сакам да се испробам и во самоградба со нешто едноставно за почеток.
Инаку на располагање имам и ICOM 745 за кој што сум во фаза на припремање на антена/и и негово мало сервисирање.
Дозволата за работа ја добив пред некој ден :)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #3 on 06.06.2014, Friday, 14:45:07 (Edited 06.06.2014, Friday, 14:46:49) »
Кога видов CEN 2N3866 се ми беше јасно, колку снага ке даде склопот :)

П.С. Z3nesto ти ја преместив темата, друг пат глеј каде објавуваш тема.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #4 on 06.06.2014, Friday, 15:03:10 »
QRP означува дека нема да се користат повеќе од 5W. Склоповите коишто ги гледам влегуваат во класа QRPp помалку од 1W. Оние што ги нуди qrpme даваат max. 0.5W.

ПС. DX-er ќе внимавам следен пат :)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #5 on 06.06.2014, Friday, 16:09:18 »
ок, убава идеа, ама тој кит или што и да е, на каков мод би работел? CW, SSB?
Hams do it! With Frequency

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #6 on 06.06.2014, Friday, 21:20:15 »
Сите што ги имам гледано до сега се CW. SSB имам сретнато само кај профи уреди за QRP

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #7 on 06.06.2014, Friday, 23:47:14 »
доколку си добар телеграфист мислам дека ке ти се исплати, сепак за QRP ти треба добра антена за 20м, рачунај λ/2 за вертикална антена или 1λ за дипол. Антената а најважниот дел
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #8 on 07.06.2014, Saturday, 00:04:14 »
SSB со 0,5W на 7Мхз е малку преголем залак.Нема многу места на светот од каде би можел да ловиш DX-еви. 8) Телеграфијата е интересна за овие уреди ,пред се поради можноста за далечни врски.Инаку,работев порано и јас на повеќе уреди ,но и мене најдраг ми беше ICOM 745 .Имав една таква машина(само што испаднаа на пазарот!) во YU5FAL,Куманово и со неа освоив со екипата еден многу драг трофеј.Jaс сум користел најчесто Windom ( inverted V),поради просторот,ама секогаш давала одлични резултати на 3,5/7 и 14 Мхз.Отприлика вака нешто

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #9 on 07.06.2014, Saturday, 02:31:41 »
Да не идеме веќе ептен офф топик :) уште ова на кратко
Z31GH, дали сум добар телеграфист?! Претпоставувам дека да :) HST натпреварувач од 1995 кога имав 11 години, потоа 4 пати влегов во HST репрезентација, бев на едно светско и едно европско + Macedonia OPEN 2002 :) и на едно светско не отидов.
За антена идам на λ/4 па ќе видиме што ќе биде, нешто како Z35M што прави со неговите мини експедиции. бај д веј би требало да се знаеме од Катланово, бев судија на цел, ги собирав картончињата и после ви ги давав медалите :) и со кола ме префрли од собирното место до Старт.

batka самите kit-ови се за CW, нема друга опција :) Што се однесува за антена, немам многу простор за пуштање жица, евентуално inverted V меѓутоа на висина од 10-12 метри незнам дали ќе биде од некоја корист. Размислувам за некој 3 бандер Јаги или Квад(што за почеток е и голем залак).
ICOM 745 е доста добар уред, само што не е уклучуван 8-9 години, ќе треба добро чистење да му се направи :) и евентуално да прошета до радиоаматер во Битола за сервис.

Што се однесува за првичната намена на темава, ќе известам  што ќе бидне

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #10 on 07.06.2014, Saturday, 14:38:18 »
Моме и неговите делта лупови во скратена верзија :D :D :D Со него и со Станимиров 1987 г во Куманово бевме тешки dx-ери.Најдобри за таа година во тогашните YU простори.Куманово се рангираше во светот.Со Моме за прв пат метеорски трагови работевме на 144 од 5FAL.Тој е дел  од македонската радиоаматерска историја.Поздрав,ако го видиш  и извинете за офф топиков.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #11 on 07.06.2014, Saturday, 17:45:05 »
@Z3nesto

Добредојде на форумот другар :) секако дека се сеќавам на тебе и многу ме радува што еве пак сме во контакт. Дали мислиш со еден ваков кит да работиш SOTA? Доколку да и јас сум заинтересиран за таа радиоаматерска дисциплина, меѓутоа планирам за таа намена да набавам FT-817nd, скапичка работа е сепак е QRP.
Hams do it! With Frequency

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #12 on 07.06.2014, Saturday, 21:02:47 »
Моме и неговите делта лупови во скратена верзија :D :D :D Со него и со Станимиров 1987 г во Куманово бевме тешки dx-ери.Најдобри за таа година во тогашните YU простори.Куманово се рангираше во светот.Со Моме за прв пат метеорски трагови работевме на 144 од 5FAL.Тој е дел  од македонската радиоаматерска историја.Поздрав,ако го видиш  и извинете за офф топиков.
Моме што има направено ние можеме само да мислиме дека ќе можеме да искречиме :)
Од кого да пренесам поздрав?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: QRP примо-предавател
« Reply #13 on 09.06.2014, Monday, 12:43:33 (Edited 09.06.2014, Monday, 14:20:42) »
Од кого? ;D ;D Знае Моме кој е кој во Велес 8) 8) Мене ментор ми беше Z31PK.Од него научив мнооогу,не само за телеграфијата,ами и за линеарци,антени,dx-ovi.предаватели, приемници,балуни,прилагодни кутии.Со чичко Петре многу години бевме * дебело*- радио аматери.После него во Велес е празно,нема со кого да работиш.Затоа не побарав ни лиценца по ново,иако имам право одамна.Од 1987 г. имам втора ( тогашна) класа .Се откажав одамна од овој спорт бидејќи кај мене  во Велес веќе нема прави радио-аматери.